Connect with us

Македонија

„Најкорумпираниот човек во државата не може да изигрува ПРОРОК“

Published

on

Ако можам да го споредам, и ако премногу добра би била споредбата Артан Груби е едно зајдисонце кое што е во неуспешен обид ова заоѓање да му трае што подолго. И оваа негова изјава е само во насока за негов личен спас, во насока да наштети на ВМРО-ДПМНЕ со тоа што го зема во прегратка пратениците на Левица за кои што тврди дека сигурно ќе гласале против уставните измени и во насока да ја покрие корупцијата во ДУИ чиј што тој лидер е еден од првите најкорумпирани. Вака денес Дафина Стојаноска, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, реагираше на ставовите на Артан Груби во последното интервју, во кое првиот вицепремиер тврди дека имаат повеќе од 80 пратеници за изгласување на уставните измени.

Стојаноска рече дека Артан Груби не може да се однесува како пророк, а ниту пак да говори за европски вредности.

-Не може Артан Груби да се однесува како пророк да кажува што ќе се случува со нашите пратеници и со нашите коалициони партнери. Затоа што тука се уште се едни двајца пратеници кои што во 2018-та не попуштија би рекла и на човечки и нечовечки притисоци кои што тогаш ги имале. Така да ќе кажам дека граѓаните во Република Македонија во моментов на ваква криза најсензитивни се на зборот корупција. И лик како Артан Груби најкорумпиран во државата не може да се однесува ниту како пророк, а ниту да зборува за европски вредности, нагласи пратеничката.

Инаку, првиот вицепремиер претходно изјави дека е сигурен оти уставните измени ќе се изгласаат и дека дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе попуштат.

Македонија

Божиновска: Продлабочување на економската соработка со Чешка

Published

on

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска во Прага оствари значајни разговори со чешките партнери со цел зајакнување на економската соработка меѓу Македонија и Чешка.

„Наш интерес и стратешка определба е да ги зацврстуваме пријателствата и економските врски со држави како Чешка, со кои споделуваме заедничка визија за раст и развој. Затоа, лично преземам иницијатива за продлабочување на соработката во клучни сектори – енергетика, инфраструктура и инвестиции,“ изјави Божиновска.

Таа нагласи дека Македонија нуди стабилна и предвидлива деловна средина, а Чешка е докажан стратешки партнер. Разговорите се фокусирале на конкретни можности за нови инвестиции, подобрување на транспортната поврзаност и зголемување на трговската размена меѓу двете земји.

„Време е зборовите да ги претвориме во проекти што носат резултати,“ истакна министерката, посочувајќи дека продлабочувањето на соработката со Чешка е клучно за економскиот развој на Македонија.

Continue Reading

Македонија

Акција на полицијата: Приведени 11 лица за криминалот со мазут, пронајдено оружје и муниција!

Published

on

При претресите, полицијата пронашла и одзела документација, 5 мобилни телефони, околу 1.500 парчиња муниција од различен калибар, два пиштоли и три патнички моторни возила.

Во координирана акција на Министерството за внатрешни работи (МВР) и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал (ОЈО за ГОКК), синоќа беа спроведени претреси на повеќе локации во Скопје, Битола и во Кичево, а акцијата е реализирана во врска со сомнителни набавки на деривати, информираше МВР преку соопштение.

При претресите, полицијата пронашла и одзела документација, 5 мобилни телефони, околу 1.500 парчиња муниција од различен калибар, два пиштоли и три патнички моторни возила.

„Во рамки на акцијата, лишени од слобода се 11 лица, едно лице е недостапно за органите на прогонот, додека едно е веќе во притвор. До ОЈО за ГОКК е поднесена кривична пријава за ‘злоупотреба на службена положба и овластување’ и ‘перење пари и други приноси од казниво дело’ против 13 физички лица и едно правно лице. Осомничени се: В.К. (55) од Битола, А.М. (44) од Скопје, Н.С. (61) од Општина Маврово и Ростуше, Е.П. (52) од Скопје, М.Н. (60) од Скопје, Б.М. (51) од Скопје, Р.Р. (48) од Општина Желино, Д.С.Ј. (43) од Куманово, Д.С. (66) од Скопје, Д.С. (43) од Велес, Р.К. (38) од Скопје, Е.С. (43) од Кичево, А.Ј. (40) од село Пласница и правно лице со седиште во Скопје. МВР, по насоки на надлежниот јавен обвинител, продолжува со истрагата и со преземање на дополнителни активности за обезбедување на докази поврзани со други потенцијални кривични дела“, се вели во соопштението.

Како што објави Плусинфо приведен е Ратко Капушевски познат увозник на нафтени деривати. Плусинфо неофицијално дознава дека полицијата го „обезбедила“ приуството на Асмир Јахоски, првиот човек на „Пуцко Петрол“.

Разоткриена е мрежа на увозници кои противзаконски испорачале некаков вид горива со сомнително потекло и квалитет. Овие горива најчесто содржат високи нивоа на сулфур, тешки метали или други штетни соединенија, што можат да доведат до сериозно загадување на воздухот и на почвата.

Состојбата е аларманта со степенот на загаденост, а според извештаите на повеќе институции, неколку илјади граѓани годишно го губат својот живот. Токму загаденоста се смета како една од најголемите причини и за иселувањето.

Некои имиња инволвирани во криминалните активности често се споменуваа во минатото, како заштитени бели мечки од одредени центри на моќ.

Се работи за огромна сума околу 10 милијарди денари испумпани преку фиктивно договори за позајмици и посреднички услуги за испорака на сомнителни горива.

Во моментов, државата испраќа јасна порака – нема толеранција за оние што го трујат народот!

Извор: plusinfo.mk

Continue Reading

Македонија

Интервју со Горан Садикаријо: Евреите даваат свој придонес во развојот на македонската држава

Published

on

Од антиката, откога датира најстарата позната синагога во светот надвор од Израел, таа во Стоби, па до денешен ден, посетителите можат да научат дека животот на Евреите во Македонија ниту почнува ниту завршува со холокаустот, туку тие и денес постојат и даваат свој придонес во развојот на македонската држава и општество.

Оваа, како и секоја година, се сеќаваме со длабока почит на 7.144 македонски Евреи од Скопје, Битола и Штип, кои беа депортирани во центарот за убивање Треблинка, на територијата на тогаш окупираната Полска, што претставува 98 отсто од вкупното еврејско население во Македонија во тоа време. Годинава имавме тридневно одбележување со Комеморативна програма во Битола, Штип и во Скопје, која вклучуваше различни активности, вели Горан Садикаријо, извршен директор на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија по повод 11 март, Денот на депортацијата на македонските Евреи.
Годинава се промовира и книгата „Спасувањето, прогонот и холокаустот во Царството Бугарија (1940-1944)“ од Леа Коен. Во соработка со Италијанската амбасада, во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија ќе се одржи и проекција на италијанскиот документарен филм „Здивот на Шломо“.

Целиот текст на Слободен Печат

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк