Connect with us

Скопје

Жена сакала да се самозапали на кејот на Вардар, ја спасил млад скопјанец-минувач

Published

on

Велосипедист кој возел на кејот на Вардар во Скопје денеска во вистинска драма успеал да спречи 65-годишна жена да се самозапали, објави МКД.мк. 26-годишниот скопјанец со херојско име и презиме – Христијан Тодоровски, минувал под мостот кај МАНУ и без никакво размислување се фрлил по жената која во едната рака имала шише со бензин, а во другата запалка.

Жената давала отпор, а и двајцата завршиле во реката.

Христијан во изјавата за МКД.мк вели дека инцидентот се случил околу 13:30 часот, кога возејќи со велосипедот, забележал педесетина полицајци распоредени на погорното ниво од кејот. Веднаш потоа, ја видел повозрасната жена, која држела шише во рацете. Еден од полицајците му викнал да побрза и да се обиде да ја спречи жената, раскажува тој.

„Го фрлив точакот и се стрчав кон неа. Таа даваше отпор, се обидуваше да го отвори шишето со бензин и да ја употреби запалката. Некако успеав да ѝ го земам шишето кое веднаш го фрлив во реката, но заедно завршивме во Вардар. Ја задржав до мене, а потоа дојде еден полицаец и неколкумина цивили кои ни помогнаа да излеземе од реката. Таа цело време викаше да ја пуштам, да ја оставам, беше многу вознемирена, плачеше… Потоа заминав“, ни изјави Тодоровски.

„Браво! Секоја ти чест дечко“, ми рече еден полицаец, вели момчето.

Со возило на Брза помош, жената веднаш била пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Скопје

Каков народ, таква елка на плоштад… (Фото)

Published

on

Елката во Скопје иако крива, но и недокитена – стана популарната во Македонија. Ги засени сите декорации направени во другите делови од Македонија, но и другите општини во Скопје. Никој не знае зошто не е целосно украсена, а ниту која е фирмата која ја поставува за што ќе треба да платат скопјани. За нејзината популарност зборуваат бројните коментари и фотографии со неа.

„Каков народ, таква елка на плоштад: сиромашен, ужасен, грд за гледање“, стои во коментар на „Х“.

Да видиме што велат граѓаните:

Continue Reading

Скопје

О.У. Песталоци во тишина: Прости ни Вања, не знаеме како да се поздравиме…

Published

on

Тага и молк во основното училиште на убиената Вања Ѓорчевска. Во Ј.Х.Песталоци отворена книга на жалост. Се потпишуваат родители, познаници, но и соученици.Наместо детски џагор, тишина низ школскиот двор.

-Наставниците не умеат да ја решат оваа задача, Вања.
Прости ни, не можеме, не знаеме како да се поздравиме…
Нека ти биде светол патот кон вечноста! Твојата насмевка и искрена душа засекогаш ќе останат во нашите срца.
Со неизмерна болка и љубов, твоите наставници и соученици, најмила Вања!- стои во објавата.

Continue Reading

Македонија

Умре и Флопи – Зоолошка Скопје остана без жирафи

Published

on

Умре и третата жирафа во скопската Зоолошка градина Флопи. Како што дозна САКАМДАКАЖАМ.МК од  вработени во градината, единствената жирафа која остана во градината починала вчера попладне.

Сега во градината нема ниту една жирафа. Во мај годинава умре Каспер, а во јануари 2021 година Тобого.

Жирафите Тобого, Каспер и Флопи беа омилените жители на посетителите во скопската зоолошка градина.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк