Путин со виц против Западот и санкциите: Тато, зошто е ладно?

Рускиот претседател Владимир Путин кажа виц за санкциите против Русија.

Во вицот на Путин, на запад син го прашува својот татко зошто е ладно.

Неговиот татко одговара дека тоа е поради рускиот напад на Украина и поради санкциите воведени кон Русија.

Тогаш синот го прашува таткото зошто се воведени санкциите, а таткото одговара дека тоа е со цел Русите да се чувствуваат лошо.

А, ние сме Руси?, прашал синот.

Не, одговорил таткото

Епа тогаш зошто ни студи и ние се чувствуваме лошо, зачудено прашал синот

Путин вчера изјави дека се наоѓаме на историски пресвртница.

Во современиот свет ретко кој ќе може да остане настрана. Оние кои сеат ветер ќе жнеат бура. Настаните продолжуваат да се развиваат според негативното сценарио и се претворија во криза од големи размери, рече Путин.

Македонците од Бугарија го спукаа Османи – Си барате изговор зашто нема да дојдете, ова е срам !

Македонците од Бугарија денеска испратија отворена порака до министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој во изјава за БТВ изјави дека „треба да се види кој стои зад отворањето на македонскиот клуб во Благоевград“.

Тие велат дека е познато и не кријат кој стои зад клубот.

„Тоа е на право место Друштво за заштита на основни човекови права во Благоевград, друштво кое повеќе пати ја истакнува својата поддршка за евроинтеграцијата на Македонија и за добрососедството меѓу Македонија и Бугарија. Финансиери на Клубот се двајца истакнати припадници на македонската заедница во Торонто Канада: Глигор Цанев и Минчо Остас. Посредник е Македонско меѓународно движење за човекови права. Но, господинот Османи не се интересира ниту за тоа кој го отвора клубот, ниту кој го финансира, туку се фиксирал само врз некои искажувања на посредникот искажувани во врска со други настани. Можеби затоа што си барате изговор зошто нема да дојдете?!“, реагираат од ОМО Илиден Пирин.

Велат дека ова е срам, затоа што шефот на македонската дипломатија ќе проверува што граѓани на друга земја прават во својата земја и што граѓани на трета земја финансираат.

Инаку, бугарското Министерство за надворешни работи(МНР) повика на смиреност пред отварањето на клубот „Никола Вапцаров“ во недела.

Претседателите на Левица и ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Апасиев и Христијан Мицкоски веќе најавија дека ќе присуствуваат на отворањето. Премиерот Димитар Ковачевски нема да оди, и објасни дека во недела ќе биде во Скопје. Претседателот на државата, Стево Пендаровски нема да оди во Бугарија, но го испраќа генералниот секретар Миле Бошњаковски. Општина Благоевград  прво го забрани отворањето, потоа се премисли, а дополнително информираа дека тоа било приватен клуб. Тие нема да се појават на отворањето на клубот.

Гиговска направи бум со новиот стајлинг (Фото)

Во соработка со нејзината стилистка, Антониа Гиговска се појави во смел стајлинг по повод почетокот на 14-тата сезона од емисијата „Еден на еден“.

Антониа Гиговска е гостинка во првата епизода од новата сезона од емисијата „Еден на еден“.

За отворањето на 14-тата сезона од проектот на Жарко Димитриоски, Антониа облече специфичен стајлинг, креиран од нејзината стилистка Викторија Бурсаќ Петров.

Нејзиниот пост:

https://www.instagram.com/p/CkOT6w8tjl8/?igshid=YmMyMTA2M2Y=

Пејачката се појави во розово металик здолниште на шнирање, бели чорапи и зелени потпетици.

Стајлингот на Антониа Гиговска:

Спасовски штедел – Лета со нискобуџетни авиокомпании

Оливер Спасовски, Министерот за внатрешни работи во земјава во гостување во Канал 5 ТВ изјави дека за службените патувања многу често користи нискобуџетни компании.

Тој вели дека во услови на криза, мора да се рационализираат сите трошоци бидејќи тоа се финансиски средства на граѓаните и важно е да се вршат работите со најмал можен трошок.

Тоа не е ништо чудно, треба да ги користиме сите можности за да одбереме најповолни понуди за летање и во смисла на цена и во смисла на конекција. Многу често ги користам Изиџет, Визер, Рајанер итн., истакна Спасовски

Ковачевски беше по бургери во Прилеп (Фото)

Фејсбук статус на премиерот Димитар Ковачевски:

Денешниот ден го завршувам со вкусната храна во една од најпознатите сендвичари во Прилеп. Со сопственикот Никола разговаравме за почетоците на неговиот бизнис, но и за идните планови кои тој ги има.

Драго ми е кога гледам вредни луѓе кои со љубов и труд вложуваат во семејните бизниси, во градот во кој живеат и придонесуваат во развојот на економијата.

Ријана објави нова песна по речиси седум години (Видео)

Речиси седум години по нејзиниот последен албум „Anti“ и повеќе од пет откако беше редовно име на поп-листите, Ријана конечно ја претстави новата песна.

Песната „Lift Me Up“ е најавена како почит на починатиот актер Чедвик Боузман, кој ја играше главната улога во првиот дел од филмот „Black Panther“ пред да умре од рак во 2020 година.

Автори на песната се Темс (една од најголемите поп-ѕвезди што се појавија во Африка во последниве години), Лудвиг Горансон (продуцент и композитор кој освои Оскар за неговата прва музика за „Black Panther“), Рајан Куглер (кој ги режираше двата филма „Black Panther“ ) и Ријана.

