Connect with us

Македонија

Ковачевски по примерот на Груевски, облече ракавици и береше грозје

Published

on

Премиерот Димитар Ковачевски присуствуваше на традиционалниот гроздобер во винаријата „Тиквеш“ , придружувајќи им се на лозарите.Тој при тоа истакна дека треба да се стимулира производството на висококвалитетно грозје кое е неопходно за производство на врвни вина со премиум квалитет кои се бараат на домашниот и на странските пазари.
Го истакна огромното значење на малите и големите винарии, чии активности придонесуваат за унапредување на квалитетот на македонското вино и претставувањето на нашата земја како винска земја и рамноправен дел од винската карта, на регионот и пошироко.„Посакувам успешна и бериќетна лозарска година. Нека е со среќа гроздоберот годинава, нека се набере квалитетно грозје и да се произведе квалитетно вино!Лозарството и винарството имаат огромен потенцијал, Северна Македонија е на истата географска должина со најпознатите вински региони во светот и затоа ние како Влада континуирано работиме на подобрувањето на условите за производство на квалитетно грозје и вино“, рече Ковачевски.

Македонија

Повредениот од „Пулс“, Дарко Стојанов: Моите деца се уште имаат татко благодарение на докторите, гушнете ги најблиските и кажете им дека ги сакате

Published

on

Тој е првиот пациент кој беше на лекување во странство, а кој се врати дома. Стојанов се заблагодарува на целиот македонски народ, за како што вели, солидарноста, емпатијата и храброста која ја добива.

Дарко Стојанов кој беше повреден во пожарот во Кочани се огласи на социјалните мрежи откако вчера се врати во Македонија, по лекувањето во Клиничкиот центар во Белград, Србија.

Тој е првиот пациент кој беше на лекување во странство, а кој се врати дома. Стојанов се заблагодарува на целиот македонски народ, за како што вели, солидарноста, емпатијата и храброста која ја добива.

-Со оваа објава пред се сакам јавно да се заблагодарам за личната поддршка која ја добив од огромен дел од вас. Мојата здравствена состојба е добра и стабилна, а сега следува малку подолг процес на опоравување, додека да бидат санирани сите последици, но ќе бидам добро. Физичките рани и лузните на телото ќе останат, но веќе нема да крварат и нема да болат. Благодарение на Бога јас бев еден од посреќните кој што се спаси таа траорна ноќ. Но, огромен дел за жал ја немаа таа среќа. Болката да се изгуби некој во тој пекол ја почувствував и јас. Тоа е рана која никогаш нема да зарасне, Раната на душата кој ќе крвари во мене до крајот на мојот живот.
Благодарам на сите институции кои беа вклучени во организирањето и реализацијата за лечење во СРБИЈА и останатите земји. Доколку не се случеше тоа, не знам дали сега ќе го пишував ова. Благодарение на целиот медицински персонал во нашата држава, бидејќи тоа се вистинските херои. Се надевам дека што поскоро ќе го сфатиме тоа како држава и дека тие ќе бидат наградени соодветно за се што прават. Се надевам дека овие херои што побрзо ќе добијат се што заслужуваат. Дишам благодарение на брзата реакција на медицинскиот персонал во КАРИЛ.
Не постојат зборови со кои можам да се заблагодарам на целиот персонал од Клиничкиот центар Србија. Моите деца сеуште имаат татко благодарение на докторите, и НЕВЕРОЈАТНИТЕ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ И ТЕХНИЧАРИ од клиниката. Тоа беа моите ангели чувари. БЛАГОДАРАМ СРПСКИ НАРОДЕ!
Посакувам што побрзо закрепнување на сите кои се повредени и што побрзо да ги гушнат своите сакани. И се надевам дека оваа траорна трагедија ќе не обедини како народ и ќе ни ги отвори очите како луѓе.
ГУШНЕТЕ ГИ НАЈБЛИСКИТЕ, ФАМИЛИЈАТА, ПРИЈАТЕЛИТЕ. КАЖЕТЕ ИМ ДЕКА ГИ САКАТЕ. НИКОГАШ НЕ МОЖЕТЕ ДА ЗНАЕТЕ КОГА Е ТОА ЗА ПОСЛЕДЕН ПАТ, пишува Стојанов на Фејсбук.

Continue Reading

Македонија

“Летај, свири и дојди ни во сон” – Комеморација за трагично починатиот Филип Стевановски

Published

on

Музичарот Филип Стевановски од Куманово и член на бендот на „ДНК“, е за жал еден од загинатите во големата трагедија во Кочани, во пожарот во дискотеката Пулс каде бендот кобната ноќ имаше настап.

Стевановски беше продуцент, пијанист, тромбонист и композитор, магистар по џез науки, а вработен беше како професор во Државниот музички училишен центар (ДМУЦ) „Сергеј Михајлов“ – Штип.

Филип Стевановски беше неодамна назначен и за директор на Центарот за култура во Штип.

Во петок (28.03.2025 год) со почеток од 12:00 часот во Народен театар – Штип во заедничка организација на НУЦК “Ацо Шопов” Штип и ДМУЦ ,,Сергеј Михајлов” – Штип ќе се одржи комеморација во негова чест. 

