НАЈУБАВАТА ВЕСТ ЗА ДЕНЕС: Малиот херој Кико ја напушти Онкологија, победи во тешката битка (ВИДЕО)

„Среќа е да споделиш среќа“, вака напиша Марта Стојковска која ја сподели најубавата вест која што ќе ја слушнете/прочитате денес, пренесе Женски магазин.

Кико силно заѕвони на ѕвончето на Онкологија и со силните звуци навести дека си оди дома.

Под постот на Марта, кој таа го сподели на Фејсбук страницата на невладината организација САНО, веднаш пристигнаа коментари со поддршка, а целата објава ви ја  пренесуваме во целост:

„Среќа е, да споделиш Среќа! И на крај навистина ги надминавте најтешките и најболните моменти. По тој трнлив тежок и долг пат кои го поминавте вие, само храбрите, силните и Хероите го поминуваат и победуват! Вие сте гордост, вие сте ХЕРОИ! ?А Кико силен Борец и најголем Суперхерој!! Да ми сте здрави, живи да ми живеете секогаш среќни и во добро здравје ХЕРОИ наши“.

https://www.facebook.com/100023507322903/posts/pfbid0ozUiifbV1SMjiaZygj5ToBzvjMvnRNhA7ZAjUwRTCC52CXuZj87bxseWHZmsxxbjl/