Connect with us

Забава

(Видео) Ја запросил девојката среде натпревар, таа станала и побегнала од трибините

Published

on

За време на натпреварот помеѓу Њујорк Ајлендерс и Флорида Пантерс во четвртокот вечерта, еден навивач ја соблекол маицата и ја запросил својата девојка.

На неговите гради било испишано: „Те молам кажи да“.

Девојката му пришла, го фатила за раце и потоа истрчала од трибината.

На социјалните мрежи се објавени неколку снимки од запросувањето, а фотографија од парот е споделена и на официјалната страница на Њујорк Ајлендерс, на чии трибини се одвивало запросувањето.

„Кажа да или не?“, прашале од клубот на Твитер со порака дека мораат да знаат.

Додека луѓето на социјалните мрежи мислат дека целото запросување било инсценирано, неколку очевидци се јавиле да потврдат дека реакцијата била искрена.

„Го соблече дресот и рече „те молам кажи да“. Таа беше во шок, ја слушнав како кажува што се случува и дека не може да го направи тоа. Тој само рече „је*и га“. Сите снимаа, а публиката полуде. Таа само си замина од трибината“, раскажал еден од навивачите кои се нашле во близина.

Забава

Инфлуенсерка го лажирала своето киднапирање поради здодевност

Published

on

Инфлуенсерите денес се соочуваат со сериозни последици поради драстични и контроверзни потези кои ги преземаат за да го зголемат своето присуство на интернет. Еден од најновите и најконтроверзни настани се случи кога инфлуенсерката Викторија Роуз, позната по својот кориснички прекар “Whoa Vicky”, признала дека лажела за своето наводно киднапирање во Нигерија.

Инцидентот започна кога се појавија твитови во кои се тврди дека Роуз била киднапирана и дека нејзиното ослободување ќе биде возможно само ако се плати откуп од еден милион долари. “Ја киднапирав Вики. Таа е со мене во Нигерија. Барам 1 милион долари за нејзино ослободување”, гласеше еден од твитовите.

Меѓутоа, многу брзо потоа Викторија призна дека целата ситуација била измислена. За време на преносот во живо на Инстаграм, таа открила дека сака само да се забавува и да се шегува, додавајќи дека не пие алкохол и не оди во клубови, па ова беше нејзиниот начин да се забавува. “Библијата вели дека смеењето е добро за душата”, додала таа, оправдувајќи ја својата постапка со верска референца и објаснувајќи дека има ограничени можности за излегување поради нејзините христијански вредности.

Нејзиниот потег наиде на жестоки критики од јавноста, а многу корисници ја обвинија дека со оваа лага сериозно ја нарушила довербата во такви случаи. “Да лажеш дека те киднапираат е навистина одвратно!”, напишал еден од коментаторите. Викторија, сепак, останала на својот став, кажувајќи дека се сожалува за луѓето што можеби биле повредени од нејзината шега, но истовремено ја презела целосната одговорност за своето однесување.

Не е првпат да се случи ваков случај, бидејќи и во 2023 година 26-годишната медицинска сестра Карли Расел ја лажела својата киднапираност. Таа ја пријавила својата исчезнатост и, иако полицијата веднаш започнала потрага, многу брзо се открило дека се работи за измама. Расел подоцна признала дека воопшто не била киднапирана, туку дека целата ситуација била измислена.

Овие инциденти се сериозен потсетник за границите кои инфлуенсерите поставуваат во обидот да стекнат внимание и популарност на интернет, што често може да има сериозни последици и за нив и за нивната публика.

Continue Reading

Забава

Се укинуваат повеќе турски серии

Published

on

Со години наназад ударниот термин на речиси сите национални телевизии е резервиран за турски серии.

Се очекува овој тренд да продолжи и во 2025-та, иако од Туркије пристигнуваат и не така добри вести.

Тамошните медиуми пишуваат за криза во тамошната ТВ-индустрија.

„Приходите од реклами се намалени за половина оваа година и многу серии во Турција по кратка постапка се финализирани“, пишува „Хаберлер“.

Повикувајќи се на добро упатени извори, истиот портал пишува дека продуцентите донеле конечна одлука годинава да се прекине емитувањето на дури 13 серии. Осум од нив само што почнаа да се емитуваат, а останатите пет ќе финишираат заклучно со нивната втора сезона.

Continue Reading

Забава

„Биби и Боби“ ја разубавуваат Зимската приказна во Битола

Published

on

Најомилените пријатели на најмладите, „Биби и Боби“, вечерва пристигнуваат во Битола! Во 19:00 часот, пред Офицерскиот дом, сите посетители ќе можат да уживаат во магијата на празничниот дух преку танци, игри и незаборавна атмосфера што ќе ги стопли срцата на сите, без разлика на возраста.

„Зимска приказна“ продолжува да создава моменти за паметење, збогатувајќи ја празничната радост со незаборавни настани.

Празничниот дух живее во Битола!

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк