Connect with us

Uncategorized

Преподобна Ефросинија од Александрија, која се замонаши во машки манастир

Published

on

Ќерка на Пафнутиј, богат и прочуен човек од Александрија. Од бездетни родители, кои со молитва ја беа испросиле од Бога. Како благочестиви луѓе, тие ја воспитаа во верата Христова.

Не сакајќи да стапи во брак, младата Ефросинија, за да се скрие од татко ѝ, се преоблече во машка облека и се пријави пред игуменот на еден машки манастир како евнух на царот Теодосиј, под името Измарагд. Игуменот го прими и му го предаде под раководство на духовникот Агапит.

Со својот подвиг на пост и молитва Измарагд брзо ги надмина сите монаси во тој манастир. Кога наврши триесет и осум години во тешкиот подвиг, тој манастир го посети Пафнутиј и игуменот го упати кај Измарагд заради молитва и утеха.

Измарагд го препозна Пафнутиј, но Пафнутиј не го позна Измарагд. Кога таткото ја исповеда својата тага по изгубената ќерка, Измарагд му рече да не губи надеж, бидејќи уште во овој живот ќе ја види неговата ќерка, а го замоли повторно да дојде кај него по три дена.

Кога Пафнутиј дојде повторно, Измарагд лежеше на смртна постела. Тогаш му рече на Пафнутиј: „Јас сум Ефросинија, твојата ќерка, ти си ми татко!“

Таткото долго не можеше да си дојде на себе од страшното изненадување. Тогаш издивна блажената Ефросинија и татко ѝ ја оплакуваше над одарот. Откако ја погреба, и самиот стапи во оној манастир и се всели во келијата на неговата упокоена и света ќерка. По десет години подвиг, се упокои во Господа и свети Пафнутиј.

Uncategorized

ВЛЕН е сплотен околу идеја за плурализам и антикорупција

Published

on

Првиот вицепремиер на владата, Изет Меџити, во своето денешно гостување на „Тема на денот“ разговараше за состојбата во коалицијата „Вреди“. Запрашан дали коалицијата „Вреди“ е пред распаѓање, тој децидно одговори дека има некои процеси, но коалицијата е стабилна.

„ВЛЕН не се распаѓа. Ние се сплотивме околу една идеја, да донесеме плурализам и демократија во албанскиот кампус, борба против корупција и уште стоиме на тоа, освен господинот Таравари којшто од индивидуални и партиски причини, излезе на површина дека подолг период од неколку месеци соработува со Демократската унија за интеграција.“ истакна лидерот на ЛД.
Тој дополни дека ВЛЕН има јасен став во однос на тоа дека не може да се коалицира и со ВЛЕН и со ДУИ истовремено.

Continue Reading

Uncategorized

САД ПОВЛЕКУВААТ ВОЈСКА ОД СИРИЈА: Америка речиси го преполовува бројот на војници распоредени во Сирија

Published

on

САД во наредните месеци речиси ќе го преполоват бројот на војници што ги распоредија во Сирија, потврди Пентагон.

САД со години имаат војници во Сирија како дел од напорите против екстремистичката организација Исламска држава.

Портпаролот на Пентагон, Шон Парнел, рече дека намалувањето на бројот на војници ги одразува „значајните чекори што се направени кон деградирање на оперативната способност на ИСИС“ и на регионално и на глобално ниво.

– Овој намерен процес заснован на услови ќе го намали присуството на САД во Сирија на помалку од илјада американски сили во наредните месеци, рече тој.

САД ќе соработуваат со сојузниците за да го задржат притисокот врз групата и да одговорат на какви било други терористички закани што ќе се појават, додаде Парнел.

Исламска држава во последните години претрпе големи територијални загуби и воени порази во Сирија и соседен Ирак. Сепак, нејзините оперативци повремено вршат напади во двете земји.

Continue Reading

Uncategorized

Цистерна удрила во карпите на автопатот Скопје-Велес

Published

on

Центарот за управување со кризи информира дека на патот Скопје – Велес има одрон, што било пријавено вчера во 17:06 часот преку линијата за итни случаи 112.

Конкретно е добиена пријава од лице кое патувало од Скопје кон Велес, дека пред патарината кај Велес камион – цистерна удрил на карпите и има одрони на пат, што претставуваат опасност. За ова веднаш е известено ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта за нивна понатамошна постапка, по што е и постапено, соопшти ЦУК.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк