Отец Наумоски: Да кажеме СТОП на еден така наречен ,,празник” !

Ноќ на вештерките-Halloween – Да кажеме СТОП на еден,,така наречен празник”, а сакаат да ни го наметнат под терминот,,забава за децата”, па се користи најчесто како проект на часовите по англиски јазик и во градинките како повод децата да дојдат маскирани исклучиво во страшни ликови.

Halloween-ската поворка,а и самите костими претставуваат враќање на предхристијанскиот пагански празник на Келтите Samhain, кој го добил своето име по нивниот пагански бог,ден кога мртвите души се враќале меѓу живите. Издлабената тиква во облик на мртовечка глава со запалена свеќа е најпрепознатлив симбол на Helllowen, кој ја симболизира,,душата која скита”. На овој ден се прават разни ритуали поврзани со окултизмот кои вклучуваат жртвување и други перверзии.

Ова верување нема никаква врска со нашата вера и не е дел од нашата култура,затоа не треба да се прифати ни како забава.Ние треба да ги научиме децата да го слават Животот!

Како што ни говори св.ап.Павле:,,А понатаму,браќа мои,на она што е вистинско,што е чесно,што е праведно,што е чисто,што е љубезно,што е достојно за слава,на она што е добродетел,што е за пофалба,само на тоа мислите!

На 31 Октомври се прославува Евангелистот и Апостолот Христов Лука, земи ги децата и појди во Црква! На Литургијата се се осветува,макар и на кратко,поставуваме свети во присуството на толкава светиња:Крвта и Телото на Самиот Господ Исус Христос!

Пред толкава сила ѓаволот се повлекува! На тој начин,православниот родител треба да се спротиставува на овој отворен сатанизам и беззаконие! Нека ја слават смртта оние што ја сакаат,ние пак го славиме Оној,кој смртта со смрт ја победи,Господ Исус Христос. За крај родители и учители да внимаваме на нашите деца.

Отец Наумоски за Оhrid1.com

Костов го ,,утепа” Џамбаски и неговата дива орда: Бараа да се пролее македонска крв…племенска, турско-татарска, химлер-гебеловска свест и култура…

Сотир Костов во неговата нова колумна за Инфомакс.мк пишува:

Бугарчиња! – Ситни и кварни души
/Бугарска национал-фашистичка шизофренија – Џамбаз-неолит свест и култура/

(Напомена: Оваа колумна се однесува само на Ангел Џамбаски и неговата дива орда, кои вчера, 30 октомври 2022 година, во Благоевград бараа да се пролее македонска крв. За среќа и во Бугарија има паметни и совесни луѓе – ги изолираа и не им дозволија да се иззживуваат врз нас Македонците.)

На истокот(Бугарија), стари приказни. Не видов култура(политичка, лична, колективна), ама никаква. Пардон! Има култура, ама парохијална е. Џамбаз-неолит свест и култура. Малку племенска, малку турко-татарска, а нешто повеќе химлер-гебеловска. Главни карактеристики – непризнавање, завист, злоба, омраза, грамзливост, уништување, чии корени лежат во бугарската санстефанска фантазија. Гостопримство, нула, тоа не живее во Бугарија.

Денес на дело ги видовме бугарскиот шовинизам, мега бугарскиот национализам и бугарската хегемонија. Тое е на далеку познатата бугарска доследност(историска, политичка и научна), дефинирана од државни институции како Академија(БАН) и институт(ИБЈ), а запишана во речник(РСБКЈ).

македонската историја, и нашиот македонски идентитет, и личната ни и колективна македонска меморија. Буквално и ептен се – се македонско да ти било бугарско. Ние сме биле “предатели на Бугарија“. Бог да те чува и да те брани. Невиден хомокретенизам. Море фундаментализам и дебилитет на тој и таков хомокретенизам.

Се на се, бугарски политички анахронизми, бугарски историски архаизми и неолит на бугарската свест. Климатизирано бугарско царство(од далечната 1878 година) и повампирен бугарски врховизам(од пред 127 години).


Дегаж! – Одбијте, бегајте бре присвојувачи и безочни клептомани на македонската историја и култура.

Сотир Костов

,,Купен ЏИП БМВ Х5 на СТАРО, НЕ Е ЛУКСУЗ” смета Наумоски

Уредно во законскиот рок е пријавена промена на мојот имот. Со продажба на постојно возило и купување старо возило со година на производство од 2010 година. Дванаесет години старо возило БМВ Х5 е луксуз?

Дополнително укажувам дека Антикорупциската комисија (ДКСК) во својата база ги нема ажурирано моите податоци од 2009 година како член на Совет на Град Скопје“, вели функционерот Александар Наумоски во демантот до ВМРО-ДПМНЕ која партија денеска го наведе како функционер кој крие имот во рамки на аферата што ја отвори партијата „тајни имоти“.

Во својот демант до ВМРО-ДПМНЕ преку медиумите Наумоски ја приложи, како што вели, пријавата со промена на имотната состојба доставена до Антикорупциската комисија (ДКСК).

„Во оваа прилика би сакал да пријавам до Дпмне дека во наше Ѓорче за 4 години се направија инвестиции како за 20 години. За четири години во Ѓорче се изградија над 110 улици во должина од 40 километри, поставен е водовод 5 километри, фекалнa 40 километри, паркинг 7700 м2. Нова градинка во Волково, доградба на Детелинка со три занимални, поставено е ново модерно ЛЕД SMART осветлување , го вративме старото Корзо, изграден е кружен тек во Волково, Јоаким Крчоски после 60 години доби нова спортска сала, правно е решен проблемот со административно-деловната зграда во паркот, изградивме и реконструиравме детски игралишта, поставивме гумени подлоги на спортските игралишта континуирана поддршка за сите спортисти, спортски клубови, уметници, социјални случаи, еднократна парична помош за секое новороденче… Доградба на две училишта. И многу други проекти.

Постојните проекти со кои сега се фалите се оставени со решена целосна проектна документација и обезбедени грантови. Како, фекалната канализација со пречистителна станица во Орман. Фасадите, крововите и реконструкција на тоалетите во училиштата. Партерното уредување на Крстот во Кучково и сите други општински проекти без тие кои ги прави Град Скопје.

Ѓорчепетровци очекуваат повеќе. Ваков дефокус и ширење лаги за ситна политичка добит е само доказ за криење на неспособност“, вели функционерот и поранешен градоначалник на Ѓорче Петров, Александар Наумоски.

Синот им ги врзал очите на родителите, тие плачеле кога погледнале што им приредил (ВИДЕО)

Синот им ги врзал очите на родителите бидејќи во знак на благодарност им приредил убаво изненадување. Тие плачеа кога погледнаа.

Многу луѓе се наоѓаат во ситуации кога треба да работат две или повеќе работни места за да ги платат сите сметки и да им дозволат на своите деца се што им треба.

Во овој случај, двајцата родители работеле по две работи за да имаат доволно пари за се што им треба.
Затоа нивниот син кога пораснал решил пријатно да ги изненади поради се што направиле за него.

ЛеХуан Џејмс е Јутјубер кој решил да ги изненади своите родители на многу убав и посебен начин.
Тој мисли дека тоа е најдоброто што може да го направи за нив, со оглед на тоа колку се жртвувале за своето семејство.

Им ги врзал очите и ги донел пред куќата што им ја купил на подарок за да им се заблагодари за се што му дале.

Погледнете ја нивната реакција:

Јовановиќ: Ако добро преброив, Урсула на два пати му се обрати на премиерот со „ДРАГ ДИМИТАР“, што во превод би значело

Топ фанот на СДСМ Ненад Јовановиќ заклучува дека позади Македонија стои Европска унија, а заклучокот го изведува од обраќањето на Урсула фон дер Лајен, која ДВА ПАТИ во текот на прес конференцијата му се обратила на премиерот со „ДРАГ ДИМИТАР“.

Претседателката на Европската комисија, Урзула фон дер Лајен, вечерва, на премиерот Ковачевски му се обрати – на два пати, ако пребројав добро – со “драг Димитар”, што значи му се обрати епистоларно, пријателски и со милост; што во дополнителен превод би значело дека позади С. Македонија стои Европската Унија лично. А, тоа, не е мала работа, напротив, тоа е неверојатна сила на заедништво и солидарност.

Надвор од сите дипломатски конвенции, вечерва добивме експлицитна и директна поддршка “в лице” дека патот кон Европа е трасиран.“, пишува Јовановиќ на фејсбук.

Ковачевски: Зимава никој нема да мора да бира меѓу греење и храна

Во однос на економијата и светската енергетска криза, премиерот Димитар Ковачевски во интервју за „Би-би-си“ вели дека Северна Македонија е либерална економија и оти како земја сме слободни во нашите надворешни односи. Ковачевски подвлече дека имаме инвеститори од европските земји, Кина, канадски компании, а најголемиот инфраструктурен проект што ќе го имаме е изградбата на Коридорот 8 кон Албанија и коридорот 10Д, автопат меѓу два големи македонски града, Битола и Прилеп, кои ќе бидат изградени од американскиот „Бехтел“ во конзорциум со турската компанија „Енка“, информираат денеска од Влада.

Во однос на енергетската криза, премиерот вели дека секој човек во криза, а оваа зима, како што нагласува, ќе биде најлоша по Втората светска војна, во вакви околности прво размислува за себе и за своето семејство.

-Кога сте премиер, мора прво да размислувате за сите граѓани, а на крај за себе. Јавно кажав дека никој во оваа земја нема зимава да биде оставен сам и никој нема да мора да бира меѓу греење и храна. Затоа, преку Светска банка, го обезбедивме најголемиот финансиски антикризен пакет, меѓу сите земји во регионот, којшто ќе биде наменет за најранливите категории на граѓани во земјата и за одржување на ликвидноста на компаниите, вели премиетот во интервјуто за „Би-би-си“.

Дополнително, нагласува, донесовме одлуки почнувајќи од април оваа година и тие ќе продолжат до крајот на годинава и, како што вели, ако ситуацијата е иста, и следната година ќе ја субвенционираат цената на електричната енергија за сите граѓани.

-Сите граѓани во државата добиваат петпати помала сметка за електрична енергија што би ја плаќале без субвенциите од Владата, а компаниите, на регулираниот пазар, 72.000 компании што вработуваат 98 отсто од работниците во земјата, исто така, добиваат субвенционирана цена на електричната енергија. Ги намаливме буџетските ставки што не се неопходни во време на криза и ги пренаменивме овие средства за борба со кризата и за помош на најранливите, оние со најниски пензии, добиваат дополнителна помош, најранливите, 41.000 жители на државата, месечно добиваат средства. Ја зголемивме минималната плата, ги зголемивме пензиите за 10 отсто во државата и сето ова е насочено кон граѓаните на државата, бидејќи никој не смее да биде оставен сам, нагласува македонскиот премиер во интервјуто.

Премиерот Ковачевски дополни дека од јануари следната година, ЕУ ќе обезбеди 80 милиони евра буџетска поддршка за соочување со енергетската криза. За Западен Балкан, ЕУ ќе обезбеди половина милијарда евра за енергетска транзиција, а тоа значи нови електрани, нова инфраструктура за снабдување со гас преку пристаништата во земјите. 

Самка најавува протести доколку во секоја институција не се вработи барем по еден Ром!

Претседателот на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР), и до пред десеттина месеци заменик-директор на Јавното Претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта „Македонија пат“, Самка Ибраимоски, најави протести низ цела земја, доколку не се започне со вработување на Роми во државни институции.

Според соопштението кое тој го објави, ПЦЕР ќе покренела иницијатива до премиерот Димитар Ковачевски, да во секоја јавна институција има барем по еден вработен Ром, затоа што тие биле застапени со најмал процент.

-ПЦЕР ќе покрене иницијатива до премиерот, да во секоја институција да има по еден Ром вработен, затоа што најмал процент се застапени Ромите, а не да се вработува по балансерот, и ќе предложиме да се укине балансерот.

Вработувања во следните институции- Матична служба, во секој град по еден, Центар за социјални работи по еден во секој град, ПИОМ во подрачните служби – по еден во секој град, Подрачна за здравство – по еден во секој град, Агенција за вработување во подрачните единици низ Републиката, и во сите институции по градовите низ Републиката што постојат подрачни служби, УЈП, Министерство за правда, Министерство за финансии и други.

Доколку ваквата иницијатива не се прифати, ПЦЕР ќе организира масовни протести во цела Македонија, пред Влада и Собрание, ќе имаме трпение, но во најкраток можен рок ова иницијатива да почне да се применува – објави Ибраимоски.

Тој е активен во политиката околу три децении. Годинава во јули беше реизбран за лидер на ПЦЕР. Кога пред десеттина месеци се повлече од функцијата заменик директор на ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта ,,Македонија пат”, ја образложи одлуката со тврдењето дека како партија не им биле остварени ветувањата за нивно учество во извршната власт.

Тогаш изјави дека требало да биде генерален директор на „Македонија пат“, но ветувањето не се исполнило.

Извор: Фокус

Велешанка со такси одела да купи дрога за сопругот во затвор, ја фатиле на патарина

Сопругата од Велес ја купила дрогата кај Катланово за 1 800 евра, но не успеала да му ја однесе на сопругот кој се наоѓа во затвор, бидејќи на враќање полицијата ја фатила на патарината „Сопот“.


Жена од Велес е под истрага заедно со нејзиниот сопруг кој се наоѓа во затвор и такси-возач, бидејќи купувала марихуана и хероин.

И сопругот и возачот се под истрага и сите тројца се сомничат за делото неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

Велешанката (30) дрогата ја купила за сопругот што издржува казна затвор и таа била во количина од 978,6 грама марихуана и 0,31 град хероин. Меѓутоа, не успеала да ја однесе во затворот бидејќи ја фатиле на патарина кога се враќала од „пазарење“.

„Сопругот телефонски ја известил осомничената дека треба да оди во Скопје за од таму да ја преземе дрогата која потоа требало да му ја предаде нему во затворот. Таа го ангажирала третоосомничениот со неговото такси-возило да ја превезе. Во близина на Катланово, оштетената излегла од такси-возилото, па ја купила дрогата од непознато лице за сума од 1 800 евра и се вратила во возилото каде му кажала на третоосомничениот дека ја набавила дрогата. Со автомобилот се упатиле кон Велес, но на наплатната станица Сопот, полициски службеници од СВР Велес извршиле контрола, ја пронашле и ја одзеле наркотичната дрога“ соопштија од Основното јавно обвинителство Велес.


За велешанката и за возачот, обвинителството побарало од велешкиот суд да им одреди и мерка притвор.

АПЕЛ ЗА ПОМОШ: Жена и три дечиња останаа на улица – куќата им изгоре!

На социјалните мрежи е упатен апел за помош на семејство.

Се работи за мајка и три дечиња од скопско Катланово на кои пред неколку денови им изгорела куќата и истите во моментов се оставени на улица.

Нејзиниот сопруг починал откако бил хоспитализиран во многу тешка состојба.

Немаат ниту храна, ниту облека. Доколку сакате да донирате финансиски средства, тоа можете да го направите преку:

Здружение на граѓани “Стопли Срце”
Сметка за донации: 270072685480143
IBAN: MK07270722000030435
HALKBANK

Стојменов на 11 години бил Цар Самоил

Борис Стојменов, сопственик на Канал 5 телевизија, поранешен министер и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, во синоќешното издание на емисијата Во центар откри до сега нечуени детали од неговото политичко и животно минато.

“На мои 11 години во родното Вељуса, струмичко, ме викаа Цар Самоил.

Во 1952 година имаше болест шап која ги фаќаше овците. Со таа болест овците кривеа на една нога, ослепуваа на едно или на двете очи. Јас ги чував и редовните, но ми ги дадоа и заболените 150 овци, која крива, која саката.

Одев со сакатите 150 овци сред село, сите ме гледаа, викаа еве ја војската на Стојменов и така ме завикаа Цар Самоил.” – изјави Стојменов во интервју со Васко Ефтов.