На Џамбазов му пристигнаа резултатите – боледува од Илинопатија

Маестро Игор Џамбазов, на социјалните мрежи си ја отвори душата и ја призна болката. Пристигнаа резултатите, вели Џампазов, боледувам од Илинопатија.

„Ги известувам сите пријатели и следбеници дека конечно ги добив резултатите од лабораториските испитувања. Веќе два месеца боледувам од Илинопатија, во превод: Патење по Илина. Лекот за оваа болест се уште не е измислен. Чаре?“, пишува Џамбазов на социјалните мрежи.

Веќе два месеци ја нема видено својата љубена Илина, па јавно кажа колку му недостасува. 

Груевски повторно се јави: Не може Македонците да се виновни што не се чувствуваат како Бугари

Поранешиот премиер Никола Груевски, на Фејсбук сподели објава на македонското здружение во Бугарија “ОМО Илинден-Пирин”, коментирајќи дека секој паметен (бугарски) политичар после четири национални катастрофи ќе се запраша дали имаат погрешен однос кон македонското прашање.

– Секој паметен политичар во Бугарија после четири национални катастрофи, како што нивните историчари ги нарекуваат двете балкански и двете светски војни за Бугарија во кои во сите тие Бугарија влезе заради Македонија, би се запрашале дали нешто е погрешно кај нив можеби по однос на македонското прашање и политиките на Бугарија кон Македонија. И дали истата политика кон Македонија ги носи и кон петта национална катастрофа по која трајно или на многу долг рок ќе ги загубат Македонците како близок и пријателски народ и сосед, колку и ова малтретирање да трае долго до влезот на Македонија во ЕУ?

(Видео) Левица ја поднесе референдумската иницијатива до ДИК

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев денеска на прес-конференција пред Државната изборна комисија соопшти дека е поднесена рефернедумската иницијатива на Левица до ДИК.

– Очекуваме да немаме проблеми како со претходната иницијатива на ДПМНЕ, бидејќи иницијативата е правко коректно напишана согласно чл. 24 од Законот за референдум и други облици на непосредно изјанување на граѓаните.

Очекуваме до крајот на неделата да бидат собрани оние законски минимум општини, ги повикуваме граѓаните, во 30 општини ќе се собираат потписи.

Бидејќи Законот не дозволува правно лице да ја поднесе иницијативата, јас како физичко лице првопотпишан сум официјален предлагач на иницијативата.

Очекуваме следната недела да ја почнеме собраниската процедура без Џафери да изигрува уставен судија, 150.000 потписи очекуваме да се соберат до крајот на оваа календарска година.

Апасиев во одговор на новинарско прашање истакна дека не очекува Џафери да ја одбие иницијативата бидејќи доколку се случи тоа ќе следува целосна блокада на Собранието.

  • Тој не е надлежен да се впушта во толкување на референдумското прашање но и доколку се случи тоа прашањето е интелигентно срочено по примерот на референдумот за Преспанскиот договор, вели Апасиев.

Тој додаде дека досега нема разговарано за поддршка од останатите политички партии но доколку има потреба ќе се разговара со сите, а бојкотот на референдумот ќе биде анти ЕУ бидејќи непосредното изјаснување на граѓаните не може да биде анти ЕУ.

ЛИНК од видеото/

Јакимовски: Народот постапува според емоции, не е виновен, виновни се тие што го водат

Народот секогаш е во право! – напиша синоќа на својата Фејсбук страница, градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски. 

И тој реагираше на атмосферата која се одиваше на фудбалскиот натпревар помеѓу Македонија и Бугарија, откако имаше забелешки и осуда од бугарската страна за ширење говор на омраза на трибините. И македонското Министерството за надворешни работи се приклучи кон осудување на скандирањата и навивањето во арената „Тодор Проески“ во Скопје. Јакимовски со поинакви гледишта за темата:

-За разлика од многу мои колеги јас НЕ ги осудувам вчерашните скандирања на фудбалскиот натпревар помеѓу Македонија и Бугарија, напротив тоа е реалната слика. Народот реагира затоа што изминатиот период е манипулиран и потценуван од страна на нашите политичари од актуелната власт и од опозицијата. Не, колеги политичари, не е народот грешка, народот постапува според своите емоции и чувства и не е тој виновен туку може да се виновни само оние кои го водат. Затоа јас ги поддржувам граѓаните и нивниот искрен емоционален, национален крик. Да живее Македонија, глава горе македонци! – напиша Јакимовски. 

Марфиеви закони за сексот

Секс – табу или не, најчесто нешто без коешто не можеме. Како звучат Марфиевите закони врзани за сексот прочитајте подолу.

И ако не сте знаеле – Сексот е една од деветте причини за реинкарнација. Останатите не се важни!

1. Единствен лек за секс е уште повеќе секс.

2. Сексот е 50% она што сте го добиле и 50% она што луѓето мислат дека сте го добиле.

3. Невиноста може да се лекува.

4. Квалитетите со кои жената го привлекува мажот, се најчесто оние кои први исчезнуваат.

5. Сексот е наследен. Доколку вашите родители никогаш го немале големи се шансите и вам да ви биде исто.

6. Пред да го најдете принцот мора да бакнете многу жаби.

7. Сакај го блискиот, но не дозволувај да те фатат.

8. Љубовта е хемија, сексот – чиста физика

9. Секс е збор од 4 букви на кој му е потребен збор од 5 букви за да добие целосно значење.

10. Никогаш немој да имаш секс со жена која е уморна или одморена.

11. Жената никогаш не го заборава мажот кој можела да го добие, а мажот жената која не можел да ја има.

12. Не е важна должината на диригентската палка туку магијата во неа.

13. Убавината се вовлекува под кожа, грдотијата оди до коски.

14. Мажот е само маж, а добриот велосипед е возило.

15. Девет од 10 забари препорачуваат орален секс.

16. Религиозноста не е превентива за сексот. Таа е превентива за уживање во него.

17. Харфата е гол клавир.

18. Две купатила во домот штетат на соработката.

19. Двајца се друштво, тројца – оргија.

20. Прво брачно правило – ако си во право брзо извини се.

21. Барај прошка денес – утре можеби нема да се чувствуваш виновен.

22. Многу нешта се подобри од сексот. Многу се полоши. Но, не постои ништо како сексот.

23. Мажот е среќен со која било жена се додека не ја засака.

24. Сексот е една од деветте причини за реинкарнација. Останатите не се важни!

Дали зимата може да ви ја убие желбата за секс?

Секоја временска сезона има различно влијание врз желбата за секс кај партнерите. Дали ќе посакате да легнете под ќебе и да се стиснете до вашиот партнер или пак е премногу топло дури и да го допрете, сепак е предодредено од надворешните временски услови.

Нормалната температура на човекот е околу 37 степени целзиусови, и секоја температура над оптималното предизвикува потење, а потта ја убива желбата за секс. Исто така, многу ниските зимни температури, го доведуваат телото во ладна хибернација и едноставно ви е премногу ладно за да земете предвид разменување нежности.

Зошто желбата за секс се намалува за време на есента и зимата?

Есента пристигна, а вие се помалку сакате да се галите со вашиот партнер низ креветот. Главната причина за ова е помалата изложеност на сонце, што води кон намалена продукција на серотонин, хормонот на среќата кој го поттикнува либидото кај мажите и жените. Серотонинот е на некој начин гориво за желбата за секс, а неговиот левел е најнизок во ладните месеци од годината. Тој е заменет со мелатонин, кој пак е делува сосема спротивно од серотонинот.

Промените во времето и наведените невротрасмитери (хормони) имаат огромно влијание на некои поединци, но причината поради намалена или изгубена желба за секс може да биде и од психолошка природа. Затоа, доколку наеднаш ја изгубите потребата за секс, пропратена со преголема потреба за сон, зголемена желба за благо, депресија и дебелеење…може да биде знак за Сезонско Афективно Нарушување (Seasonal Affecive Disorder) SAD. Консултирајте се со специјалист за да ви ја утврди дијагнозата и ви помогне со соодветна терапија. Сепак, тоа е состојба која лесно се третира, може да се појави во било која сезона и кај секој. Одредени поединци се повеќе подлежни на промени во сексуалниот апетит и за време на летните месеци.

Причини за поголема желба за секс во пролет и лето

Повторно се враќаме на главната причина: хормоните! И покрај убавото чувство на полетност штом времето ќе запролети, има еден хормон кој особено ја тригира желбата за секс кај жените. Хормон познат под името MSH (Меланоцит стимулирачки хормон) се лачи кога телото е изложено на сонце и значително ја поттикнува работата на половите жлезди. МСХ е директно поврзан со регулација на синтезата на меланин, кој пак е одговорен за потемнувањето на кожата во лето. Кај двата пола, хормонот за среќа серотонин, најмногу се произведува во мозокот за време на пролетта и летото. Многу истражувања докажале дека за време на сончевите денови продукцијата на серотонин се зголемува. Токму затоа најмногу ви текнува на секс со самиот почеток на пролетта.

Денес се празнува Светиот маченик Никита

Според календарот на МПЦ денес се празнува Светиот маченик Никита.

Родум од Готите, ученик на епископот Теофил Готски, кој учествуваше на Првиот Вселенски Собор. Кога готскиот кнез Атанарик почна да ги прогонува христијаните, тогаш свети Никита застана пред кнезот и го изобличи за безбожништво и нечовечност.

Мачен со страшни маки, Никита сè посилно ја исповедаше верата Христова и Му се молеше на Бога со благодарност. И умот непрестајно му беше воздигнат и вдлабочен кон Бога, а на градите под облеката ја држеше иконата на Пресвета Богородица со предвечниот Младенец Христос, во став на стоење кога во рацете го држи Својот крст. Никита ја носеше оваа икона бидејќи Пресвета Богородица му се јави и го утеши.

Најпосле мачителот го фрли Христовиот војник во оган, во кој маченикот издивна, но неговото тело остана неповредено од огнот. Неговиот другар, Маријан, го пренесе телото од Готската земја (Влашка и Бесарабија) во Киликија во градот Мопсуест, каде му изгради црква на свети Никита и неговите чудотворни мошти ги положи во таа црква. Свети Никита пострада и се прослави во 372 година.

Единствениот Манастир Св. Никита во Скопје се наоѓа на падините од планината Скопска Црна Гора, помеѓу селата Бањане, Чучер и Горњане.

Црквата е изградена од крал Милутин на преминот од 13-ти кон 14-ти век. Таа има карактеристична византиска архитектура и фасадна декорација, додека внатрешноста е покриена со живописот на познатите зографи Михаило и Ефтихиј.

Денес се уште функционира како сакрален објект кој привлекува бројни верници и посетители, посебно поради магиските моќи на „љубовниот камен“ под кој се закопани коските на самиот светител.

Владата ќе се освежува со политичарите со поминат рок Пенов и Шилегов

Откако поранешниот градоначалник на Скопје, Ристо Пенов, потврди дека ја прифатил понудата да биде министер за локална самоуправа во Владата, денеска се погласни се гласините во политичките кулоари дека ќе следат уште неколку рокади во тимот на премиерот Димитар Ковачевски

Како што изминатите седмици се зборуваше, Пенов решил активно да се врати во политиката и да го води ресорот што ѝ припаѓа на неговата Либерално-демократска партија, а кој досега го водеше актуелниот лидер на ЛДП, Горан Милевски, кој поднесе оставка од должноста.

Покрај тоа, се шпекулира дека премиерот ќе оди во ремонтирање на својот владин кабинет со свои сопартијци, па Миле Зечевиќ кој дојде на позицијата генерален секретар на СДСМ со преземањето на Ковачевски на владејачката партија, ќе го замени Оливер Спасовски во Министерството за внатрешни работи.

Според истите извори, поранешниот скопски градоначалник Петре Шилегов, ќе биде згрижен во Министерството за транспорт и врски на местото од Благој Бочварски.

Засега нема информации на кои позициите би заминале досегашните социјалдемократски министри кои ги поолнуваат двата споменати ресора. Неодамна, во медиумите се пишуваше за наводен судира на две фракции во СДСМ, во обидот Ковачевски да воспостави целосна сопствена контрола во некои важни државни институции.

Сметките за струја, сега наспроти лани – Грабеж!

Граѓаните, фирмите, институциите, јавните претпријатија и општините се соочуваат со предизвикот за редовно намирување на месечните сметки за испорачана електрична енергија. Податоците за висината на сметките за енергија се загрижувачки, а само долгот на некои најголеми потрошувачи кон еден од најголемите дистрибутери во земјата достигнува над 35 милиони евра.

За струја должат болници, јавни институции и претпријатија, приватни фирми, училишта… Од различни извори доаѓаат информации за фрапантно високи сметки за струја во однос на минатата година. Колку за илустрација, здравствени организации што претходно плаќале месечно по две-три илјади евра за струја, сега се исправени пред предизвикот да платат неколку десетици илјади евра месечно! Кај стопанските субјекти состојбите се веројатно уште полоши.

Нивните првични пресметки покажуваат дека сега за електрична енергија треба да плаќаат речиси десеткратно повеќе. Ништо подобра не е состојбата ниту со општините, локалните претпријатија, училиштата итн.

Од општините во Полошкиот Регион деновиве предупредија на сериозноста на „струјниот“ удар под кој се наоѓаат локалните претпријатија, институции и училишта.

За илустрација, последната месечна сметка за струја во ОУ „Братство Миѓени“ во Тетово стигна до 72.000 денари за околу 2.200 киловати, а дополнително следуваат зимскиот период и сезоната на греење. Ова училиште во зимскиот период троши околу 15.000 киловати и, според новите цени, ќе треба да плаќа 450.000 денари месечно! На ова треба да се додадат и трошоците за затоплување на училниците и за набавка на 30.000 литри нафта за домаќинство.

Колку за споредба, претходно добивале многу пониски сметки за потрошена енергија.

Во Заедницата на единиците на локалната самоуправа имаат извештаи за висината на месечните сметки за електрична енергија, но, како што велат, не можат да даваат поединечни податоци за некоја локална самоуправа.

– Во споредба со минатата година, сметките за електрична енергија се драстично повисоки. Генерална оцена е дека трошоците за струја се повисоки за пет-шест пати. Како ЗЕЛС, сме оствариле три средби со претставниците од централната власт.

На последната средба со министерот за економија Крешник Бектеши беше посочен и проблемот со примената на новиот тарифник за електрична енергија, со кој за локалните самоуправи се пресметуваат повисоки износи за потрошена струја од страна на снабдувачот со електрична енергија.

Од Општина Гостивар пристигна и предлогот за измени во следењето на наставата во училиштата, преку продолжување на распустот или со преминување онлајн настава, за која лично сметам дека е несоодветно решение за одржување квалитетна настава, ако се има предвид и претходното искуство во периодот на пандемијата.

кога не можеме да дадеме и понуда за свадба што би се одржала следната година! Со пополнетост на капацитетите од 20 до 30 отсто, работењето за големите хотели е неисплатливо, а затворањето или отпуштањето на работниците станува поизвесно – вели Крсте Блажевски, претседател на ХОТАМ.

Од асоцијацијата на големите хотелски објекти во Македонија забележуваат на нееднаквите услови за стопанисување во однос на помалите и средните капацитети за сместување, за кои важат поповолни услови за набавка на електрична енергија.

Од ХОТАМ потсетуваат на фактот дека домашното хотелиерство носи значаен девизен прилив и предлагаат од државата да се најде начин да се обезбеди електрична енергија под гарантирани цени од домашното производство на енергија.

Со драстично зголемени сметки за електрична енергија се соочуваат и во здравствениот сектор, без разлика дали станува збор за приватно или јавно здравство. И таму бараат разни начини како да одговорат на предизвикот за големиот струен удар да не го загрози нивното нормално функционирање и да не се одрази врз пациентите.

vecer.mk

Невидено невреме во Србија (Видео)

Силно невреме се прошири во текот на попладневните часови од северна Србија кон остатокот од земјата. Обилните врнежи беа придружени со грмежи и невреме, а на места падна и град.

Градот, меѓу другото, падна во населените места Лазарево и Бачки Петровац, каде оштети многу возила. Земјата побеле како да паднал снег.

Невремето потоа околу 15:00 часот го зафати и поширокото подрачје на Белград. Околу половина час пред да почне да врне, дувал многу силен ветер кој кршел гранки и носел делови од покриви и фасади, а во некои моменти грмело толку силно што прозорците се треселе.

Силен ветер собори дрвја, многу улици беа поплавени, а гром удри во пистата на аеродромот „Никола Тесла“, предизвикувајќи штета, што привремено ги прекина полетувањата и слетувањата.

Невремето потоа се спушти и во другите делови на Србија. На Дунав кај Кладово гром удрил рибар. Мажот бил пренесен во болница со тешки изгореници.

Силно невреме ја погоди околината на Јагодина, каде град со големина на јаболко го зафати Драгошевац и проби покриви.

Видео:

https://www.instagram.com/reel/CjA7gu0Ao0Z/?igshid=YmMyMTA2M2Y=

https://www.instagram.com/reel/CjAYtgTgLQP/?igshid=YmMyMTA2M2Y=