Connect with us

Скопје

Синдикатот ќе ја блокира Арсовска ако отпушти работници од Водовод – работникот не смее да биде жртва

Published

on

Блокада на градското собрание и булеварот Илинден, како и преземање на други радикални чекори доколку градоначалничката Арсовска ги оствари најавите за бркање од работа на стотина вработени од Водовод, предупредува претседателот на конфедерацијата на слободни синдикати, Маријан Ристески, кој додава дека, работникот не смее да страда, поради какви било турбулeнции.

„Овде има луѓе кои што работат со фекалии, со канализација, освен клешти и лопата не фатиле ништо за овие 6 месеци што работат. И сега некој ако е нервозен, ќе го истури гневот врз работниците. Нема тоа да го дозволиме. Јавно порачувам, ако некој сака да ја види силата и гневот на работникот. Еве го! Водовод веќе ја прели чашата.“ – Изјави Маријан Ристески, претседател на Конфедерација на слободни синдикати.

Ристески вели дека при отпуштања не се спроведува законот. Смета дека кога се отпуштаат вработените, законските процедурите воопшто не се почитуваат.

„Ако не оди некој на работа, постои закон во државата. Секое претпријатие има дисциплински комисии. Има закон за работни односи. Ја не видов дека некој претходно покренал постапка ако Маријан или Петко не оди на работа… Се знае која е постапката. Работникот воопшто не е виновен. Над работникот има шефови. Над шефови… И тие се виновни ако некој не оди на работа“ – Истакна Ристески.

Тој тврди дека од градоначалничката побарале средба на неколку наврати, но, безуспешно. Побара секој да си ја сноси одговорноста за функцијата за која е назначен.

„Кај госпоѓата Данела, ние како синдикат имаме уште ланска година барање за средба. Оваа година уште две три писма. Не се само за Водовод. Има незадоволство и во други јавни претпријатија. Се надевам ќе оствариме средба. Знаете кој ми се јави кога баравме средба? Некој преставник на синдикат, нејзин веројатно. Госпоѓа Арсовска, јас како синдикат, толку години се занимавам, не сум доживеал до сега некое претпоставено лице дали министер, дали директор, дали градоначалник, да ми даде синдикат да го решава проблемот. Нема шаанса тоа веќе така да функционира. Секој ќе има одговорност за функцијата што е назнаечен.“ – Додава тој.

Ристески вели и дека работниците не се виновни и не смее да бидат жртви на каков било реваншизам.

Скопје

Ѓорѓиевски: Кога е најтешко, не се криеш – си на терен со граѓаните!

Published

on

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, заедно со своите колеги, градоначалниците на Студеничани и Аеродром, остана на терен до раните утрински часови за да помогне на граѓаните погодени од надојдените води на Маркова Река.

Иако санацијата на коритото на реката е надлежност на Град Скопје, Ѓорѓиевски истакна дека во моменти на несреќа не смее да има бирократски препреки, туку единствен приоритет треба да биде заштитата на човечките животи.

„Не чекавме уште една трагедија, туку веднаш презедовме активности. Лично учествувавме во евакуацијата на загрозените граѓани, кои сега се безбедни и со своите семејства“, истакна градоначалникот.

Тој упати благодарност до премиерот Христијан Мицкоски за поддршката, како и до сите граѓани, волонтери и институции кои се вклучија во спасувањето.

„Политичар се покажува кога е најтешко – кога не се штедиш, кога не глумиш статуси, туку си таму, со луѓето, во првите редови“, порача Ѓорѓиевски, додавајќи дека времето ќе покаже кој навистина работи за граѓаните, а кој само критикува од далечина.

ВИДЕО

Continue Reading

Скопје

Од град Скопје имаме побарано да се среди речното корито, но градоначалничката рече дека немаат предвидено средства: Ѓорѓиевски за поплавата во Батинци

Published

on

По добивањето на информацијата за излевањето на Маркова Река во соседната општина Студеничани, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, веднаш се упати кон најпогодените подрачја со цел да им се помогне на жителите од поплавените области. Mу се приклучи на градоначалникот на општина Студеничани, Азем Садику, за ситуацијата што побрзо да се стави под контрола и нагласи дека Општина Кисела Вода останува подготвена да мобилизира сите свои ресурси за помош при ублажување на штетите, како и тоа дека постојано се координира со институциите на централно и локално ниво.

„Веднаш по добиената информација за излевање на Маркова Река поради обилните врнежи во општина Студеничани, од гостување на телевизија се упатив на најкритичните места да помогнеме на нашите соседи.

Сакам да нагласам дека во постојана комуникација сме со Премиерот Христијан Мицкоски кој веднаш се понуди доколку е потребно да ги мобилизира сите расположливи ресурси за што јас, а и сите жители на Студеничани му се заблагодаруваме.

Механизацијата е на терен и нема опасност по населението, силно се работи на враќање на реката во своето корито. Со колегата градоначалник на Студеничани Азем Садику сме на тука и будно ќе ја следиме ситуацијата да биде под контрола, во текот на целата ноќ.

Спремни сме со сите расположливи сили да помогнеме. Во постојана комуникација сме и со колегата Дејан Митески од Аеродром, така што и тој е подготвен да помогне во случај да тоа е потребно.

Она што вистински загрижува е што сите институции не си ја вршат својата работа – со акцент на градот Скопје од кој лично имаме побарано во неколку наврати да се среди речното корито но, од страна на градоначалничката во заминување ни беше одговорено дека немаат предвидено средства за тоа. Замислете…

Временските непогоди не можеме да ги спречиме, но можеме да делуваме да нема големи последици.
Материјалното ќе го поправиме заеднички – Бог нека нѐ чува сите, тоа е најважно“, напиша Ѓорѓиевски на социјалните мрежи.

Continue Reading

Скопје

ВИДЕО: Ѓорѓиевски цела ноќ на терен – помага на граѓаните во справување со невремето

Published

on

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, заедно со својот тим, остана на терен цела вечер за да помогне на жителите во справувањето со последиците од обилните врнежи.

„Ситуацијата наложува помалку демагогија, а повеќе грижа за нашите сограѓани, нашите соседи. Остануваме на терен и мобилизираме сè што е потребно за да ги минимизираме последиците“, порача Ѓорѓиевски.

Екипите активно работат на одзатнување на шахтите и ангажирање на дополнителни ресурси за да се спречат поголеми штети во населбите погодени од невремето. Градоначалникот истакна дека приоритет е безбедноста и благосостојбата на жителите и дека локалната самоуправа ќе остане максимално ангажирана додека не се стабилизира ситуацијата.

Видеото може да го погледнете тука

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк