Connect with us

Инфо +

Дејвид има пенис голем како ауспух – открива Викторија Бекам

Познатат пејачка и модна дизјанерка Викторија Бекам во интервју откри детали за интимата на нејзиниот сопруг. „Многу сум горда што и денес имаме добар секс. Мојот сопруг е во многу добра форма. Обично сум гола во кревет, но тој почна да ми купува и долна облека. Што се однесува до неговиот пенис, тој е огромен. …

ЉУБОВТА НА ПРВ ПОГЛЕД НЕ ПОСТОИ. ТОА ЌЕ ВИ СЕ СЛУЧИ ВО САЛАТА ЗА ИГРАЧИ НА МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД, АКО СТЕ МАЛКУ ПИЈАНИ, ТОГАШ ДЕТАЛИТЕ СЕ КАКО ВО МАГЛА. ДОДЕКА ОСТАНАТИТЕ ФУДБАЛЕРИ СТОЈАТ ПОКРАЈ ШАНКОТ И ПИЈАТ СО СВОИТЕ ДРУГАРИ,ГО ЗДОГЛЕДУВАТЕ ДЕЈВИД КАКО СТОИ НА СТРАНА СО СВОЕТО СЕМЕЈСТВО. И ИМА ТОЛКУ СЛАТКА НАСМЕВКА. И ВИЕ СТЕ БЛИСКИ СО СЕМЕЈСТВОТО И ПОМИСЛУВАТЕ КОЛКУ СТЕ МОЖЕБИ СЛИЧНИ. ГО БАРАТЕ НЕГОВИОТ БРОЈ. УШТЕ ЈА ЧУВАТЕ АВИОНСКАТА КАРТА ОД ЛОНДОН ДО МАНЧЕСТЕР НА КОЈА СТЕ ГО ЗАПИШАЛЕ“, РЕЧЕ ВИКТОРИЈА

Неодамна и Бекам проговори за детали од приватниот живот. Некогаш еден од најпознатите фудбалери на планетата, Дејвид Бекам, истакна дека се грижи за здравјето на својата сопруга Викторија поради нејзината строга исхрана.

Тие се во брак веќе речиси 25 години, а многу пати се имаат појавено и во јавноста. Бекам поради неа имаше проблеми и со некогашниот тренер, Сер Алекс Фергусон, а сега откри дека Викторнија веќе 25 години јаде едно исто јадење, риба приготвена на скара  и зеленчук зготвен на пареа.

Свет

Трагедија во Русија: Воен транспортен авион Ан-22 се урна, сите патници загинаа

Москва, 9 декември 2025 – Руски воен транспортен авион се урна во северниот регион Иваново, соопшти руското Министерство за одбрана. Во авионот се наоѓале седум лица, сите загинале, јави дневниот весник „Комерсант“.

Во моментот се спроведува операција за пребарување и спасување во ненаселеното подрачје.

Се работи за авионот „Антонов Ан-22“, развиен во 1960-те години за време на советската ера. Според медиумските извештаи, ова бил последниот авион од овој тип што го користела руската војска. Ан-22 е наменет за транспорт на голем воздушен товар и за падобрански операции.

Министерството за одбрана соопшти дека авионот се урнал за време на редовен лет по извршени поправки, а причините за несреќата се предмет на истрага.

Continue Reading

Свет

Песков: Тврдењата за воена агресија на Путин кон НАТО се целосна глупост

Москва, 9 декември 2025 – Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска категорично демантираше тврдењата на германскиот канцелар Фридрих Мерц дека рускиот претседател Владимир Путин сака да го обнови Советскиот Сојуз или да нападне земја членка на НАТО.

„Тоа не одговара на реалноста“, рече Песков, нагласувајќи дека Путин повеќепати јавно истакнал дека обновување на Советскиот Сојуз е невозможно. „Да се зборува за тоа е непочитување кон нашите партнери, сојузници од ЗНД и другите форми на интеграција. Очигледно, господинот Мерц не знае за тоа“, додаде портпаролот на Кремљ.

Во однос на наводните подготовки за напад врз НАТО, Песков ја нарече оваа теза „целосна глупост“ и повика јавноста да се информира од примарниот извор – самиот претседател Путин.

Портпаролот исто така ги коментираше и мировните преговори во Украина. На новинарско прашање за контакти меѓу Русија и САД по средбата на Путин со специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, и неговиот зет Џеред Кушнер, Песков потврди дека Русија е во постојан контакт со американската администрација и очекува резултати од дискусиите за мировниот план со украинската страна.

Continue Reading

Балкан

Албанија станува центар за мигранти на балканот?

Албанската Влада го одобри Националниот план за непредвидени ситуации за периодот 2026-2028, со цел да ги подготви институциите за зголемените миграциски текови на територијата на земјата.

Според документот, прифатните центри нема да се концентрираат во еден град, туку ќе бидат распределени според мапата на миграциските текови и главните премини, особено во југoисточните и јужните региони – Корча, Ѓирокастро и Валона. Планот предвидува сместување на мигранти од Авганистан, Пакистан, Иран, Сирија, Либан и Газа, кои Албанија и Србија ги користат како транзитна рута кон Грција.

Националниот план ја нагласува улогата на централните и локалните институции во управувањето со кризата, вклучувајќи итно сместување, храна, здравствена заштита и психосоцијална поддршка за мигрантите. Албанските власти посочуваат дека целта е да се гарантираат правата на мигрантите и ефикасно управување со тековите на миграција.

Албанија веќе има прифатен центар во Лежа, во пристанишниот град Шнѓин, и сместувачки камп во Ѓадр, кои, и покрај изградбата пред две години, не профункционираа поради одлуки на судот во Рим. Италијанската премиерка Џорџа Мелони, сепак, најави дека нивната работа наскоро ќе биде активирана.

Националниот план стапува на сила по објавувањето во Службен весник и ќе служи како правна основа за сите теренски акции за управување со миграцијата, при што се нагласува географската улога на Албанија во балканската миграциска рута кон Централна Европа.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг