10 години затвор за Русите што ќе одбијат да одат на фронтот! Какви законски измени одобри Путин

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска го потпиша новиот Закон, кој предвидува затрворска казна до 10 години затвор за тие што ќе одбијат да се борат, дезертираат, не почитуваат наредби или се предадат на украинските сили.

Законот претходно беше одобрен од руските Домови на Парламентот. Според стариот закон, војниците дезертери се соочуваа со петгодишна казна затвор.

Уште еден нов член е „Доброволно предавање“ – за ова се закануваат од три до десет години. Но, доколку војникот, кој првпат извршил вакво кривично дело, презел мерки за негово ослободување, се вратил на должноста и не извршил други кривични дела додека бил во заробеништво, тогаш може да биде ослободен од одговорност.

Дезертерство или непојавување на воен рок ќе се казни со затвор од пет до десет години. Покрај тоа, воениот персонал кој е во резерва и е повикан на воена обука ќе ја има истата одговорност како и војниците со договор.

Претходно Путин потпиша Закон за делумна мобилизација на населението со која треба да се мобилизираат 300.000 војници за фронтот во Украина.

Во медиумите се појавија голем број снимки од протести во Русија против мобилизацијата и од Руси кои ја напуштаат државата со цел да избегнат одење на фронтот.