– „Со длабока тага и неверување ја споделуваме веста дека нашиот раководител Филип Стевановски трагично го загуби животот во несреќниот настан во Кочани. Иако беше со нас неполни два месеци, неговата посветеност, професионалност и човечност оставија неизбришлива трага во нашиот тим. Изразуваме искрено сочувство до неговото семејство, пријателите и сите кои го познаваа. Нека почива во мир“, напишаа од Центарот за култура во Штип по неговата трагична смрт.

Ирена, сопругата на Филип Стевановски, кој беше член на ДНК и го загуби животот во несреќата во Кочани, со зборови кои кинат срце се прости од него по трагедијата.

-Среќо моја, Филип мој! Њоњче мое, ме остави со најголема празнина која не се опишува. Ми остави најголем спомен кој ќе го чувам и ќе се борам како најголема лавица. Знам дека ќе не’ чуваш и ќе ни дадеш сила да продолжиме по овој пат кој ќе биде претежок за нас. Твојата светлина беше преголема за овој тажен свет. Свети и сега како најсилна ѕвезда која ќе ја гледаме секогаш и ќе знаеме дека не’ чуваш од небото! Лора беше твоето се’ , музиката твојот живот, а јас твоето њоњче и ветерот во грб за да достигнеш се’ што имаше замислено. Последниот наш настап беше толку радосен и толку многу се смеевме, правеше се’ за да сите бидеме среќни и насмеани. Вечно ќе те паметиме по твојата голема душа, твојата насмевка што Лоричка ја носи, а јас во таа насмевка ќе те гледам тебе, мил мој. Мојот живот без тебе веќе е тажен, претажен, но се’ што сме сакале Лора да успее ветувам дека ќе го направам, а знам дека ти ќе ми помогнеш од зад облаците! Летај, свири и дојди ни понекогаш во сон да се прегрнеме најсилно како што ти знаеше да прегрнеш, напиша неговата сопруга Ирена.

Денеска пак, со почеток во 13 часот, ќе биде одржана комеморација за Сара Пројковска-Николовска, во концертната сала на Факултетот за музичка уметност – Скопје, каде Сара беше професорка по пијано. Придружниот вокал на ДНК исто така загина кобната вечер заедно со уште 58 лица.

Околу 200 лица се повредени и се на лекување во земјава, регионот и странство.

Continue Reading

Македонија

Павел четири пати се вратил да спасува другари во „Пулс“, не успеал да се спаси самиот себе

Published

on

Павел Христов, роден 2004 година, е уште еден тивок херој од трагедијата во Кочани за кој јавноста треба многу погласно да зборува.

Ова момче четирипати влегувалo во опожарената дискотека за да помогне и да спаси свои врсници.

Во целиот хаос не се заштитил сам, преовладувала неговата хуманост, не штедејќи се себеси, и сѐ што може да се случи, раскажуваат неговите другари, вели мајката на настраданиот Павел за „Нетпрес“.

Тој во четвртото влегување веќе почнал да ги чувствува последиците на чадот и да се гуши.

-Болката што ја чувствувам како родител е голема, како и кај сите други родители, бидејќи тие деца си имаа избрано пат. Некои се имаа определно да учат за доктори, други за инженери, трети да се посветат на занает, и сите си ја сакаа Македонија. Поради нечии пропусти останавме без децата, без нашите ангели. Тие ни беа светлост и надеж. Се прашувам Гоподи, зошто ги земаш добрите?, вели Валентина Христова.

Нејзината болка е уште поголема, бидејќи и ќерката Марија била исто така во дискотеката. Таа е повредена и е на лекување во Шпанија, а семејството со нетрпение го чека нејзиното враќање.

Ден по кобната ноќ ова семејство требало да замине за Скопје за да купат венчален фустан за ќерката.

После сѐ што се случи, после трагичната загуба на татко му, на само 17 години Павел застанува како столб во фамилијата. Остана разумен, одговорен и хуман кон општеството, ја ширеше својата ведрина кон своите најблиски и спрема секого, со убав збор и добри дела со намера оваа година да се запише на факултет и да си го работи занаетот како бербер, пишува во емотивната објава на истиот портал.

„Секогаш ми велеше, мајко се ќе биде во ред, јас сум тука за сѐ што треба. Се одлучува за берберскиот занает каде што е и омилена личност“.

Хуманите и храбрите луѓе судбината ги поврзува. Така е со Павел и Јован Костадинов од Виница кој спаси над 20 деца и е вистински херој, но тој знаел да се заштити – ставил мокра ткаенина на дишните органи.

Павел и Јован имале страст да возат мотори по нашите убави планини. Чистите души ја сакаат чистата природа, а и таа ги сака нив. И Јован, како и Павел, пред две години изгуби родител, така и тој цврсто се соочил со животните предизвици, а својата големина на непоколеблива храброст и хуманост ја покажува на дело, не жалејќи го својот живот повеќе пати влегува во опожарената дискотека.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк