Connect with us

Свет

Зеленски: Придружнците на Путин пијаат 50 грама вотка и викаат “Ќе употребиме нуклеарно оружје”

Published

on

Володимир Зеленски рече дека „Путин ни се заканува на сите со нуклеарно оружје“

Зеленски додаде: „Видете, тој ја окупира Украина, ние го санкциониравме, но тој продолжува понатаму“. Тој се заканува со нуклеарно оружје!“

– Неговите придружници се кученца, дури ни кучиња. Секој од нив пие по педесет грама вотка и вика: „Утре ќе користиме нуклеарно оружје!“ За што станува збор? – изјави Владимир Зеленски.

Заштитата на украинското небо е најважниот чекор за ставање крај на војната
Зеленски вели дека „заштитата на украинското небо од руски ракетен терор ќе биде основен чекор за ставање крај на војната во блиска иднина“.

За време на онлајн говорот на седницата на Парламентарното собрание на Советот на Европа, тој побара од сите „во политиката, медиумите, во комуникацијата со гласачите – да се залагаат за обезбедување доволно количество системи за противвоздушна одбрана и противракетна одбрана за Украина“.

„Веќе оваа година мораме да го заштитиме нашето небо од рускиот терор. Ако го сториме тоа, тоа ќе биде фундаментален чекор за завршување на војната во блиска иднина“, рече Зеленски.

Претседателот на Украина се заблагодари на Германија за испораката на првите системи IRIS-T и изрази уверување дека тоа ќе отвори можности за понатамошни испораки на системи за противвоздушна одбрана и противракетна одбрана, како од германски партнери, така и од други производители.

Свет

Откриен тајниот план на Путин за Украина: Ова е крајната цел на Русија

Published

on

​Рускиот претседател Владимир Путин најави формирање на „тампон зона“ на украинска територија, што предизвика остри реакции во Украина и меѓународната заедница.​

Путин: „Ќе формираме санитарна зона“

Во говорот по изборната победа, Путин изјави дека Русија ќе формира санитарна зона на териториите под контрола на украинската влада, со цел заштита од украински удари со далекобојно оружје и прекугранични напади. ​

Позицијата на Кремљ

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, потврди дека Москва се придржува кон оваа идеја, нагласувајќи дека создавањето на таква зона е неопходно за заштита на рускиот народ од напади со беспилотни летала и артилерија. ​

Реакцијата на Украина

Михаил Подољак, советник на украинскиот претседател, ја оцени оваа најава како директен доказ за ескалација на конфликтот и обвини дека Русија не ги почитува суверенитетот и правата на Украина. ​

Контраофанзивата на Украина

Во контекст на овие настани, украинскиот претседател Володимир Зеленски најави формирање на сопствена „тампон зона“ во руската Курска област, како одговор на руските напади врз украинските погранични региони. ​

Овие развои укажуваат на продолжување на конфликтот и можност за понатамошна ескалација на насилството во регионот.

Continue Reading

Свет

Руски авиони предизвикаа тревога – НАТО борбени авиони итно подигнати

Published

on

Нова тензија на небото над Источна Европа – НАТО активираше борбени авиони откако руски воен авион се доближи до полскиот воздушен простор. Инцидентот се случил во четвртокот, кога британски борбени летала, стационирани во базата Малборк, биле итно кренати во воздух за да го пресретнат и следат движењето на рускиот авион.

Полскиот вицепремиер и министер за национална одбрана, Владислав Косиниак-Камиш, изјави дека станува збор за уште една директна провокација од страна на Руската Федерација. Тој предупреди дека ваквите инциденти не се изолирани и оти ризикот по безбедноста на регионот е реален и сериозен.

Британскиот контингент на Кралското воено воздухопловство, кој веќе три недели е распоредeн во Малборк, брои шест борбени авиони и е дел од мисијата на НАТО „Baltic Air Policing“. Покрај нив, дел од силите се наоѓаат во Литванија и Естонија, со задача да го чуваат воздушниот простор над балтичките земји, Полска и Балтичкото Море.

Официјални претставници на НАТО соопштија дека внимателно ја следат ситуацијата и дека секоја закана кон сојузничките земји ќе биде соодветно адресирана.

Continue Reading

Свет

[ФОТО] Опасна закана од Русија: НАТО ги подигна авионите, се вжешти небото над Полска, објавени првите фотографии

Published

on

Британски борбени авиони пресретнаа руско летало во близина на полскиот воздушен простор

Британски ловци, стационирани во воздухопловната база Малборк во Полска, денеска беа подигнати поради руски воен авион кој се приближувал до воздушниот простор на Полска.

Овој настан, според полските власти, претставува сериозна закана.

„Ова е уште една директна провокација од страна на Руската Федерација“, изјави полскиот министер за одбрана и заменик-премиер Владислав Косинијак-Камиш, пренесува „Polskie Radio 24“.

Косинијак-Камиш истакна дека ваквите инциденти стануваат сè почести и дека ова не е изолиран случај. „И вчера имавме слична ситуација – шведските воздушни сили подигнаа свои „Грипен“ ловци, а заедно со нив реагираа и британските „Еурофајтери“, додаде тој.

Според информациите од НАТО Командата за воздушни операции (AIRCOM), британските борбени авиони од Малборк биле активирани како одговор на лет на руска летелица која, како што беше наведено, „не се одвиваше во согласност со меѓународните стандарди за безбедност“.

Во мисијата биле вклучени и португалски F-16 авиони, кои дејствувале од базата во Естонија, во рамки на засилените воздушни патроли на НАТО долж источните граници на Алијансата.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк