Хрват продава 33 години стари патики, за 20 илјади евра (Фото)

Еден Хрват решил да продаде еден специјален пар патики за неверојатни 19.908,42 евра или 150.000 куни, пишува Слободна Далмација.

„Ретро винтиџ патики со потпис на Дражен Петровиќ“ – гласи насловот на огласот на Њушкал.

Патиките се црвени, големина 43, без врвки и како што е наведено во огласот – користени се.

Она што ги издвојува од другите е тоа што ги носеле во 1989 година пред финалниот натпревар на европското првенство во кошарка меѓу Југославија и Грција, а патиките на тогаш 14-годишното момче биле потпишани од репрезентативци на Југославија: Даниловиќ. , Паспаљ, Дивац, Чутура, Петровиќ, Вранковиќ , Радја, Радуловиќ и Кукоч.

Југославија тогаш го освои европското злато и по неколку години се распадна.