„Милион денови“ за нови чувства од Панчо и Андреј (Видео)

„Милион денови“ е насловот на новата песна на ДНК. Станува збор за одлична балада која и овој пат е со потписите на едната половина од двоецот – Панчо и Лазар Цветкоски, односно музиката е на Панчо и Лазар, текстот е на Панчо, а аранжманот на Лазар.

Видеото е работено под режисерската палка на Владимир Митревски – Ѓуле, фотографијата е на Кристијан Војдановски, а за продукцијата се погрижи Фокус филм.

Кадрите за видеото се снимени на повеќе локации во околината на Скопје, како и во хотелот Austrian Palace, а интересно е дека во нив освен Панчо и Андреј се појавува и атрактивната сопственичка на студиото Фигурела Наташа Петровска.