Connect with us

Македонија

(ВИДЕО) „Кој повеќе лаже, господарот или калфата? Заев вели сите бугарски здруженија тој ги отвора, а Ковачевски дека не го познава тој што ги отвора“!

Published

on

Кој повеќе лаже, господарот или калфата? Заев вели сите бугарски здруженија тој ги отвора, а Ковачевски дека не го познава тој што ги отвора, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Нивното соопштение и видеото кое го испратија, ги пренесуваме во целост:

Зоран Заев јавно како премиер, на бугарска телевизија, обраќајќи се пред се на бугарската, но и на македонската јавност рече:

„Секогаш кога се отвораат бугарски здруженија, јас сум таму, јас ги отворам, имам роднини имам луѓе таму, кои што се секој ден околу мене“.

Ова го напишавме на македонски јазик, а оригинално Заев се обидува да зборува бугарски, додека ја понижува нацијата.

Кога СДС лаже? Кога Ковачевски вели дека СДС е втемелена на народноослободителната борба на државата, или Заев кога вели дека немало фашисти, туку бугарски администратори?

Заев, како премиер и СДС како партија се главни виновници за сите бугарски негации и асимилаторска политика. Дури и најголемите бугарски шовинисти беа радосни што дочекале во својот живот некој македонски политичар да има позиции како Заев.

СДС не се тргна од матрицата на Заев.

Дезертерот Ковачевски и СДС не спречија отворање на бугарските клубови со фашистички имиња Ванчо Михајлов и Цар Борис.

Македонија

ОБВИНИТЕЛСКА МАФИЈА ПАЛИ И ГАСИ ВО ПРАВОСУДСТВОТО

Published

on

Десетина луѓе, главно обвинители од поранешното Специјално обвинителство, кои го контролираат државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, ги влечат конците во правосудниот систем во Македонија.

Ова, во поткастот на Плусинфо, го тврди Мустафа Хајрулахи, суспендираниот шеф на скопското Вишо јавно обвинителство, против кого се води и скандалозна истрага за наводен мобинг против вработени во оваа институција.

– Одговорно тврдам дека огромното мнозинство обвинители, 99 отсо, чесно и одговорно си ја вршат на работата. Но, една група моќници, која е инсталација на поранешната власт, врши притисок врз сите обвинители, посебно за предметите од интерес на поранешната власт. Таа структура е мафија во јавнообвинителскиот систем – тврди Хајрулахи.

Во разговорот со уредникот Бранко Героски, Хајрулахи најавува беспоштедна правна битка со државниот обвинител Љупчо Коцевски и отворено ги именува луѓето кои ги нарекува обвинителска мафија. Во интервјуто се спомнуваат обвинителите Гаврил Бубевски, Фатиме Фетаи, Лиле Стефанова, Љубомир Јовевски и други, а се зборува и за повеќе предмети и истраги кои добиваат тек каков што посакува таа структура.

Така, Хајрулахи зборува за тоа зошто од 2021 година биле отфрлани кривичните пријави против Васко Ковачевски, има ли врска дијарејата на обвинителот Гаврил Бубевски со бегството на Прпарим Бајрами од Македонија (осомничен заедно со Артан Груби), какви грешки се направени во постапувањето во случајот „Крмзов“, како е силуван предметот „Делчевски ниви“, како е вршен притисок во случајот „Диамед“, а најмногу, секако, за тоа кој и зошто се обидува да ја затвори истрагата за незаконската исплата на огромните бонуси во поранешното СЈО.

Ова интервју отвора многу прашања за тоа во какво општество живееме, кој го контролира правосудниот систем, зошто нема реформи и дали навистина има шанса нешто да се промени кон подобро.

Извор: plusinfo.mk

Continue Reading

Македонија

Во Битола отворена изложба за Светскиот ден за едукација за заштита на животната средина

Published

on

Националната установа Универзитетска библиотека „Свeти Климент Охридски“-Битола промовира изложба на книги посветена на 26 јануари, прогласен од Обединетите нации за Светски ден за едукација за заштита на животната средина.

Ние имаме само една планета и колку повеќе ќе ја чуваме толку повеќе оставаме за идните генерации. Денешниот ден, 26 јануари, е потсетник за тоа какви програми за едукација се потребни на глобално ниво, посочија од Библиотеката во Битола.

„Изложбата е дел од активностите кои ќе ги реализира нашата Библиотека за поддигнување на свеста и едукација за заштитата на животната средина. Изложбата е отворена секој ден и посетителите може да погледнат и изнајмат книги публикувани на македонски и англиски јазик, истакнаа од таа национална установа.

Во изложбениот салон на библиотеката изложени се книгите „Човекот, водата и животната средина“ на авторот Милош Змејковски, „Дипломатија на животната средина“ од Лоренс Е. Саскинд, „Геологија за инженери и стручњаци за животна средина“ од Аланд Кехју, „Заштита на животната средина“ од Милто Мулев, Зборник на трудови во издание на МАНУ, истражувачки центар за животна средина и материјали, детска илустрирана енциклопедија за екологија и други енциклопедии посветени на екологијата.

Continue Reading

Македонија

Малолетници во бессознание завршиле во болница

Published

on

policija

Ноќеска 55 минути после полноќ во ОВР Гостивар, од Ургентен центар Гостивар било пријавено дека кај нив во бессознание била донесена малолетничка од Гостивар. Според пријавеното, таа претходно консумирала алкохол во дискотека во Гостивар.

Подоцна во 4.35 часот во ОВР Гостивар, од Ургентен центар било пријавено дека кај нив во бессознание бил донесен малолетник од Гостивар. Според пријавеното и тој претходно консумирал алкохол во дискотека во Гостивар.

Полицијата информира дека се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк