Connect with us

Uncategorized

Да се нахрани некој гладен или да му се помогне на некој болен во име на покојникот – Да се молиме за упокоените

ЗАДУШНИЦА – ЗОШТО ТРЕБА ДА СЕ МОЛИМЕ ЗА УПОКОЕНИТЕ

Често гледаме како роднините се трудат да го изведат погребот или да го уредат гробот што побогато. Понекогаш се трошат големи средства за подигнување на раскошни споменици. Роднините и пријателите трошат пари и на венци и цвеќиња, кои не се положуваат во гробот, за да не го забрзаат распаѓањето на телото. Некои други сакаат преку објавување на некролози во весниците да ја искажат својата почит кон упокоениот, но и сочувството за неговите роднини, иако и тој начин на искажување сочувство ја покажува нивната плиткост, а понекогаш и неискреност, затоа што оној кој вистински жали нема јавно да ја покажува својата тага, додека сочувството многу потопло може да се искаже лично.

Што и да направиме, покојникот од тоа нема да има никаква полза. На мртвото тело му е сеедно дали е положено во сиромашен, или богат гроб, раскошна или скормна гробница. На него не му мириса донесеното цвеќе, и не му се потребни неискрените изрази на тага. Телото се распаѓа, а душата живее, но веќе не го чувствува она што го чувствувала со телесните органи. За неа настапил друг живот, и мора да ѝ се понуди нешто друго. Ние сме должни да го сториме токму тоа што неа ѝ е потребно, ако навистина го сакаме упокоениот, и сакаме да му ги принесеме нашите дарови.

Што навистина би ја израдувала душата на покојникот? Пред сè, искрена молитва за него; лична и семејна, но и црковна молитва, соединета со бескрвната Жртва, односно спомнување на Литургија. Бројните јавувања на мртвите и различните виденија ја потврдуваат големата корист која упокоените членови на Црквата ја имаат од молитвите за нив и принесените бескрвни Жртви.

Понатаму, следното нешто што им носи голема радост на душите на упокоените се делата на милостина кои ги правиме во нивно име. Да се нахрани некој гладен или да му се помогне на некој болен во име на покојникот, е исто како да сме му го направиле тоа и нему.

Преподобна Атанасија (12 април) пред смртта го заветувала манастирското сестринство 40 дни по нејзиното упокојување во нејзино име да се хранат сиромашните. Сестрите, поради невнимателност, тоа го сториле само првите девет дни. Тогаш им се јавила света Анастасија со два ангели, и им рекла: – Зошто го заборавивте мојот завет? Знајте дека милосрдието и молитвите на јереите, кои се принесуваат за упокоената душа во првите четириесет дена, Го умилостивуваат Господа.

Ако душите на покојните биле грешни, Господ ќе им подари простување на гревовите, а ако се праведни – тогаш оние кои за нив се молат, ќе бидат наградени со доброчинства. Особено во овие наши, за сите тешки денови, неразумно е да се расфрлаат пари за бескорисни предмети и постапки, со кои би можеле, доколку ги искористиме за сиромашните, истовремено да направиме две добри дела: и на самиот покојник, но и на оние на кои би ја укажале помошта.

Неодамна, на годишницата од упокојувањето на монахињата Марина, согласно со нејзиниот завет, од доброволните прилози во соборната црква беше приготвен оброк за сиромашните. На таа трпеза дојдоа околу 150 лица, и сите беа нахранети.

На тој начин навистина се сочини големо дело! Независно од размерите на укажаната помош, зар нахранувањето макар и на неколку, дури и само еден гладен човек е мало дело? Гладниот ќе биде нахранет телесно, а упокоениот ќе биде нахранет духовно.

Uncategorized

Чарлс откри каква е улогата на Британија ако Русија ја нападне Европа

Британскиот крал Чарлс истакна дека Велика Британија и Германија се подготвени да ја поддржат Европа во услови на закана од понатамошна руска агресија. Тој го пофали заедничкиот одбранбен договор со Германија, нарекувајќи го „уникатно партнерство во срцето на НАТО“, јави Скај њуз.

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој е во тридневна државна посета на Обединетото Кралство, изјави дека двете земји работат рамо до рамо за да ја промовираат безбедноста и стабилноста на Европа, со посебна поддршка за Украина. Ова е прва официјална посета на германски лидер на Велика Британија по 27 години.

За време на престојот, Штајнмаер се сретна со британскиот премиер Кир Стармер на тркалезна маса со бизнис лидери, како дел од проект за електрични возила вреден 20 милиони евра, кој ќе отвори 150 работни места во Нортхемптоншир и Оксфордшир. Во јули, двете земји го потпишаа Договорот од Кенсингтон, со кој се зацврстува соработката во прашања како Украина, миграција, економски раст и трговија.

Посетата вклучи церемонијален воен пречек, возење со кралска кочија и положување цвеќе на гробот на кралицата Елизабета Втора во капелата „Свети Ѓорѓи“, а на банкетот во Виндзор кралот Чарлс се пошегува за нивната заедничка љубов кон фудбалот, додавајќи дека „на крајот, Германците победуваат“.

Continue Reading

Uncategorized

Сите камери за брзина веќе се мапирани од оваа апликација

Додека проектот „Безбеден град“ е во тест-фаза, возачите ширум земјата веќе ја користат апликацијата Waze за да се прилагодат на новите правила и масовното мерење на брзината. Корисниците го прават ова преку дигитално мапирање на речиси сите камери што мерат брзина.

„Waze“ е навигациска апликација која во реално време прикажува сите релевантни информации за патот. Од вчера, речиси целосната мрежа на камери на „Безбеден град“ е веќе внесена од страна на самите корисници.

Апликацијата нуди:

Прецизна мапа на камери за брзина – фиксни, мобилни и новопоставени. Гласовно предупредување при приближување кон камера. Информации за полиција, радари, работи на пат и метеж, внесени од самите возачи. Автоматско пресметување на најбезбедна рута со прикажување на сите критични точки. Можност за пријавување на нови камери од страна на корисниците, со што мрежата постојано се ажурира.

Возачите ја користат апликацијата за да го следат ограничувањето на брзината, да избегнат ненамерни прекршоци и да добијат предупредување неколку стотини метри пред камера. За многумина, Waze стана единствена гаранција дека нема да бидат „изненадени“ од камерите на „Безбеден град“.

Во првите 48 часа од стартот на тест-фазата, бројот на извештаи за камери на Waze драстично порасна, што покажува дека апликацијата е ефикасно решение за безбедно возење.

Објави: Скопје1.мк

Continue Reading

Uncategorized

ВЛЕН: Анкетната комисија мора да ја открие вистината за сите трагични случаи

Коалицијата ВЛЕН целосно го поддржува формирањето на анкетната комисија, нагласувајќи дека со години граѓаните останале без одговори и често биле манипулирани. Според коалицијата, време е оваа пракса конечно да заврши.

Од ВЛЕН посочуваат дека нивниот став отсекогаш бил јасен – потребна е сеопфатна комисија, без селективен пристап и без политички мотиви. Ваква инклузивна комисија, велат од коалицијата, конечно се формира.

Новоформираната комисија ќе ги разгледа сите тешки и чувствителни случаи што со години ја потресуваа државата: трагедиите со „Дурмо Турс“ и „Беса Транс“, пожарот во модуларната болница во Тетово, како и несреќата во Кочани. Само целосен пристап, оценуваат од ВЛЕН, може да ги открие институционалните пропусти што чинеле човечки животи.

Коалицијата очекува комисијата да укаже не само на индивидуалните грешки, туку и на длабоко вкоренетите модели на лошо управување кои овозможиле низа трагедии низ годините. Според ВЛЕН, откривањето на вистината е првиот чекор кон справување со системските слабости и враќање на довербата на граѓаните.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг