Голем водач и законодавец на народот Израилски. Роден е во Египет, околу 1550 година пред Христа. Четириесет години живееше во Египет на дворецот на Фараонот, четириесет години живееше како пастир во созерцание на Бога и на светот, а последните четириесет години го водеше народот низ пустината во Ветената Земја, којашто ја виде, но не влезе во неа, бидејќи во едно Му згреши на Бога (4Мој. 20,12).
Се упокои во сто и дваесеттата година од својот живот. Како чудотворец, според зборовите на свети Василиј Велики, Мојсеј беше предобраз на Христа. Се јави на гората Тавор при Преображението на Господ. А според сведоштвото на Свети Јован Лествичник, им се јавувал на монасите во Синајскиот манастир.
“Не се појави веке пророк во Израел еднаков на Мојсеј.”
Бил дете на робови и син на кралица.
Роден во колиба, а живеел во палата.
Роден е во сиромаштво, а растел во големо богатство.
Бил водач на народ, а пастир на овци.
Бил најголем воин, а најкроток човек.
Се школувал на дворот на фараонот, а живеел во пустина.
Имал египетска мудрост, а вера на дете.
Воспитуван за живот во град, а скитал низ пустина.
Искушуван да стори грев, а останал чесен.
Не бил красноречив, но зборувал со Бога.
Имал пастирски стап, но сила на Семожниот.
Бил бегалец од фараон, но и амбасадор на небото.
Умрел сам во планина, а се појавил со Исус на Гората на преобразувањето.
Никој од луѓето не присуствувал на неговиот погреб, но Бог го погребал.
Не влегол во Ханаанската земја, но го наследил небото!
Бог ги ослободува Израелците од ропство
Јехова му нанесува неволји на Египет, и Мојсеј ги изведува Израелците од таа земја. Бог им го дава Законот преку Мојсеј
ИЗРАЕЛЦИТЕ останале во Египет со децении. Живееле во благосостојба и станувале сѐ побројни. Но, на власт дошол нов фараон, кој не го познавал Јосиф. Овој немилосрден тиранин се плашел од Израелците затоа што станале многубројни, па од нив направил робови и заповедал сите нивни машки новороденчиња да бидат фрлени во реката Нил. Но, една храбра мајка го заштитила своето доенче ставајќи го во кошница која ја скрила во трските. Ќерката на фараонот го нашла бебето, му го дала името Мојсеј и го одгледала на египетскиот двор.
Кога имал 40 години, Мојсеј се нашол во неволја. Сакајќи да одбрани еден израелски роб, го убил неговиот надзорник, кој бил Египќанец. Поради тоа морал да избега во далечна земја, каде што останал да живее. Кога наполнил 80 години, Јехова му заповедал да се врати во Египет и да побара од фараонот да го ослободи Божјиот народ.
Фараонот не сакал да чуе за такво нешто. Затоа Бог му нанел десет неволји на Египет. Секојпат кога Мојсеј доаѓал пред фараонот и му давал можност да ја избегне следната неволја, фараонот бил дрзок и одбивал да ги исполни барањата на Мојсеј и на неговиот Бог, Јехова. На крајот, во последната, десетта неволја, загинале сите првородени во земјата. Биле поштедени само семејствата што го послушале Јехова и ги обележале довратниците на своите куќи со крвта на јагнето кое морале да го принесат за жртва. Божјиот ангел, кој поминал за да ги убие сите првородени, ги прескокнал тие куќи. По тој настан, Израелците почнале секоја година да го одбележуваат тоа величествено избавување славејќи го празникот Пасха.
Бидејќи и самиот го изгубил својот првороден син, фараонот им наредил на Мојсеј и на сите Израелци да излезат од Египет. Народот веднаш се подготвил и заминал. Но, фараонот се премислил и тргнал во потера по нив со голема војска и со многубројни бојни коли. Изгледало како Израелците да се фатени во стапица на брегот на Црвеното Море. Но, Јехова го раздвоил морето, и Израелците поминале по сувото морско дно, додека водата стоела како ѕид одлево и оддесно. Кога Египќаните јурнале по нив, Бог заповедал водите да се вратат, и така фараонот и неговата војска се удавиле.
Подоцна, кога Израелците се улогориле во подножјето на планината Синај, Јехова склучил сојуз со нив. Посредник на тој сојуз бил Мојсеј. Бог им дал закони за да ги водат и да ги штитат на речиси секое поле од животот. Освен тоа, им ветил дека ќе биде со нив сѐ додека верно му служат и го прифаќаат како свој Владетел, и дека преку нив ќе ги благословува и другите народи.
За жал, повеќето Израелци не покажале вера во Бог. Затоа Јехова дозволил тоа поколение да талка 40 години низ пустината. Пред да умре, Мојсеј го поставил за свој наследник Исус Навин, кој бил праведен човек. На крајот, Израелците биле подготвени да влезат во земјата што Бог му ја ветил на Авраам.
Десетте заповеди, кои се запишани во 2. Мојсеева 20:1-17, веројатно се најпознати од целиот Мојсеев закон, кој се состоел од околу 600 одредби. Меѓутоа, кога го прашале Исус која е најголемата од сите заповеди, тој ја издвоил следнава: „Сакај го Јехова, својот Бог, со сето свое срце, и со сета своја душа, и со сиот свој ум, и со сета своја сила“ (Марко 12:28-30; 5. Мојсеева 6:5).
Чарлс откри каква е улогата на Британија ако Русија ја нападне Европа
Британскиот крал Чарлс истакна дека Велика Британија и Германија се подготвени да ја поддржат Европа во услови на закана од понатамошна руска агресија. Тој го пофали заедничкиот одбранбен договор со Германија, нарекувајќи го „уникатно партнерство во срцето на НАТО“, јави Скај њуз.
Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој е во тридневна државна посета на Обединетото Кралство, изјави дека двете земји работат рамо до рамо за да ја промовираат безбедноста и стабилноста на Европа, со посебна поддршка за Украина. Ова е прва официјална посета на германски лидер на Велика Британија по 27 години.
За време на престојот, Штајнмаер се сретна со британскиот премиер Кир Стармер на тркалезна маса со бизнис лидери, како дел од проект за електрични возила вреден 20 милиони евра, кој ќе отвори 150 работни места во Нортхемптоншир и Оксфордшир. Во јули, двете земји го потпишаа Договорот од Кенсингтон, со кој се зацврстува соработката во прашања како Украина, миграција, економски раст и трговија.
Посетата вклучи церемонијален воен пречек, возење со кралска кочија и положување цвеќе на гробот на кралицата Елизабета Втора во капелата „Свети Ѓорѓи“, а на банкетот во Виндзор кралот Чарлс се пошегува за нивната заедничка љубов кон фудбалот, додавајќи дека „на крајот, Германците победуваат“.
Сите камери за брзина веќе се мапирани од оваа апликација
Додека проектот „Безбеден град“ е во тест-фаза, возачите ширум земјата веќе ја користат апликацијата Waze за да се прилагодат на новите правила и масовното мерење на брзината. Корисниците го прават ова преку дигитално мапирање на речиси сите камери што мерат брзина.
„Waze“ е навигациска апликација која во реално време прикажува сите релевантни информации за патот. Од вчера, речиси целосната мрежа на камери на „Безбеден град“ е веќе внесена од страна на самите корисници.
Апликацијата нуди:
Прецизна мапа на камери за брзина – фиксни, мобилни и новопоставени. Гласовно предупредување при приближување кон камера. Информации за полиција, радари, работи на пат и метеж, внесени од самите возачи. Автоматско пресметување на најбезбедна рута со прикажување на сите критични точки. Можност за пријавување на нови камери од страна на корисниците, со што мрежата постојано се ажурира.
Возачите ја користат апликацијата за да го следат ограничувањето на брзината, да избегнат ненамерни прекршоци и да добијат предупредување неколку стотини метри пред камера. За многумина, Waze стана единствена гаранција дека нема да бидат „изненадени“ од камерите на „Безбеден град“.
Во првите 48 часа од стартот на тест-фазата, бројот на извештаи за камери на Waze драстично порасна, што покажува дека апликацијата е ефикасно решение за безбедно возење.
ВЛЕН: Анкетната комисија мора да ја открие вистината за сите трагични случаи
Коалицијата ВЛЕН целосно го поддржува формирањето на анкетната комисија, нагласувајќи дека со години граѓаните останале без одговори и често биле манипулирани. Според коалицијата, време е оваа пракса конечно да заврши.
Од ВЛЕН посочуваат дека нивниот став отсекогаш бил јасен – потребна е сеопфатна комисија, без селективен пристап и без политички мотиви. Ваква инклузивна комисија, велат од коалицијата, конечно се формира.
Новоформираната комисија ќе ги разгледа сите тешки и чувствителни случаи што со години ја потресуваа државата: трагедиите со „Дурмо Турс“ и „Беса Транс“, пожарот во модуларната болница во Тетово, како и несреќата во Кочани. Само целосен пристап, оценуваат од ВЛЕН, може да ги открие институционалните пропусти што чинеле човечки животи.
Коалицијата очекува комисијата да укаже не само на индивидуалните грешки, туку и на длабоко вкоренетите модели на лошо управување кои овозможиле низа трагедии низ годините. Според ВЛЕН, откривањето на вистината е првиот чекор кон справување со системските слабости и враќање на довербата на граѓаните.