Connect with us

Македонија

Зеленски со порака до Балканот: Почнете “курс за независност од Русија”

Published

on

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика земјите од Европската унија и особено од Балканот да започнат „курс на независност од Русија“ во политиката, економијата и енергетиката, преку зајакнување на соработката.

Во говорот на форумот 2BS, кој го организира Атлантската алијанса на Црна Гора, тој рече дека „сите европски земји мора да ги уништат сите руски мрежи на влијание“ за да се спречи, како што рече, „ширењето на дезинформации, корупција и криминална политика“.

Македонија

ФОТО | Вицепремиерот Арбен Фетаи добил смртна закана на службениот мејл

Published

on

Вицепремиерот за добро владеење и транспарентност Арбен Фетаи објави дека на службениот мејл добил смртна закана.

-Оваа закана доаѓа по мојата изјава дека ќе сторам сé за да се отстрани дефиницијата за албанскиот јазик во уставот, како јазик што го зборуваат 20 проценти од населението. За ова го известив и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски и побарав да се зголемат мерките за мојата лична безбедност – напиша Фетаи.

Continue Reading

Македонија

Подигнати над 80 отсто од ваучерите за купување клими на првиот ден од доделувањето

Published

on

Според првичните информации од тимовите на Министерството, во повеќето градови како Струга, Радовиш, Штип, Кичево и други, граѓаните подигнале над 90 отсто од ваучерите

На првиот ден од доделувањето на ваучерите за купување инвертер-клими граѓаните до 15 часот подигнале над 80 отсто од предвидените 6 182 ваучери, информираат од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

Во Скопје, пак, до 16 часот биле подигнати 1 400 ваучери или над 75 отсто од вкупниот број.

Од министерството велат дека и во останатите градови бројот на подигнати ваучери за купување на клими е на високо ниво.

„Според првичните информации од тимовите на Министерството, во повеќето градови како Струга, Радовиш, Штип, Кичево и други, граѓаните подигнале над 90 отсто од ваучерите, што е доказ за успешноста на овој начин на дистрибуција на ваучерите“, се вели во соопштението од министерството.

Ваучерите за купување инвертер-клими во Скопје се доделуваа во спортскиот центар „Борис Трајковски“, во Битола во спортската сала „Боро Чурлески“, а во останатите градови тоа беше во во соработка со Агенцијата за вработување.

Граѓаните што имаат добиено ваучер, а денеска не успеале да го подигнат тоа ќе може да го направат до крајот на овој месец директно во Министерството.

Повикот од министерството упатен до граѓаните што добиле ваучери за клими денеска да дојдат на предвидените локации предизвика метеж и огромни редици пред спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје. Граѓаните, што беа дојдени уште рано утрото, со часови чекаа во долгите редици за да влезат и да ги потпишат договорите.

Во целиот метеж на еден повозрасен граѓанин му се слоши по што мораше да интервенира Брза помош.

Во „Борис Трајковски“ беше и министерката Сања Божиновска која даде образложение зошто наместо првичната најава, дека ваучерите ќе им бидат доставени на граѓани на домашна адреса, е променет начинот, па мора сами да ги подигнат. Во прашање е договор кој граѓаните треба да го потпишат дека им е доделен ваучерот, за да нема злоупотреби.

Во попладневото соопштение испратено од Министерството се вели дека иако на почетокот на денот била забележана зголемена посетеност на граѓани, доделувањето се одвивало непречено и во поголемиот дел од денот немало долги редици пред СЦ „Борис Трајковски“.

„Благодарение на внимателното планирање и целосната ангажираност на тимот на Министерството, процесот се одвива непречено и ефикасно, со што на граѓаните им се овозможи брзо и лесно подигнување на ваучерите“, се додава во соопштението.

Климите мора да се купат до 30 ноември, а може да се инсталираат и по рокот. Потоа ваучерите не важат. Оние граѓани што денеска не успеаја да стигнат, можат да се обратат до крајот на ноември во просториите на Министерството за енергетика.

За овие ваучери граѓаните аплицираа во февруари. Проектот е на минатата влада на СДСМ и ДУИ во вредност од 4,1 милион евра. На повикот пристигнале вкупно 18 805 барања по двата јавни повика. На огласот кој не е за ранливи потрошувачи барања доставиле 14 500 баратели, а за огласот за ранливи потрошувачи 4 305 баратели.

Continue Reading

Македонија

Формиран иницијативен одбор кој бара смена на раководството на ЛДП

Published

on

Во ЛДП се формира иницијативен одбор за промени на раководството поради нивната непринципиелна пазарџиска политика и недемократско водење на партијата, стои во кусото соопштение испратено од меил Одлучно за промени во ЛДП.

Оттаму додаваат дека набрзо и јавно ќе излезат и ќе ги претстават своите позиции и ставови.

Инаку, локалниот битолски портал Апла пишува дека пред два дена на состанокот на ОО на ЛДП во Битола, претседателот Димитар Кузмановски пред триесеттина членови го отворил прашањето дали ЛДП треба да влезе во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, на што наишол на бурни реакции на поголем дел од присутните членови, иако имало и неколкумина поддржувачи на идејата да се влезе во коалиција со владејачката партија, повикувајќи се на извори од партијата.

Владе Атанасовски, поранешен секретар на ОО на ЛДП Битола и долгогодишен член на Централниот Одбор на ЛДП за „АПЛА“ вели дека претседателот на општинската организација, Кузмановски образложил пред присутните  дека во комуникација со претседателката Моника Зајкова имале преговори со владејачката ВМРО- ДПМНЕ за коалиција и дека во тек е прецизирање на постапката. Но, како што вели Атанасовски грото од членовите остро се спротивставиле на помислата, а не пак на можната коалиција. Според него општинските организации не се надлежни да дискутираат за тоа прашање, туку тоа е одлука на Конгресот.  И ветераните на ЛДП реагирале на ваквата промена на политиките на партијата, со напомена дека личните интереси не смеат да бидат над идеолошките.

„Партијата ни се распаѓа, ако некој и мисли арно на партијата, претседателката Моника Зајкова и раководството под итно треба да си дадат оставка. Претседателката нема мандат да преговара и коалицира со ВМРО-ДПМНЕ,  таа настапи со програма на која гласаа сите делегати на Конгресот, а таму немаше коалиција со партијата на власт. Затоа сега нека свика Конгрес,  нека настапи со програма дека ќе коалицира со ВМРО-ДПМНЕ,  па делегатите нека се изјаснат“, реагира Атанасовски, и додава „целата работа е со цел да се ‘заштитат’ и ‘згрижат’ 4-5 луѓе околу Зајкова. Само се прашувам како Моника ќе коалицира со ВМРО-ДПМНЕ кога уште не ги тргнала билбордите низ Скопје сликана со Димитар Ковачевски -Таче? Нека дојде во Битола и сама нека го соопшти предлогот“, повикува Атанасовски, поранешен директор на ЈП „Пазари“ Битола и долгогодишен член на Централниот Одбор на ЛДП.  

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк