Connect with us

Бизнис

Од денеска капење и перење по потреба – Стапува на сила кризната состојба со електрична енергија

Published

on

Одлуките на Владата за кризната состојба во снабдувањето со електрична енергија низ државата и топлинска енергија во Скопје денеска стапија на сила и ќе важат 30 дена.

Тие две одлуки владата на Димитар Ковачевски ги донесе на 25 август, како што беше објаснето, поради недостигот на струја и состојбата на пазарот на електрична енергија и немањето топлинска енергија, можноста за користење алтернативно гориво.

Тие се усвоени на предлог на Управниот комитет за координација во системот за управување со кризи на Македонија.

Претходно, во ноември минатата година, во земјава беше прогласена кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија, за да може државата да интервенира од буџетот за да се зголеми ликвидноста на енергетските компании за производство и пренос на електрична енергија, ЕМС и МЕПСО, како и за увоз на електрична енергија во случај на евентуални дефекти во електраните.

Тогаш, на 9 ноември 2021 година, владата на Зоран Заев прогласи криза во снабдувањето со електрична енергија за 30 дена, по што истата беше продолжена до 9 јуни 2022 година, поради „недостигот на струја и состојбата на пазарот на електрична енергија“.

Бизнис

Дневен извештај за тргувањето на Македонската берза – 5 февруари 2025 година

Published

on

На 5 февруари 2025 година, Македонската берза беше сведок на значајни флуктуации во цените на акциите, пад на индексот МБИ10, како и умерена трговска активност. Вкупниот промет на сите пазарни сегменти изнесува 54.017.904 денари, со доминација на банкарскиот и индустрискиот сектор.

Движење на индексот МБИ10 и трговскиот волумен

Индексот МБИ10, кој ги следи најликвидните компании на берзата, забележа пад од -2,73%, или 285,31 поени, што го одразува негативниот пазарен сентимент за денот.

Вкупниот волумен на тргување изнесува 10.162,34 акции, при што најголема активност е забележана кај:

  • Комерцијална банка Скопје – 727 акции, промет 20.377.660 денари.
  • НЛБ Банка АД Скопје – 18 акции, промет 993.920 денари.
  • Макстил Скопје – 1.770 акции, промет 252.340 денари.
  • Македонски Телеком Скопје – 115 акции, промет 47.250 денари.
  • ТТК Банка АД Скопје – 51 акција, промет 103.890 денари.

Компании со најголем пад на цените

Најголем пад во вредноста на акциите го забележаа следните компании:

  1. Комерцијална банка Скопје-5,04%, завршна цена 28.480 денари.
  2. НЛБ Банка АД Скопје-2,90%, завршна цена 55.200 денари.
  3. Македонски Телеком Скопје-2,40%, завршна цена 409 денари.
  4. Стопанска банка Скопје-2,45%, завршна цена 2.550 денари.
  5. Макпетрол Скопје-1,12%, завршна цена 99.000 денари.

Компании со најголем раст на цените

Од друга страна, неколку компании покажаа позитивен тренд:

  1. Елмар Штип+28,21%, завршна цена 50 денари.
  2. Македонијатурист Скопје+0,03%, завршна цена 10.603 денари.
  3. ВВ Тиквеш АД Кавадарци+0,02%, завршна цена 6.600 денари.
  4. Р. Македонија – денационализација+0,22%, завршна цена 90,20 денари.
  5. Реплек Скопје и Тетекс Тетово – без промена во цената.

Заклучок

Денот донесе значителен пад на МБИ10, предизвикан од намалувањето на цените на неколку водечки компании. И покрај ова, Елмар Штип забележа најголем раст, додека банкарските акции беа најтргувани. Инвеститорите остануваат претпазливи, а следните денови ќе бидат клучни за стабилизација на пазарот.

Следете ги нашите извештаи за подетални анализи и движења на Македонската берза!

Continue Reading

Бизнис

Велковски: Цените на становите не се реални

Published

on

Никола Велковски од здружението за градежништво при Стопанската комора на Македонија вечерва во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 истакна дека цените на становите за метар квадратен не е се реални.

„Се повисоки, доста повисоки. Вистина е дека комуналиите во меѓувреме отидоа, сега се комуналиите во оваа зона кај што е цената на становите од 2300 до 2500, е 170 евра и сега зголемен е реонот. Тој реон порано беше многу пократок, малиот и големиот ринг, сега реонот на овие комуналии е од мостот „Обединети нации“ до булеварот „Србија“. Ова е најголемиот опфат во град Скопје“, вели Велковски.

Како што додава, уште една причина за повисоки цени на становите се и зголемените услови на сопствениците на земјиштата на градежните парцели, кои виделе дека и градежниците ги зголемуваат цените.

„Ако порано беше 25, 26, 27% да се отстапи, ако не се купува во готово, да се плати локацијата и земјиштето за градба, сега отиде 30, 35, па некаде и 40% што исто така е нереално од нивна страна за барање на ваква отстапка за простор што го отстапуваш да се гради“, додава Велковски.

Според него, цените на најдобрите локации на градското подрачје треба да се движат до 2000 евра за метар квадратен, додека пак се нагоре што ќе оди е нереално.

Извор: ТВ21

Continue Reading

Бизнис

УЈП со информација до граѓаните: Ќе се исплаќаат средствата од “МојДДВ”

Published

on

Управата за јавни приходи информира дека согласно Законот, исплатата на средства за скенираните сметки во периодот октомври – декември 2024 година ќе се реализира во тек на месец февруари.

Од УЈП споделија и кои се најчести грешки кои го одложуваат процесот на исплата се:

– Погрешно внесена трансакциска сметка

– Внесена трансакциска сметка на друго лице

– Наместо трансакциска сметка внесен број на платежна картичка

– Внесена трансакциска сметка која не постои или е згасната

Доколку имате потреба од поддршка или информации, јавете се во Контакт центарот на УЈП на следните броеви, од фиксна линија: 0800 33 000 и од мобилен телефон: 02 3253 200, или преку меил-адреста info@ujp.gov.mk.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк