Connect with us

Македонија

Бислимоски: Ќе направиме сѐ струјата да не поскапи

Сѐ што ни стои на располагање како механизми ќе ги искористиме за да нема зголемување на цената на електричната енергија, порача денеска од Струмица претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски, коментирајќи ги најавите на Владата за зголемување на ДДВ од 5 на 10 отсто и на цената на струјата од почетокот на наредната година.

Според Бислимоски, во однос на ДДВ Регулаторната комисија нема никакви ингеренции, бидејќи тоа е одлука на Владата.

„Доколку остане сегашната цена, зголемувањето на ДДВ од 5 на 10 отсто во апсолутен износ значи зголемување за 4,7 отсто на вкупниот трошок на домаќинствата за електрична енергија“, смета Бислимоски.

Тој додаде дека во наредниот период РКЕ ќе направи дополнителни анализи, односно, како што рече, сега е време на криза, но и можност за креативни решенија со единствена цел евентуалното зголемувањето на ДДВ на струјата да се амортизира и да им се излезе во пресрет на барањата на домаќинствата.

„Јас сум противник да кажуваме дека ќе има зголемување на цената. Прво треба да видиме како ќе заврши производството на електрична енергија оваа година од ЕСМ, колкави приходи остварувала од продажба на вишоци, дали имала потреба од увоз. Тоа да го разгледаме, па потоа треба да знаеме следната година колкави ќе бидат потребите на домаќинствата и малите потрошувачи и на загубите во системот, да видиме со кои цени ќе се снабдуваат за да ја знаеме точно реалната слика“, посочи Бислимоски.

Вели дека нема потреба да се брза, бидејќи кога имало реални потреби заради екстремно зголемување на цените на пазарот за електрична енергија РКЕ не бегала од одговорност и носеле храбри одлуки за да се обезбеди ликвидност на целиот електроенргетски сектор.

Бислимоски уште еднаш повика да се застане и да се види како ќе заврши домашното производство и кои се плановите за следната година, па потоа да се разговара.

На новинарско прашање дека вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи најавил дека по Нова година може да се зголеми цената на струјата, Бислимоски истакна дека РКЕ ја определува цената за мрежарината, а за преносот и дистрибуција на електрична енергија, односно која цена ќе ја понуди ЕСМ на тендерот на ЕВН, Комисијата нема надлежност. Тој уште еднаш повика да се почека и да се согледа реалната состојба, но и да се направат анализи.
Бислимоски ги оцени како притисок барањата на Народниот правобранител за поплаките на граѓаните за цената за пренос на електрична енергија и, како што рече, РКЕ ќе ги информира сите меѓународни институции од областа на енергетиката како една државна институција прави притисок врз едно независно регулаторно тело.

Македонија

Новогодишното украсување на Општина Тетово за 25.000 евра

Со мнозинство во Советот на Општина Тетово, на вонредна седница одржана онлајн доцна вчера попладне, се изгласа мнозинство иницијативата за празнично украсување на градот, одвојувајќи дарежливи 1.500.000 денари или речиси 25.000 евра за таа цел.

Оваа одлука, која претставува измена и дополнување на Програмата за активности во областа на културата за 2025 година, стави крај на долгогодишната „суша“ на новогодишна декорација.

Програмата беше изгласана со силната поддршка на советничкото мнозинство, составено од Коалицијата Вреди и ВМРО-ДПМНЕ.

„За оваа програма ‘за’ гласаше советничкото мнозинство составено од Коалицијата Вреди и ВМРО-ДПМНЕ… Со оваа одлука, Општина Тетово ја потврдува намерата градот да добие празничен сјај за крајот на 2025 година“, ентузијастички информираше претседателот на Советот, Јусуф Абдули.

Сепак, одлуката не помина без отпор. Против гласаа советниците од коалицијата НАИ, додека воздржани останаа советниците од Подобро за Тетово, Левица и СДСМ, потенцирајќи ја политичката поделба околу приоритетите.

Оваа одлука е особено значајна, бидејќи доаѓа по цели години во кои улиците и градскиот плоштад остануваа мрачни за време на празниците.

Во последните години од вториот мандат на поранешната градоначалничка Теута Арифи, и за време на целиот прв мандат на актуелниот градоначалник Билал Касами, официјалното образложение беше идентично: дека општината немала пари за новогодишни украси. Сега, со обезбедените 25.000 евра, градот е подготвен да ја прекине оваа непразнична традиција и да ја врати магијата на улиците.

Continue Reading

Македонија

Судот одреди 30 дневен притвор за поранешниот државен правобранител Фехми Стафа

Судот му одреди мерка притвор во траење од 30 дена на поранешниот државен правобранител Фехми Стафа, кој е осомничен во предмет поврзан со обид за поткуп во правосудството.

Според информациите од надлежните институции, Стафа се сомничи дека се обидел да влијае врз судска одлука преку нудење поткуп, што претставува сериозно кривично дело против правдата. Притворот е определен поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и повторување на делото.

Обвинителството наведува дека истрагата е во тек и дека се прибираат дополнителни докази поврзани со случајот, додека одбраната најави дека ќе ги користи сите законски средства за оспорување на мерката.

Случајот предизвика силен интерес во јавноста, имајќи ја предвид функцијата што Стафа ја извршувал во минатото, а надлежните порачаа дека борбата против корупцијата во правосудниот систем останува еден од приоритетите.

Continue Reading

Македонија

Земјотрес со епицентар во Косово почувствуван и во Македонија

zemjotres

Утрово, точно во 07 часот и 20 минути, сеизмичка активност ја разбуди Република Македонија.

Телеметриската сеизмолошка мрежа, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, регистрираше земјотрес со умерена јачина чиј епицентар потекнува од пограничното подрачје кај Урошевац.

Иако епицентарот е лоциран на 124 километри северно од Скопје, стручните лица забележаа локална магнитуда од ML3.3 според Рихтеровата скала.

Според првичните податоци со кои располага Опсерваторијата, потресот е јасно почувствуван во Скопје и околината, достигнувајќи интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Засега нема информации за предизвикана материјална штета.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг