(ВИДЕО) Каков потег на Ноле во сред парк во Париз!

Новак Ѓоковиќ е во Париз, каде што се очекува оваа недела да учествува на Мастерсот во салата Берси. Тој пристигна во Градот на светлината во саботата попладне и веднаш се фати за напорна работа!

На Ноле не му е ново да трча во парк кога оди на турнир. Сосема е нормално да го сретнете како џогира, а во Астана цело обезбедување трчаше по него. Во Белград речиси секој ден можете да го сретнете на Дорќол како трча по кејот со својот фитнес тренер.

Градоначалникот на Благоевград не може да се помири со отворањето на македонскиот клуб

Градоначалникот на Благоевград Илко Стојанов во врска со вчерашните случувања околу отворањето на клубот „Никола Вапцаров“, за БНТ изјави дека е важно што се поминало мирно и без нарушување на јавниот ред во градот, јавува дописникот на МИА од Софија.

Стојанов не очекува нови тензии. Според него, Благоевград е многунационален град во кој живеат и живеат луѓе од различни националности како една заедница меѓу себе. Така да не очекува никакви нарушувања на состојбата во таа насока.

Илко Стојанов коментира дека македонскиот клуб е нелегитимен бидејќи не е во согласност со Законот за организација на територијата на Бугарија и додаде дека тој повеќе е канцеларија во која се собираат луѓе на приватна основа. Според Стојанов, клубот не треба да го носи името на Никола Вапцаров.

Денеска се честува Светиот апостол, евангелист, љубезниот лекар ЛУКА

 Роден е во Антиохија. Во младоста добро ја изучи грчката философија, медицината и иконописот. Во времето на делото на Господ Исус на земјата Свети Лука дојде во Јерусалим и таму Го виде Спасителот лице в лице, ја чу Неговата спасоносна наука и стана сведок на Неговите чудесни дела. Откако поверува во Господ, свети Лука беше вбројан меѓу Седумдесетте апостоли и пратен на проповед. Заедно со Клеопа Го виде воскреснат Господ на патот за Емаус (Лука 24).

По слегувањето на Светиот Дух на апостолите, Лука се врати во Антиохија и таму му стана сотрудник на светиот апостол Павле со когошто патуваше во Рим, обраќајќи ги во Христовата вера Евреите и незнабожшците. „Ве поздравува Лука, лекарот љубезен“, им пишува на колосјаните светиот апостол Павле (Колосјани 4, 14).

На молба на христијаните го напиша Евангелието, околу 60 година. После маченичката смрт на апостолот Павле, свети Лука го проповедаше Евангелието по Италија, Далмација, Македонија и на други места. Ја иконописаше Пресвета Богородица – и тоа не една туку три икони – а исто така, и светите апостоли Петар и Павле. Оттука, свети Лука се смета за основач на христијанскиот иконопис.

На старост го посети и Горен Египет. Од Египет се врати во Грција, каде што со голема ревност продолжи да проповеда и да ги обраќа луѓето кон Христа, не обѕирајќи се на својата длабока старост. Свети Лука ги напиша Евангелието и Делата Апостолски, обете посветувајќи му ги на Теофил, кнезот на Ахаја.

Имаше осумдесет и четири години кога злобните идолопоклоници го подложија на маки заради Христа и го обесија на една маслинка во градот Тива (Теба) Беотиска. Чудотворните мошти на овој прекрасен светител во времето на Константиновиот син, царот Констанциј, беа пренесени во Цариград.

УЕФА ја казни фудбалската репрезентација на Македонија со 14.500 евра за свиркање на бугарската химна

УЕФА ја казни фудбалската федерација на Македонија поради однесувањето на локалната публика при натпреварот со Бугарија пред еден месец кога во тензичната атмосфера беше исвиркана бугарската химна.

Македонија сега треба да плати вкупно 14.500 евра, од кои 10.000 за исвиркувањето при интонирање на бугарската химна и 4.500 за фрлање предмети на теренот во арената „Тоше Проески“.

Санкцијата беше очекувана врз основа на слични одлуки на дисциплинската комисија на УЕФА.

Трагедија во Индија – 60 ЛУЃЕ ЗАГИНАА откако падна висечки мост (Видео)

Мостот изграден во 19 век не можел да ја издржи тежината опд многуте луѓе на него. Бил реновиран и отворен пред четири дена.

Најмалку 60 луѓе загинаа, а многу се стравува дека се повредени откако еден век стар кабелски висечки мост се урна во река во неделата вечерта во западната индиска држава Гуџарат, предизвикувајќи стотици да паднат во водата, соопштија властите.

Властите соопштија дека мостот од 19 век, од колонијалната ера над реката Маччу во округот Морби во државата се урна бидејќи не можеше да се справи со тежината на големата толпа, откако сезоната на хинду фестивали привлече стотици луѓе кон неодамна отворената туристичка атракција. Мостот беше затворен за реновирање речиси шест месеци, а беше повторно отворен пред само четири дена.

Не се знае точно колку луѓе имало на мостот долг 232 метри, но властите стравуваат дека бројот на жртвите може да се зголеми. Државниот министер Бријеш Мерја за новинарите изјави дека досега починале 60 лица и дека 17 лица се примени во болниците.

Македонски гејмери станаа СВЕТСКИ ШАМПИОНИ, заработија 8,5 милиони долари ! (Фото)

 Македонскиот гејмер Мартин Саздов – Сакса, стана светски шампион во Дота 2, предводејќи го тимот Тундра до убедлива победа во денешното финале на 11. издание на најпрестижниот турнир за оваа игра.

„Сакса“ и неговите четворица колеги во интернационалниот тим Тундра денеска со убедливи 3:0 го совладаа Тим Сикрет во финалето на турнирот кој годинава се одржуваше во Сингапур, а за Македонецот ова е и најголем успех во е-спорт кариерата.

 Овој турнир е препознатлив и по богатиот награден фонд, па нашиот претставник е дел од екипата која ќе заработи нецели 8,5 милиони долари за денешниот триумф.

Саздов во 2016 година беше вицешампион со тимот на Дигитал Хаос на истиот турнир, па годинешниот настап е чекор понапред и вистинска гордост за македонската гејмерска сцена.

„Не ми мавтај со раката“: Му рече Mицкоски на бугарскиот провокатор

Денеска за малку ќе дојдеше до сериозен инцидент во Благоевград на отворањето на клубот „Никола Вапцаров“. Кога македонската делегација на чело со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се упатуваше кон споменикот на Гоце Делчев беше пресретнат од еден провокатор кој недолично му се однесуваше и закануваше.

Левица тврдат дека лидерот Димитар Апасиев бил физички нападнат.

На тоа Мицкоски смирено му одговори: „Не ми мавтај со раката“ по што пристутните почнаа да скандираат „Македонија“, Македонија“.

Видеото го објави република.мк:

https://fb.watch/gupBUrLGGz/

(ВИДЕО) Апасиев бил физички нападнат во Бугарија

На денешното отворање на македонскиот културен клуб, претседателот на Левица – Димитар Апасиев беше физички нападнат, велат од Левица.

– Провокаторот за време на целиот настан беше уфрлен во групата од Македонија, со дозвола од бугарската полиција, при што носеше звучник од кој се слушаа бугарски фашистички маршеви.

Кога присутните му ја исклучија музиката, провокаторот физички го нападна претседателот на Левица, Димитар Апасиев! , велат од Левица.

Левица објави и видео, но на видео материјалот не се гледа ликот на Апасиев.

Видео:

Отворен македонскиот културен клуб во Благоевград

Отворен е македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград. Отворањето на клубот, според основачите, е со цел да ги зближи двата народа и да ги надмине разликите.

– Ова е клуб којшто ќе помогне во Бугарија да ја препознаат македонската култура, а со неа и македонскиот народ. Културниот момент е тој којшто навистина може да ги зближи народите и да ги надмине разликите, беше речено на отворањето на клубот.

Отворањето на клубот го следат голем број новинарски екипи, а има и засилено полициско обезбедување.

Наспроти македонскиот клуб, во организација на ВМРО – Бугарско национално движење отворена е изложба со бугарското знаме и слика од цар Борис Трети и дел од македонските револуционери меѓу кои Гоце Делчев и Јане Сандански проследена со гласна музика. ВМРО-Бугарско национално движење најави и протест. (МИА)

Џамбаски повика на протест во Благоевград – да се урне ,,македонизмот на србоманите од Скопје”

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски повторно провоцира во пресрет на утрешното отворање на македонскиот клуб Никола Вапцаров во Благоевград, во Пиринска Македонија.

Џамбаски ги повика сите да излезат на протест со цел да се урне „македонизмот мотивиран од србоманите од Скопје”.

Бугарскиот национален интерес мора да биде заштитен затоа секој вистински Бугарин треба утре да дојде во Благоевград пред споменикот на Георги Николов Делчев. Заедно да ја заштитиме иднината, сегашноста и минатото, рече Џамбаски.