Антониа Гиговска „се бореше“ да ги „смири градите”(Видео)

Антониа Гиговска со сигурност прерасна во една од најдобрите  македонски пејачки која полека почнува да го освојува целiot регион. Русокосата убавица постојано  воодушевува со секоја нова изведба, но и не престанува да изненадува со својот имиџ и изглед, кој станува се’ попровокативен.

Слаткото мало девојченце од „Пинковите ѕвездички“ прерасна во згодна и атрактивна девојка, која се повеќе привлекува внимание со својот  секси изглед, иако понекогаш знае да биде  и мета на критики поради изборот на облеката, којa во последно време повеќе открива, отколку што покрива.

Така, речиси секоја нејзина нова објава на Инстаграм е тема  на полемика, зашто Антониа неретко знае да покаже „гола кожа“ повеќе од што треба? Или сепак, можеби така треба, зашто шоубизнисот не е само пеење,  туку музиката покрај со уши, се’ повеќе се восприема со очи. Дури и повеќе од што треба, па така поважно стана да има што да се се види, отколку да се слушне… Но, тоа се новите времиња, а во нив и новите естрадни девојчиња, меѓу кои во Македонија сигурно предничи Антониа!

Така беше и неодамна, кога русокосата убавица го имаше својот настап пред скопската публика, „на свое буниште“, каде е најтешко да царуваш. Затоа Антониа морала и вокално и визуелно добро да се подготви, за да се претстави во најдобро светло, односно најсветло издание. Па, за да го привлече на себе сето внимание, покрај гласовните можности, имиџот што го одбрала за таа вечер морал да биде „за плакнење очи“, особено на мажите, кои нема да ги одвојат од неа „влажните погледи“ додека сго следат нејзиниот настап.

Vistina.mk