Connect with us

Македонија

Груевски вели не стоел зад Арсовска и не бил таен организатор на препукувањата

Published

on

Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски повторно одлучи да се огласи преку социјалните мрежи, за политичката ситуација во земјава. Прво, тој тврди дека не стои зад Данела Арсовска, како што тоа се шпекулира во јавноста, воедно додавајќи дека не е никаков таен организатор на политичките препукувања на Арсовска со ВМРО-ДПМНЕ. Веодно потенцира дека не се согласува со дел од одлуките и делувањето на опозициската партија на чело со Мицкоски.

Еве што напиша Груевски на социјалните мрежи:

  1. Не сум никаков таен организатор или конструктор на политичките активности и препукувања на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, ниту на другите актуелни јавни политички битки на луѓе кои во минатото биле коалициски партнери на ВМРО-ДПМНЕ, десно ориентирани медиуми, поедини новинари, поранешни политичари, функционери или активисти.
  2. Лажна е и шпекулацијата дека на некаков начин јас сум лобирал во партијата за Данела Арсовска да биде кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, како и за почесен конзул на Унгарија во Штип или пак претседател на стопанската комора во времето кога бев премиер.

Не постои член на стопанската комора кај кого сум лобирал за таа да биде избрана.

Во тоа време јас не ја познавав г-ѓа Арсовска. Прв пат го чув нејзиното име кога во една прилика на еден вид проштална средба кај мене дојде нејзиниот претходник на таа позиција кој меѓудругото ме извести дека неговиот мандат завршува, дека нема повторно да се кандидира и дека тој и многу други бизнисмени планираат да ја подржат токму неа, кажувајќи неколку позитивни коментари за неа, на што јас му одговорив дека тоа е нивна работа и дека кого и да изберат, што сака да соработува со владата во интерес на стопанството, ќе соработувам со него како иден претседател на таа стопанска комора.

Подоцна до крајот на мојот мандат имав неколку службени средби со госпоѓа Арсовска, не паметам точно колку, но можеби 5 или 6, во кои главно договаравме начини за решавање на конкретни проблеми во стопанството, организирање групни средби со сите членови на стопанската комора и потоа исполнување на превземените обврски од тие средби.

Повеќе од 5 години веќе немам никаков директен или индиректен контакт или комуникација со Данела Арсовска од причина што нашата комуникација беше исклучиво службена и траеше додека извршував јавни политички функции.

За нејзиниот избор за почесен конзул на Унгарија во Штип се информирав од македонските медиуми. Од искуство знам дека најчесто такво назначување државите прават по нечија препорака, најчесто од нивните амбасади кои по барање на нивното МНР бараат добро позиционирани личности во одредени земји заради нивна промоција и други обврски кои ги носи титулата почесен конзул. Не знам кој ја прпеорачал Данела Арсковска во Унгарија, но знам дека тоа не бев јас, ниту пак со било кого сум имал разговор на таква тема.

За нејзиниот избор за подршка на ВМРО-ДПМНЕ за кандидат за градоначалник на град Скопје исто така дознав од медиумите иако неколку недели претходно се шпекулираше дека партијата го тестирала нејзиното име на нарачаните анкети за проверка на јавното мислење од страна на партијата.

Ниту некој од раководството на партијата ме прашал за мислење за таа одлука, ниту сум дал мислење, а најмалку сум лобирал.

Како раководството на партијата дошло до таа одлука, како и преку кого претседателот на партијата се сретнал и запознал со идната кандидатка, тие најдобро знаат и доколку се процени дека има потреба можат да и ја соопштат на јавноста.

  1. Лажни се и секојдневните шпекулации дека јас целосно или делумно раководам со партијата од дистанца од Будимпешта, дека Христијан Мицковски и други членови на раководството се среќаваат со мене кога доаѓаат во Будимпешта и дека јас давам некакви инструкции или на било каков начин учествувам во носењето одлуки на ВМРО-ДПМНЕ.

Прво, партијата има свое раководство и нормално е тоа раководство да ги носи одлуките.

Второ, со дел од тие одлуки јас не се согласувам, односно мислам дека се погрешни, но разбирам дека тој кој ја има одговорноста го има и правото да одлучува особено ако зад тоа стои мнозинството од членството на партијата и секако дека и јас кога сум бил претседател на партијата, сигурно дел од членовите на партијата не се согласувале со дел од одлуките и политиките на тогашното раководство, и тоа е нормална работа во една партија, бидејќи неможе сите да мислиме исто за се.

Сето она што приватно го мислам за политиките и одлуките на актуелното раководство го споделувам во приватни разговори само во потесен круг на 10-15 пријатели кои најголем дел немаат политички активности, исто како и секој друг човек. Јавно барем досега не се произнесував по однос на одлуките и политиките на актуелното рководство бидејќи не сакам да правам дополнителни проблеми во партијата, ниту пак сакам да го правам тоа што не сум сакал мене да ми го прават, а тоа е да вршам притисок и влијание за различни политички, кадровски или организациски одлуки на оние кои во моментот ја носат целата одговорност. Затоа премолчив многу настани, дури и напади, префрлања вина, обвинувања и други несоодветности, за кои многумина блиски ми реагираа дека не треба да молчам. Сепак, така е веќе пет години по избор на новото раководство на партијата.

Како што е забележливо, мошне ретко и само по исклучок во моите обраќања кон јавноста во претходниот период се осврнував на дневно политичките настани во државата и уште помалку во партијата.

Трето, потврдувам дека ниту еднаш од десетината доаѓања во Будимпешта не сум имал средба со Христијан Мицковски или некој кој е во негова придружба, ниту пак со некој од актуелното раководство на партијата (ИК и ЦК), од причина што таква средба не побарале. Зошто не побарале средба, тие најдобро знаат, но оние членови на партијата кои не се дел од сегашното раководство, кои добро ги познавам и кои побарале средба со мене, сме се сретнале на разговор кој најчесто е од пријателска природа со луѓе со кои во минатото сме соработувале.

Знам дека и членството на партијата и јавноста во голема мера се убедени дека јас се среќавам со Христијан Мицковски, па оттука веројатно и дека за ова многу членови на партијата нема да веруваат. Можеби и јас кога би бил на нивно место не би верувал па оттука воопшто не им се лутам. Сепак, мое е да ја кажам вистината, па кој верува-верува.

  1. Широко распространета лага која често се повторува е дека јас сум издејствувал Христијан Мицковски да биде претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа е лага и ги повикувам сите 550 делагти, ако кај еден од нив лично сум лобирал за изборот на Мицковски слободно јавно да го соопшти тоа и да ме демантира. Еве сега веќе пет години не сум на партиска а уште подолго на државна функција, под силен политички прогон сум, во друга земја живеам и нема од што да се плашат.

И порано и сега има многу луѓе кои лажно се преставуваат како лица преку кои јас наводно испраќам некакви пораки, или зад чии став некои веруваат дека стои мојот став и слично, и тоа веројатно како проблем го има секој претседател на партија во Македонија, премиер, министер или друга моќна личност. Такви луѓе имало и ќе има.

Но, од аспект на мое лобирање кај оние кои директно го вршеа изборот, барем на еден од 550 делегати на Конгресот кои мнозинство од нив го избраа Мицковски за претседател, категорично тврдам дека такво нешто нема.

Напротив, во деновите кога уште не се знаеше кој се ќе се кандидира и колку кандидати ќе има, кога согласно статутот се собираа потписи за кандидатура, (во тоа време имаше шпекулации или информации за неколкумина можни кандидати), одреден број делегати на конгресот, (дел од нив поединечно, дел во помали групи) побараа лична средба со мене со единствена цел, да сум им дал насока за гласање.

“Нема насока”, беше мојот одговор. “Возрасни сте, искусни сте, одберете сами!” Клучно за овој мој став беше разочарувањето од некои луѓе од моето опкружување во тие последни недели или месеци, и на речиси сите од нив чии имиња се вртеа во јавноста како можни кандидати за претседател на партијата, во личен разговор им кажав дека “нема да застанам зад ниту еден од потенцијалните кандидати бидејќи сите ми се помалку или повеќе подеднакво блиски, но и од сите сум разочаран”. Ниту еден од нив не ме праша зошто од него сум разочаран. Веројатно го знаеја одговорот…

Од тие причини несакав да превземам одговорност да давам препораки, насоки и слично.

Знам дека и ова на многумина нема да им се верува. Не им се лутам, бидејќи и за неверување е

  1. Се раширија и лаги дека со мене преговарале домашни структури од актуелната власт или странски преставници со цел за наводен мој договор со нив во кој тие би изработиле прекин на политичкиот прогон кон мене а за возврат јас наводно сум ветил или ќе сум помогнел за носење на некакви штетни за македонската нација одлуки во парламентот, или создавање кризи во ВМРО-ДПМНЕ.

