Connect with us

Uncategorized

Прохор бил роден во Овчеполието, живеел во пештера 32 години, му ја раскажал иднината на царот Диоген, а светите мошти го одбрале местото на денешниот манастир

Пустиножителот кој му ја претскажал иднината
на царот Диоген.

Свети Прохор Пчински Според житието Свети
Прохор Пчињски потекнувал од некое село од
Овчеполието. Родителите, татко му Јован и
мајка му Ана биле чесни и побожни луѓе што
долго немале деца. Поради тоа биле несреќни и
секогаш го молеле Бога да им даде пород. И по
многу години Бог ги дарувал со машка рожба на
која и ставиле име Прохор. Му се радувале и го
воспитувале во христијански дух, а кога
пораснал сакале да го оженат, да формира
семејство и да го наследи имотот. Но Прохор
сакал да му се посвети на Бога. Еднаш во
црквата ги слушнал овие зборови од светото
Евангелие: „Кој го сака својот татко, или својата
мајка повеќе од мене, не ми е достоен, кој ја
сака жената или децата повеќе од мене, не ми е
достоен; кој сака да го земе својот крст и по
мене да дојде – стопати ќе биде примен и
вечниот живот ќе го наследи“.

По излегувањето од црквата Прохор се упатил кон планината и започнал испоснички живот. Најпрвин живеел во една пештера во близината на селото Старо Нагоричане, Кумановско. Се хранел со зелје и корења од трева, живеел во пост и молитви, зиме на мраз, лете во пот. На тоа место без да види човек, а дружејќи се само со дивите ѕверови минал 32 години.

Тука имал средба и со Роман Диоген, идниот
цар на Византија, на кого му ја претскажал
иднината. Имено, житието раскажува дека
еднаш кога Диоген бил на лов во овој крај бркал
една срна. Срната дошла пред пештерата и
легнала пред нозете на светецот. Потоа по неа
дошол и Диоген кој се исплашил од глетката и
се засрамил од старецот, поради што почнал да
бега од местото. Но и се изненадил кога
старецот го повикал по име: „Диогене, немој да
бегаш, но врати се, и јас сум човек“. А кога се
вратил кај старецот барајќи прошка и благослов
овој му рекол: „Диогене, речено е да одиш во
Цариград и да бидеш цар, но кога ќе дојдеш на
престолот спомени ме мене, старецот, поради
пророштвото што ти го изреков“.

Диоген навистина станал цар на Византија во
периодот 1067-1071 година, и тогаш го
заборавил светиот Прохор. Овој пак монашкиот
живот го продолжил во планината Козјак во
една пештера во близината на реката Пчиња
каде што и умрел на 14-тиот ден од месецот
октомври, а неговото тело долго не се
распаднало.

Царот Роман Диоген навистина заборавил на
светиот старец но еднаш тој му се јавил во сонот
и му рекол: „Ја заборави твојата облека и мене
старецот“. Тогаш тој тргнал да го бара на
местото каде што ја имал чудната средба со
него и со срната. А кога не го нашол, за спомен
изградил убава црква што и денес ги восхитува
случајните и намерните посетители на селото
Старо Нагоричане. А кога сакал да се врати во
Цариград пак во сонот му се јавил светецот и му
рекол дека ако го бара ќе го најде во планината.
Царот со придружбата тргнале низ планината и
на едно место виделе како бел орел излегува од
една пештера. Во таа пештера го нашле телото
на светецот уште нераспаднато. Царот и
придружбата се поклониле пред светите мошти,
и ги понесле кон реката со намера да ги
положат во манастирот посветен на неговиот
спомен. На едно место ковчегот со светите
мошти застанал и не можеле да го помрднат, а
светецот во сонот му рекол на царот: „Нема да
ме однесеш оттука“. Тука е изграден
манастирот што го носи името на Свети Прохор
Пчињски, а неговите свети мошти и денес лежат
во црквата од десната страна на олтарот.

Царот Диоген по овие настани среќен се вратил
во Цариград.

Свети Прохор Пчињски починал на 14 септември
(с.с.), но поради тоа што на овој ден се празнува
големиот празник Воздвижение на чесниот
крест (Крстовден) празнувањето на
преподобниот Прохор е пренесено на 15 јануари
(с.с.).

Најстариот портрет на Свети Прохор Пчињски
заедно со портретот на Свети Јоаким Осоговски
се среќаваат во црквата „Свети Ѓорѓи“ во Старо
Нагоричане (по обновувањето) завршени во
1318 година, како единствени претставници на
локалниот култ.

