Учебната година започна БЕЗ УЧЕБНИЦИ И ПАРНО, но Ковачевски, Шаќири, Груби, Битиќи и Бесими ќе го унапредувале образованието преку СОВЕТ?!

Можеби во Македонија учебната година почна со скрипти и без учебници, а поради енергетската криза се споменува и можно учење од дома наместо со физичко присуство, но затоа ќе има Совет за унапредување на образованието и науката?!

На предлог на Министерството за образование и наука, Владата ја усвоила информацијата за потребата од формирање такво тело, со кое ќе претседава премиерот Димитар Ковачевски, а ќе го сочинуваат и министерот за образование и наука Јетон Шаќири, вицепремиерот за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи и министерот за финансии Фатмир Бесими.

-Со работата на Советот ќе претседава Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски, а во состав ќе бидат министерот за образование и наука Јетон Шаќири, првиот заменик на Претседателот на Владата на Република Македонија Артан Груби, Заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи и министерот за финансии Фатмир Бесими, координација на економските ресори и инвестиции и Педагошката служба како орган на државната управа во состав на Министерството за образование и наука, информираат од Министерството.

„МОН како транспарентна и одговорна институција која создава можности за учество во креирањето на политиките од сите засегнати страни, ќе ги вклучи претставниците од стратешките партнери на Министерството.  Во активностите на Совет ќе учествуваат Сојузот на средношколци, Интеруниверзитетската конференција, Националниот совет за високо образование и научно-истражувачка дејност, Агенцијата за квалитет во високото образование, Одборот за акредитација на високото образование, Одборот за евалуција на високото образование, студентските собранија, Бирото за развој на образованието, Центарот за стручно обраование и обука, Државниот испитен центар, Државниот просветен инспекторат и Центарот за образование на возрасните.  Со оваа одлука МОН ќе креира политики кои ќе се базираат на информациите за моменталната функционалност на системот на национално ниво, како и на меѓународните истражувања за факторите што придонесуваат за ефективна настава и учење“, се наведува во соопштението од МОН.