Такво нешто не постои. Ниту сум имал такви разговори со претсавници на СДСМ или некој од власта, ниту со некои преставници на друго држави. А и доколку имало, тоа сигурно ќе било одбиено!

Впрочем доколку јас сакав на таков начин да го запрам политичкиот прогон кон мене, имав шанси, имав прилики и понуди уште додека бев во Скопје, кои категорично ги одбив.

  1. Исто така со години се зборува дека јас наводно располагам со некои големи пари со кои креирам влијание и што ли уште не во Македонија, од медиуми, до секакви измислени настани, субјекти и личности. Такво нешто не постои, тоа е лага. Лага интересна за слушање на секој човек, особено лековерните карактери.

Ако некои медиуми се во сопственост на државјани на земјата каде сега живеам, тоа не значи дека јас имам влијание врз нив или уште помалку сопственост. Или дека воопшто ги познавам сопствениците.

Впрочем и односот на тие медиуми кон мене веројатно би бил поинаков, да беше така.

Речиси дека непостои посериозно политичко збиднување во Македонија каде моето име не е спомнато во овие 4 години, најчесто како лага. Тоа е вистината.

Ако секој ден не демантирам разни измамници, платеници и безделници, тоа не значи дека тоа што го говорат или пишуваат е вистина.

Едноставно, повеќето озборувања ги игнорирам. Не вреди со секого да си го трошам времето и да се расправам.

Ова е вистината.

Кој верува-верува! Кој не верува нека живее во лаги, илузии, конструкции, и фантазии кои секој ден ги слушаме низ медиумскиот и интернет простор.

Македонија е станата плодна почва за лаги и конструкции.

Луѓето пред да поверуваат треба да се запрашаат кои се доказите за одредени тврдења, дали некој не ги лаже или манипулира со некоја цел и да не прифаќаат така лесно квази логики на разни досетливи манипулатори кои добро се навежбале да манипулираат со народот па на тој начин заработуваат и живеат од тоа.

И запомнете: ако јас сакам да изразам мој политички став за било што, подржувачки или против за нешто или некого, за одредени државни или партиски прашања или личности, тоа ќе го направам директно а не преку други! Како што и секогаш сум правел.

Македонија

Ќе ве расплаче! Објавена “Кажу да време лечи све” – гласот на нашиот ангел изваден со посебна технологија (ВИДЕО)

Published

on

„Кажу да време, време лечи све, ал шта ми врeди вечност без тебе”… се стиховите од рефренот на последната отпеана песна, која се чинеше никогаш нема да го здогледа светлото на денот.

Имено, со помош на новата АИ технологија е изваден вокалот и пијаното за од демо да се направи студиска снимка, која денес доживеа свое издание.

Песната е оставена како аманет на еден од ретките вистински пријатели кој што Тоше ги имаше во неговиот живот- нашиот познат радио водител, диџеј и продуцент Кирил Зарлинов попознат како Ерик Фокс, кој одлучи оваа демо снимка комплетно аранжмански да ја заврши и да ја даде како подарок од Тоше за сите негови обожаватели по повод неговиот роденден, се со цел неговиот лик и дело никогаш да не бидат заборавени.

Автор на музиката и текстот е Зоран Ѓорѓевиќ, а аражманот и продукцијата се на Кирил Зарлинов (диџеј Ерик Фокс).

Миксот и мастерингот се на нашиот познат микс инженер, кој долги години живее и работи во САД Костадин Камчев – „Студио Моцарт“ од Њу Џерси, кој има три номинации на музичките ГРЕМИ награди за најдобар микс инженер.

https://youtu.be/mpizP1g2dBo

Continue Reading

Македонија

Денеска ќе наполнеше 43 години: На денешен ден е роден Тоше Проески

Published

on

Во Прилеп на денешен ден е роден Тоше Проески.

Музичката кариера ја започна со настапот на „Мелфест“ во 1997 година. Патот кон ѕвездите му го отворија песните „Усни на усни“, „Сонце во твоите руси коси“, „Пушти ме“ (1997) и „Остани до крај“ (1998). Тој беше претставник на Република Македонија за песна на Евровизија во 2004 година во Истанбул, Турција, и го освои 14-то место со песната „Ангел си ти (Life)“.

Во 2004 година, Проески беше именуван за регионален Амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ. По тој повод ја издаде песната „За овој свет“. Со песната „Чија си“ во 2003 година Тоше победи на белградскиот музички фестивал „Беовизија“ со што дефинитивно прерасна во најголема регионална музичка ѕвезда на некогашните ЈУ простори.

Тој ги објави албумите „Синот Божји“ (2000), „Некаде во ноќта“ (2001), „Ако ме погледнеш в очи“ (2003), „Ако ме погледаш у очи“ – верзија на српски јазик (2003) „Ден за нас“ (2004), „Дан за нас“ – верзија на српски јазик (2004) „По тебе“ (2005), „Пратим те“ – верзија на српски јазик (2005) „Божилак“ (2006), „Игри без граници“ (2007) и „Игре без границе“ – хрватска верзија (2007).

Сингловите од албумот „По тебе“ по неколку месеци се наоѓаа на највисоките места на музичките топ-листи во Хрватска, Македонија, Србија, Црна Гора, Словенија и Босна и Херцеговина.

Неговото издание „Божилак“ е компилација од преработки на 14 избрани традиционални македонски песни. Објавени се и ДВД-изданија на негови концерти во 2004 и 2006 година.

Речиси секоја негова песна беше хит како што се: „Усни на усни“, „Соба за тага“, „Ако ме погледнеш в очи“, „Тајно моја“, „Немаш ни благодарам“, „Срце није камен“, „Кој ли ти гризе образи“.

Тоше ги привршуваше студиите на Музичката академија во Скопје и работеше на музичката кариера за своја промоција во светски рамки.

Последниот концерт во Македонија го одржа на 5 октомври на Градскиот стадион ( Арената Филип Втори) во Скопје. Концертот беше хуманитарен и наменет за обнова на основните училишта во земјава.

Постхумно државата Република Македонија го прогласи за заслужен граѓанин.

Тоше Проески загина на 16 октомври 2007 година во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка во Хрватска. Владата на Република Македонија во негова чест во неговото родно Крушево изгради мавзолеј – Спомен куќата на Тоше, каде низ музејска поставка од восочни фигури со неговиот лик во природна големина, лични предмети, музички инструменти, фотографии, видеа, сувенири… е прикажан целиот негов живот и музичкиот опус во кусата, но пребогата кариера

Continue Reading

Македонија

НОЌТА ПРЕД ВОДИЦИ Е НАЈМОЌНАТА НОЌ ВО ГОДИНАТА

Published

on

Големиот христијански празник – Водици, се слави на 19 јануари, со традиционално фрлање за Светиот крст.

На овој ден се слави споменот на Христовото крштевање на реката Јордан и Божјиот изглед во форма на гулаб и глас: „Ова е мојот Син и Него послушнете го“.

На Богојавление, 19 јануари, завршуваат некрстените денови. На овој ден се осветува вода во сите цркви и храмови. Тоа е свечен обред на кој, скоро редовно, присуствуваат многу луѓе, кои носат осветена вода во своите домови, бидејќи оваа Света вода – Богојавленска, се чува во секој дом во текот на целата година како големо светилиште, и се користи само при голема потреба (болест, вознемирување од зли духови).

Богојавление е еден од најголемите христијански празници и соодветно на тоа, се развиле многу народни обичаи поврзани со самиот ден, како и ноќта пред Богојавление.

1. Отворање на небото

Ова е најпознатиот обичај поврзан со Богојавленската ноќ. Имено, се верува дека еден ден пред Богојавление, точно на полноќ, се отвораат небесата. По тој повод, треба да се погледне во небото и да се замислат желби за кои се верува дека сигурно ќе се остварат.

2. Огледала под перницата

Вообичаено е невенчаните девојки да ставаат огледала под перниците ноќта пред Богојавление, бидејќи се верува дека така ќе го сонуваат младичот со кој ќе стапат во брак.

3. Вода од извор

Во некои делови, вообичаено е младите девојки да одат на недопрен извор на вода утрото на Богојавление, да фрлат неколку зрна пченица или некои други житни култури во неа и да кажат: „Како што поминува водата, така ќе се бере и жетвата на нашите полиња“. Потоа ја полнат водата и ја носат до своето домаќинство. На некои места, сè уште е зачуван обичајот на семејството да пие малку од таа вода преку секира, бидејќи се верува дека на тој начин ќе се избегнат расправии меѓу нив.

4. Предвидување на времето

Обичај е некаде постарите жени да ги земаат предвид временските услови на Богојавление и со тоа да предвидат каква ќе биде годината. Ако, на пример, има мраз и снег на тој ден, се верува дека годината ќе биде плодна, а ведро време најавува сува година.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк