(Фото) Се ожени Павле Богоевски, романтична свадба на Водно

Поранешниот пратеник Павле Богоевски се ожени со свршеницата Александра. Свадбата ја направија на отворено во Вила Ина на Водно.

Павле, кој беше дел од Шарената револуција подолго време е во љубов со Александра Михаилова која е од Штип. Таа веќе три години работи на Kлиникaтa за Гинeкoлогиja, а предходно дипломирала на Медицинскиот факултет како општ лекар.