Првиот дел од филмот „Black Panther“ од 2018 година беше доста значаен и по саундтракот, компилација со многу ѕвезди. Продолжението, „Black Panther: Wakanda Forever“, исто така добива големо музичко засилување, предводено од „Lift Me Up“, новиот сингл на Ријана објавен денеска.

ВИДЕО: Хрватскиот министер за здравство – „Здрав човек има 100 жени“

Хрватскиот министер за здравство Вили Берош на вчерашната прес-конференција имаше лапсус кој стана вирален на социјалните мрежи.

Зборувајќи за здравствените реформи, Берош сакаше да каже народна мудрост, но направи гаф.

-Здрав човек има сто жени, рече Берош кој со изјавата предизвика смеа во салата.

Кога сфати што изговори, и самиот се насмеа и призна дека ваквиот лапсус му се случува по вторпат дента.

-Ќе се поправам и ќе кажам дека болниот човек има само една желба. Тоа секако е да оздрави, заклучи министерот.

Видео:

https://www.facebook.com/vecernji/videos/422997516697688/?app=fbl

Ристо Пенов е новиот министер за локална самоуправа

Собранието денеска со 63 гласа „за“ го избра Ристо Пенов за министер за локална самоуправа на 88. седница. Пенов доаѓа на министерската функција откако неговиот сопартиец и претходник Горан Милевски поднесе оставка од функцијата од лични причини.

Расправата за изборот на Пенов траеше три дена, а во тек на денешната дебата пратениците од ВМРО-ДПМНЕ нагласија дека заслугите на Пенов не се „толку големи“. Пратеникот Антонио Милошоски рече дека „е нејасно зошто Курто Дудуш не е предложен за министер за локална самоуправа“.

– Можеби Ристо Пенов бил некогаш подобро запознаен со предизвиците на локалната самоуправа и проблемите со кои се соочуваат општините, но има градоначалници во овој момент кои се соочуваат со актуелните проблеми и знаат што е најсериозно потребно за локалната самоуправа да се развива. Курто Дудуш е од ЛДП кандидат и нејасно е зошто ЛДП нема доверба тој да е министер за локална самоуправа. Курто Дудуш најверојатно не е пожелен ни во ЛДП, ни во Владата да ги застапува интересите на локалната самоуправа, рече Милошоски.

Мојата препорака до премиерот и до Ристо Пенов, како што рече, е „да се охрабрат и да им овозможат на граѓаните да изберат премиер, министер за локална самоуправа, за економија, за здравство и се друго, луѓе на кои ќе им веруваат, бидејќи очигледно е дека овој тим остварува само неуспеси“.

Пратеничката од СДСМ Санела Шкријељ верува дека Пенов ќе биде на „познат терен“ во ресорот локална самоуправа и на тоа според неа може да се гледа како позитивен развој на настаните.

– Метрополата се најде во клинч меѓу Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ кое ја донесе на тоа место. За жал, поради неуспешниот партиски пазар стана јасно дека Скопје ќе се гуши во ѓубре, ниту едно дрво нема да биде засадено, јавниот сообраќај ќе остане нерешен, греењето и осветлувањата Владата ќе ги решава, а Данела и ВМРО-ДПМНЕ ќе ја шират војната и во останатите општини во Градот Скопје. Од тие причини, уште повеќе го поддржувам предлогот Ристо Пенов да биде избран за министер и се согласувам со очекувањата на премиерот дека треба и врувам дека тој ќе демонстрира посветеност, работа, чесен пристап кон граѓаните и државата. Знам дека и колегите од опозицијата го делат ова мислење за Пенов без разлика на овој перформанс наменет исклучиво за нивното гласачко тело, рече Шкријељ.

Пратеничката од ЛДП Моника Зајкова вели дека Ристо Пенов е еден од ретките политичари за кој сеќавањата во јавноста се позитивни и кој важи за политичар кој асоцира на стабилност и на искуство.

– Не е човек кој само приватизирал, туку човек што ги средил состојбите во градот Скопје. Пенов е татко на функционалноста на Скопје, новата автобуска станица, стазата на кејот, модернизација на скопскиот плоштад и ред други проекти за кои може да сведочат граѓаните, рече Зајкова.

Пратениците продолжија со втората точка на дневен ред, односно изборот на уставни судии, за што дебатата заврши и треба само да се гласа за Фатмир Скендер и Татјана Васиќ Бозаџиева. На седницата на дневен ред, меѓу останатите, се и закони поврзани со мерките за справување со енергетската криза, како и измените на законите за здруженија и за политичките партии.

Нови дојави за бомби: Трет ден по ред се евакуираат средношколците во училиштата во Скопје

По два дена закани за бомби во средните училишта во градот Скопје, кои ја вознемирија јавноста, и денеска информации за нови евакуации.

Според информациите биле евакуирани средношколците од гимназијата „Никола Карев“.

На ова претходат два дена дојави за поставени бомби низ девет скопски средни училишта, за кои беше утврдено дека се лажни

Таравари: Мислам дека Александар Македонски не бил Македонец, ниту Грк, ниту Албанец…

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари во емисијата „Само Интервју“ кажа дека Бугарите претеруваат со одредени барања.

„Мислам дека чепкаат во достоинството на македонскиот народ и тоа не е коректно. Некои работи треба да останат во историјата. Мислам дека Александар Македонски не бил ниту Грк, ниту Албанец, ниту Македонец. Бил нешто што сега не постои“, вели Таравари.

Се претерува со барањата такво нешто да биде услов за почеток на преговори со ЕУ.