Манастир „Свети Прохор Пчински“
Манастирот на реката Пчиња е подигнат во 11
век. Манастирот бил и зографски центар, а и
препишувачка школа, односно ракописен
центар. Живописот на црквата е од 1489 година.
Во 1944 година во манастирот е одржано
Првото заседание на АСНОМ.

Тој е значаен за историјата на македонскиот народ поради тоа што во него се одржало првото заседание на АСНОМ и како дел од Вардарска Македонија што ѝ припаднал на СР Србија со формирањето на втората Југославија. Денес се наоѓа во општина БујановацРепублика Србија.

Uncategorized

Чарлс откри каква е улогата на Британија ако Русија ја нападне Европа

Британскиот крал Чарлс истакна дека Велика Британија и Германија се подготвени да ја поддржат Европа во услови на закана од понатамошна руска агресија. Тој го пофали заедничкиот одбранбен договор со Германија, нарекувајќи го „уникатно партнерство во срцето на НАТО“, јави Скај њуз.

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој е во тридневна државна посета на Обединетото Кралство, изјави дека двете земји работат рамо до рамо за да ја промовираат безбедноста и стабилноста на Европа, со посебна поддршка за Украина. Ова е прва официјална посета на германски лидер на Велика Британија по 27 години.

За време на престојот, Штајнмаер се сретна со британскиот премиер Кир Стармер на тркалезна маса со бизнис лидери, како дел од проект за електрични возила вреден 20 милиони евра, кој ќе отвори 150 работни места во Нортхемптоншир и Оксфордшир. Во јули, двете земји го потпишаа Договорот од Кенсингтон, со кој се зацврстува соработката во прашања како Украина, миграција, економски раст и трговија.

Посетата вклучи церемонијален воен пречек, возење со кралска кочија и положување цвеќе на гробот на кралицата Елизабета Втора во капелата „Свети Ѓорѓи“, а на банкетот во Виндзор кралот Чарлс се пошегува за нивната заедничка љубов кон фудбалот, додавајќи дека „на крајот, Германците победуваат“.

Continue Reading

Uncategorized

Сите камери за брзина веќе се мапирани од оваа апликација

Додека проектот „Безбеден град“ е во тест-фаза, возачите ширум земјата веќе ја користат апликацијата Waze за да се прилагодат на новите правила и масовното мерење на брзината. Корисниците го прават ова преку дигитално мапирање на речиси сите камери што мерат брзина.

„Waze“ е навигациска апликација која во реално време прикажува сите релевантни информации за патот. Од вчера, речиси целосната мрежа на камери на „Безбеден град“ е веќе внесена од страна на самите корисници.

Апликацијата нуди:

Прецизна мапа на камери за брзина – фиксни, мобилни и новопоставени. Гласовно предупредување при приближување кон камера. Информации за полиција, радари, работи на пат и метеж, внесени од самите возачи. Автоматско пресметување на најбезбедна рута со прикажување на сите критични точки. Можност за пријавување на нови камери од страна на корисниците, со што мрежата постојано се ажурира.

Возачите ја користат апликацијата за да го следат ограничувањето на брзината, да избегнат ненамерни прекршоци и да добијат предупредување неколку стотини метри пред камера. За многумина, Waze стана единствена гаранција дека нема да бидат „изненадени“ од камерите на „Безбеден град“.

Во првите 48 часа од стартот на тест-фазата, бројот на извештаи за камери на Waze драстично порасна, што покажува дека апликацијата е ефикасно решение за безбедно возење.

Објави: Скопје1.мк

Continue Reading

Uncategorized

ВЛЕН: Анкетната комисија мора да ја открие вистината за сите трагични случаи

Коалицијата ВЛЕН целосно го поддржува формирањето на анкетната комисија, нагласувајќи дека со години граѓаните останале без одговори и често биле манипулирани. Според коалицијата, време е оваа пракса конечно да заврши.

Од ВЛЕН посочуваат дека нивниот став отсекогаш бил јасен – потребна е сеопфатна комисија, без селективен пристап и без политички мотиви. Ваква инклузивна комисија, велат од коалицијата, конечно се формира.

Новоформираната комисија ќе ги разгледа сите тешки и чувствителни случаи што со години ја потресуваа државата: трагедиите со „Дурмо Турс“ и „Беса Транс“, пожарот во модуларната болница во Тетово, како и несреќата во Кочани. Само целосен пристап, оценуваат од ВЛЕН, може да ги открие институционалните пропусти што чинеле човечки животи.

Коалицијата очекува комисијата да укаже не само на индивидуалните грешки, туку и на длабоко вкоренетите модели на лошо управување кои овозможиле низа трагедии низ годините. Според ВЛЕН, откривањето на вистината е првиот чекор кон справување со системските слабости и враќање на довербата на граѓаните.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг