ФОТО: Пар добил ќерка преку ин витро постапка, па дознал страшна вистина – бебето не било нивно

Брачен пар од Калифорнија кој се одлучил за вештачко оплодување ја открил страшната вистина неколку месеци по раѓањето на детето.

Имено, се покажало дека девојчето не е нивно биолошко дете. Дафне Кардинал во септември 2019 година родила девојче кое воопшто не личело на нејзините родители. Откако направиле ДНК тест, сомнежите им биле потврдени. Парот потоа го пронашол другиот брачен пар на кого по грешка му го дале нивниот ембрионот, па решиле да ги сменат децата. Така секое девојче отишло кај своите биолошки родители.

Поради замената, Дафне и Александар Кардинал ја тужеле клиниката за плодност.

– Нашите сеќавања од породувањето засекогаш ќе бидат извалкани со тоа што нашето биолошко дете е дадено на некој друг, а детето што го донесов на овој свет не е мое. Ми ја украдоа можноста да го носам сопственото дете, рекла Дафне Кардинал, пишува Би-Би-Си.

Во тужбата се наведува дека Александар Кардинал очекувал да се роди дете со светол тен, но се родило девојче со потемна боја на кожа.

-Тоа беше толку вознемирувачко што Александар се оддалечи неколку чекори кога ја виде. Речиси два месеци подоцна решиле да направат домашен ДНК тест кој покажал дека девојчето не е нивно.

– Одеднаш собата се смали. Почнавме да чувствуваме вртоглавица, го опишува Александар моментот кога ја дознале вистината.

Клиниката за оплодување им помогнала да го пронајдат парот кој по грешка примил нивниот ембрион. Жената родила исто така женско дете. Двата пара конечно ги смениле девојчињата кога имале четири месеци.

– Наместо да го дојам своето дете, доев и се поврзав со детето од кое подоцна бев принудена да се откажам, рекла младата мајка и додала дека целата ситуација е исклучително тешка за нивната седумгодишна ќерка, која има проблем да разбере што се случува.