Connect with us

Балкан

Се појави досега невидена фотографија од апсењето на Вукотиќ со македонски пасош

Се појави досега невидена фотографија од апсењето на сега убиениот водач на Шкаљарскиот клан Јовица Вукотиќ. Настаната е во летото а во 2018 година по неговото апсење во Турција и е поврзана со Македонија.

На оваа фотографија е Вукотиќ ведаш по апсењето со македонски пасош, пишува „Курир.рс“.

На фотографија се гледа Јован Вукотиќ како ги држи рацете зад грб, каде најверојатно е врзан со лисици. Седи на стол во опуштена комбинација на облека – шорцеви, маица со кратки ракави и папучи.

Оваа фотографија била направена од турската полициј кога Вукотиќ е уапсен во таа земја поради фалсификување документи.

-Таа година Вукотиќ нашол „прибежиште и безбедно засолниште“ во Анталија, каде во моментот на апсењето бил во друштво на манекенката Дејана Живковиќ, со која тогаш бил во емотивна врска – дознава „Курир.рс и додава дека Вукотиќ имал со себе лажни документи во моментот на апсењето, т.е. македонски пасош со име Георги Андонов.

– Јован бил уапсен кога со Дејана отишле во продавница. Веднаш штом излегле од скапиот автомобил, им пришле турски полицајци и го уапсиле водачот по потерница од Грција која распишала потерница од Интерпол поради сомнение дека го организирал шверцот на 135 килограми кокаин. Кај него е пронајден и фалсификуван македонски пасош-дознава „Курир.рс“

Вукотиќ потоа беше депортиран од Турција во Србија, а во Вториот основен суд во Белград се бранеше дека не е шеф на ниту еден клан но беше осуден од Вишиот суд во Белград на 15 месеци затвор за користење фалсификуван македонски пасош со негова слика

Балкан

Илјадници граѓани на протест во Софија – Дали ќе падне владата?

Софија, 10 декември 2025 – Илјадници граѓани денеска се собраа во триаголникот на власта во Софија на протест под мотото „Пеевски и Борисов надвор од власта“. Демонстрантите ја искажаа својата незадоволство со скандирање „Оставка“.

Денот започна со долга парламентарна дебата, која траеше повеќе од четири часа, за гласањето за недоверба на владата поднесено од „Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија“. Од дискусиите стана јасно дека четирите партии кои ја поддржуваат владата ќе гласаат против нејзиното соборување.

Протестите се очекува да се прошрат во најмалку 35 градови во Бугарија и во странство. Студентите од Националната академија за театар и филмска уметност (НАТФА) и од Софискиот универзитет блокираа дел од улицата Раковски, додека студентите од Правниот факултет се собраа пред главниот кампус на Универзитетот.

Во главниот град, околу 150 редари во рефлектирачки елеци го следат текот на демонстрациите на повеќе од 40 локации во радиус од 500 метри.

На сцената на протестот, водителот со иронија се обрати до Делјан Пеевски, кој е санкциониран за корупција, посочувајќи на контрадемонстрациите на „ДПС-Нов почеток“ под слоганот „Не на омразата“.

„Сорос нè прати мене и тебе да ги лажеме сите за тоа колку е лошо тоа што го гледаме секоја вечер… Дали знаеме што правиме тука? Вчера видовме луѓе на други протести кои веројатно не беа многу сигурни што прават таму“, рече тој пред присутните.

Continue Reading

Балкан

Уапсен осомничениот за двојното убиство во Никшиќ

Полициски службеници од Регионалниот безбедносен центар „Југ“ и Одделот за безбедност Бар, во соработка со Секторот за гранична полиција, ја лоцираа и уапсија лицето осомничено за двојното убиство во Никшиќ, соопшти полицијата.

Осомничениот, Лазар Вулевиќ, беше пронајден во изолиран објект во Бар со помош на полициско куче и приведен во краток рок. Тој ќе биде предаден на Вишото државно обвинителство во Подгорица за понатамошна постапка со кривична пријава во законскиот рок.

Continue Reading

Балкан

Србија на тест: Дали реформите ќе ја отворат вратата кон ЕУ?

Преговорите за пристапување на Србија кон Европската Унија, започнати во 2014 година, се многу бавни. Годините минуваат, ветувањата остануваат неисполнети, а виталните реформи се. На Европската Унија ѝ е преку глава, па сега со зголемен притисок бара од Белград конечно да докаже вистинска посветеност.

Пораката беше јасна како ден: „Очекуваме Србија да покаже посветеност, со дела како и со зборови“, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за време на нејзината посета на Белград на 15 октомври.

Овој остар тон беше дел од нејзината турнеја низ Западен Балкан, наменета за инспекција на напредокот на земјите кандидати. Истиот ден, Фон дер Лајен му испрати отворена покана на српскиот претседател, Александар Вучиќ, да допатува во Брисел еден месец подоцна, за заедно да направат „биланс“.

Долгоочекуваната средба била дискретно одложена. Причината била наводно дека Србија немала значаен напредок што би го претставила пред европските лидери.

Сепак, конечно има термин: во вторникот (9.12) беше потврдено дека претседателот Вучиќ денес патува за Брисел на средба со врвот на ЕУ – Урсула фон дер Лајен од Европската комисија и Антонио Кошта од Европскиот совет.

ЕУ не само што е уморна од чекање, туку има и јасно дефинирани барања.

Немања Тодоровиќ Стиплија, главен уредник на порталот European Western Balkans, истакнува дека Европската комисија и Европскиот совет го сведоа напредокот на Србија на три клучни теста: подобрување на медиумската слобода, обезбедување слободни и фер избори и целосно усогласување на надворешната политика на Србија со онаа на ЕУ.

Дополнително, портпарол на Европската Комисијата потврди дека ова не е сѐ. Од Србија се бара да вложи повеќе напор и да направи компромиси за да го унапреди нормализирањето на односите со Косово и да се справи со дезинформации и странска манипулација со информации.

На крај, Брисел јасно бара стратешка гаранција од Белград:

„Србија треба да ги засили своите напори кон постабилно и повисоко усогласување и да нè увери во нејзината стратешка насока, вклучително и преку усогласување со рестриктивните мерки на ЕУ донесени поради агресивната војна на Русија против Украина.“

Вучиќ во Брисел нема да има лесна средба. Времето за зборови е завршено – сега на маса се бараат дела.

Остатокот од веста може да го прочитате на: Може ли Србија да покаже на ЕУ дека е сериозна за реформите? – DW – 10.12.2025

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг