Македонија
Груевски вели не стоел зад Арсовска и не бил таен организатор на препукувањата
Published
2 years agoon
By
Уредник![](https://bulevar.mk/wp-content/uploads/2022/11/gruevski-danela-768x573-1.jpg)
Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски повторно одлучи да се огласи преку социјалните мрежи, за политичката ситуација во земјава. Прво, тој тврди дека не стои зад Данела Арсовска, како што тоа се шпекулира во јавноста, воедно додавајќи дека не е никаков таен организатор на политичките препукувања на Арсовска со ВМРО-ДПМНЕ. Веодно потенцира дека не се согласува со дел од одлуките и делувањето на опозициската партија на чело со Мицкоски.
Еве што напиша Груевски на социјалните мрежи:
- Не сум никаков таен организатор или конструктор на политичките активности и препукувања на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, ниту на другите актуелни јавни политички битки на луѓе кои во минатото биле коалициски партнери на ВМРО-ДПМНЕ, десно ориентирани медиуми, поедини новинари, поранешни политичари, функционери или активисти.
- Лажна е и шпекулацијата дека на некаков начин јас сум лобирал во партијата за Данела Арсовска да биде кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, како и за почесен конзул на Унгарија во Штип или пак претседател на стопанската комора во времето кога бев премиер.
Не постои член на стопанската комора кај кого сум лобирал за таа да биде избрана.
Во тоа време јас не ја познавав г-ѓа Арсовска. Прв пат го чув нејзиното име кога во една прилика на еден вид проштална средба кај мене дојде нејзиниот претходник на таа позиција кој меѓудругото ме извести дека неговиот мандат завршува, дека нема повторно да се кандидира и дека тој и многу други бизнисмени планираат да ја подржат токму неа, кажувајќи неколку позитивни коментари за неа, на што јас му одговорив дека тоа е нивна работа и дека кого и да изберат, што сака да соработува со владата во интерес на стопанството, ќе соработувам со него како иден претседател на таа стопанска комора.
Подоцна до крајот на мојот мандат имав неколку службени средби со госпоѓа Арсовска, не паметам точно колку, но можеби 5 или 6, во кои главно договаравме начини за решавање на конкретни проблеми во стопанството, организирање групни средби со сите членови на стопанската комора и потоа исполнување на превземените обврски од тие средби.
Повеќе од 5 години веќе немам никаков директен или индиректен контакт или комуникација со Данела Арсовска од причина што нашата комуникација беше исклучиво службена и траеше додека извршував јавни политички функции.
За нејзиниот избор за почесен конзул на Унгарија во Штип се информирав од македонските медиуми. Од искуство знам дека најчесто такво назначување државите прават по нечија препорака, најчесто од нивните амбасади кои по барање на нивното МНР бараат добро позиционирани личности во одредени земји заради нивна промоција и други обврски кои ги носи титулата почесен конзул. Не знам кој ја прпеорачал Данела Арсковска во Унгарија, но знам дека тоа не бев јас, ниту пак со било кого сум имал разговор на таква тема.
За нејзиниот избор за подршка на ВМРО-ДПМНЕ за кандидат за градоначалник на град Скопје исто така дознав од медиумите иако неколку недели претходно се шпекулираше дека партијата го тестирала нејзиното име на нарачаните анкети за проверка на јавното мислење од страна на партијата.
Ниту некој од раководството на партијата ме прашал за мислење за таа одлука, ниту сум дал мислење, а најмалку сум лобирал.
Како раководството на партијата дошло до таа одлука, како и преку кого претседателот на партијата се сретнал и запознал со идната кандидатка, тие најдобро знаат и доколку се процени дека има потреба можат да и ја соопштат на јавноста.
- Лажни се и секојдневните шпекулации дека јас целосно или делумно раководам со партијата од дистанца од Будимпешта, дека Христијан Мицковски и други членови на раководството се среќаваат со мене кога доаѓаат во Будимпешта и дека јас давам некакви инструкции или на било каков начин учествувам во носењето одлуки на ВМРО-ДПМНЕ.
Прво, партијата има свое раководство и нормално е тоа раководство да ги носи одлуките.
Второ, со дел од тие одлуки јас не се согласувам, односно мислам дека се погрешни, но разбирам дека тој кој ја има одговорноста го има и правото да одлучува особено ако зад тоа стои мнозинството од членството на партијата и секако дека и јас кога сум бил претседател на партијата, сигурно дел од членовите на партијата не се согласувале со дел од одлуките и политиките на тогашното раководство, и тоа е нормална работа во една партија, бидејќи неможе сите да мислиме исто за се.
Сето она што приватно го мислам за политиките и одлуките на актуелното раководство го споделувам во приватни разговори само во потесен круг на 10-15 пријатели кои најголем дел немаат политички активности, исто како и секој друг човек. Јавно барем досега не се произнесував по однос на одлуките и политиките на актуелното рководство бидејќи не сакам да правам дополнителни проблеми во партијата, ниту пак сакам да го правам тоа што не сум сакал мене да ми го прават, а тоа е да вршам притисок и влијание за различни политички, кадровски или организациски одлуки на оние кои во моментот ја носат целата одговорност. Затоа премолчив многу настани, дури и напади, префрлања вина, обвинувања и други несоодветности, за кои многумина блиски ми реагираа дека не треба да молчам. Сепак, така е веќе пет години по избор на новото раководство на партијата.
Како што е забележливо, мошне ретко и само по исклучок во моите обраќања кон јавноста во претходниот период се осврнував на дневно политичките настани во државата и уште помалку во партијата.
Трето, потврдувам дека ниту еднаш од десетината доаѓања во Будимпешта не сум имал средба со Христијан Мицковски или некој кој е во негова придружба, ниту пак со некој од актуелното раководство на партијата (ИК и ЦК), од причина што таква средба не побарале. Зошто не побарале средба, тие најдобро знаат, но оние членови на партијата кои не се дел од сегашното раководство, кои добро ги познавам и кои побарале средба со мене, сме се сретнале на разговор кој најчесто е од пријателска природа со луѓе со кои во минатото сме соработувале.
Знам дека и членството на партијата и јавноста во голема мера се убедени дека јас се среќавам со Христијан Мицковски, па оттука веројатно и дека за ова многу членови на партијата нема да веруваат. Можеби и јас кога би бил на нивно место не би верувал па оттука воопшто не им се лутам. Сепак, мое е да ја кажам вистината, па кој верува-верува.
- Широко распространета лага која често се повторува е дека јас сум издејствувал Христијан Мицковски да биде претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Тоа е лага и ги повикувам сите 550 делагти, ако кај еден од нив лично сум лобирал за изборот на Мицковски слободно јавно да го соопшти тоа и да ме демантира. Еве сега веќе пет години не сум на партиска а уште подолго на државна функција, под силен политички прогон сум, во друга земја живеам и нема од што да се плашат.
И порано и сега има многу луѓе кои лажно се преставуваат како лица преку кои јас наводно испраќам некакви пораки, или зад чии став некои веруваат дека стои мојот став и слично, и тоа веројатно како проблем го има секој претседател на партија во Македонија, премиер, министер или друга моќна личност. Такви луѓе имало и ќе има.
Но, од аспект на мое лобирање кај оние кои директно го вршеа изборот, барем на еден од 550 делегати на Конгресот кои мнозинство од нив го избраа Мицковски за претседател, категорично тврдам дека такво нешто нема.
Напротив, во деновите кога уште не се знаеше кој се ќе се кандидира и колку кандидати ќе има, кога согласно статутот се собираа потписи за кандидатура, (во тоа време имаше шпекулации или информации за неколкумина можни кандидати), одреден број делегати на конгресот, (дел од нив поединечно, дел во помали групи) побараа лична средба со мене со единствена цел, да сум им дал насока за гласање.
“Нема насока”, беше мојот одговор. “Возрасни сте, искусни сте, одберете сами!” Клучно за овој мој став беше разочарувањето од некои луѓе од моето опкружување во тие последни недели или месеци, и на речиси сите од нив чии имиња се вртеа во јавноста како можни кандидати за претседател на партијата, во личен разговор им кажав дека “нема да застанам зад ниту еден од потенцијалните кандидати бидејќи сите ми се помалку или повеќе подеднакво блиски, но и од сите сум разочаран”. Ниту еден од нив не ме праша зошто од него сум разочаран. Веројатно го знаеја одговорот…
Од тие причини несакав да превземам одговорност да давам препораки, насоки и слично.
Знам дека и ова на многумина нема да им се верува. Не им се лутам, бидејќи и за неверување е
- Се раширија и лаги дека со мене преговарале домашни структури од актуелната власт или странски преставници со цел за наводен мој договор со нив во кој тие би изработиле прекин на политичкиот прогон кон мене а за возврат јас наводно сум ветил или ќе сум помогнел за носење на некакви штетни за македонската нација одлуки во парламентот, или создавање кризи во ВМРО-ДПМНЕ.
Такво нешто не постои. Ниту сум имал такви разговори со претсавници на СДСМ или некој од власта, ниту со некои преставници на друго држави. А и доколку имало, тоа сигурно ќе било одбиено!
Впрочем доколку јас сакав на таков начин да го запрам политичкиот прогон кон мене, имав шанси, имав прилики и понуди уште додека бев во Скопје, кои категорично ги одбив.
- Исто така со години се зборува дека јас наводно располагам со некои големи пари со кои креирам влијание и што ли уште не во Македонија, од медиуми, до секакви измислени настани, субјекти и личности. Такво нешто не постои, тоа е лага. Лага интересна за слушање на секој човек, особено лековерните карактери.
Ако некои медиуми се во сопственост на државјани на земјата каде сега живеам, тоа не значи дека јас имам влијание врз нив или уште помалку сопственост. Или дека воопшто ги познавам сопствениците.
Впрочем и односот на тие медиуми кон мене веројатно би бил поинаков, да беше така.
Речиси дека непостои посериозно политичко збиднување во Македонија каде моето име не е спомнато во овие 4 години, најчесто како лага. Тоа е вистината.
Ако секој ден не демантирам разни измамници, платеници и безделници, тоа не значи дека тоа што го говорат или пишуваат е вистина.
Едноставно, повеќето озборувања ги игнорирам. Не вреди со секого да си го трошам времето и да се расправам.
Ова е вистината.
Кој верува-верува! Кој не верува нека живее во лаги, илузии, конструкции, и фантазии кои секој ден ги слушаме низ медиумскиот и интернет простор.
Македонија е станата плодна почва за лаги и конструкции.
Луѓето пред да поверуваат треба да се запрашаат кои се доказите за одредени тврдења, дали некој не ги лаже или манипулира со некоја цел и да не прифаќаат така лесно квази логики на разни досетливи манипулатори кои добро се навежбале да манипулираат со народот па на тој начин заработуваат и живеат од тоа.
И запомнете: ако јас сакам да изразам мој политички став за било што, подржувачки или против за нешто или некого, за одредени државни или партиски прашања или личности, тоа ќе го направам директно а не преку други! Како што и секогаш сум правел.
You may like
-
БУГАРСКА ПЕЈАЧКА ДО ПРОВОКАТОРИТЕ – Две години живеам во Скопје, не сум чула лош или навредлив збор затоа што сум Бугарка !
-
„Новиот изум на власта „Како легално да украдеш пари од бизнисот“ преку новиот – Закон за солидарност“!?
-
Арсовска го казни Ѓорѓиевски 90.000 евра за исфрлање на ѓубрето пред портите на Дрисла
-
Ѓорѓиевски: Арсовска наместо да брка вештерки, да си даде оставка (Видео)
-
Арсовска се фали со победа – Скопје се чисти, Комунална уште протестира !? (Видео)
-
„Во Швајцарија не смеат да плукнат на улица, а не да не платат струја“:Тасевски „распали“ по Слупчане
Македонија
Дали ако е лошо времето ќе го бојкотираме УХМР? (2)
Published
1 hour agoon
February 6, 2025By
Арлингтон![](https://bulevar.mk/wp-content/uploads/2025/02/img_5333-1.jpg)
Минатиот петок, на 31 јануари, објавив колумна наречена „Дали ако е лошо времето ќе го бојкотираме УХМР“? Главните тези во оваа колумна ми беа: инфлацијата е во голема мерка предизвикана од вештачки зголемениот минималец и покачувања на платите, пред сѐ, во бирократијата, кои не кореспондираат со пораст на продуктивноста и Владата, доколку сака да го амортизира инфлаторниот удар, истото може да го стори само со директни субвенции на социјално загрозените граѓани, а не со замрзнувања на цените за сите граѓани.
Предложив и стратешки мерки, како на пример: зајакнување на конкуренцијата – што побрз влез на нов трговски ланец (Лидл), борба против сивата економија, формирање на потрошувачки задруги (како на пр. во Словенија).
Во колумната од минатиот петок не опфатив едно важно прашање:
Дали постои начин да се влијае на пониските малопродажни цени, преку пониски влезни цени на земјоделските и прехранбените производи?
И тука доаѓаме до многу сериозен проблем:
Најголем дел од прехранбените производи во малопродажба се увозни, а оние што се од домашни преработувачи, во голема мера се зависни од увозни суровини, репроматеријали, амбалажа и што уште не.
Македонското земјоделско производство е во постојано опаѓање, а македонските субвенции за земјоделскиот сектор се во постојан пораст.
Прашање 1: Зошто ние, како општество, фрламе пари година по година, за нешто кое не дава резултати?
Во ваква констелација, шансите за пораст на земјоделското производство се еднакви на тоа наркоман да се откаже од дрога, ако вие дополнително му давате пари да купува нови количини. До кога ќе фрламе парички во Фонтана ди Треви?, надевајќи се дека ќе се вратиме во Рим.
Прашање 2: Дали можеби поинаков систем на субвенции ќе даде подобри резултати во земјоделството?
Очигледно е дека сегашниот систем служи само за купување на социјален мир и политичко влијание.
До кога ќе фрламе парички во Фонтана ди Треви?
Системот на земјоделски субвенции едноставно не дава резултати. Производството не се зголемува. Напротив, субвенциите за македонското земјоделство се како да фрламе парички во Фонтана ди Треви и да се надеваме на чудо.
Шансите да ги намалиме цените на храната и прехранбените производи во малопродажбата, едноставно, се многу мали, бидејќи доминираат увозни артикли на чија цена не можеме да влијаеме.
Да ги видиме следниве бројки:
Учество на земјоделското производство во БДП
![](https://mkd.mk/wp-content/uploads/2025/02/picture1.jpg)
Учеството на земјоделството во БДП се намалило за 34%; од 10,03% на 6,63% за само 10 години.
Ако продолжи овој тренд, за 10 години ќе се намали на 3,9%. Речиси како во Америка, каде земјоделството има ниско учество (само што ни фалат уште околу $60,000 по глава на жител за да бидеме како Америка).
Трговски дефицит во земјоделството
![](https://mkd.mk/wp-content/uploads/2025/02/graf-2-1024x170.jpg)
Во земјоделската размена, трговскиот дефицит изнесува 1,17 милијарди евра во само четири години. Толку пари сме морале да откинеме од нешто друго што заработила економијата, или да позајмиме, за да можеме да ја задоволиме побарувачката за храна.
Да не ја заборавиме наједноставната формула на БДП: „БДП е еднаков на збирот од вкупното производство на стоки и услуги и нето извозот, односно извоз минус увоз.”
Ова значи дека самите сме го намалиле БДП во последнава година за 390 милиони eвра. Онака, како да сме шеици, па имаме пари за расфрлање.
Покриеност на увоз со извоз на земјоделски производи
![](https://mkd.mk/wp-content/uploads/2025/02/graf-2-1-1024x170.jpg)
Покриеноста на увозот со извоз во земјоделството се намалува од 75% во 2020-та на 66% во 2023-та.
Ако продолжи овој тренд, во 2033 покриеноста на увоз со извоз во земјоделството ќе изнесува само 29%?!
Субвенциите постојано растат (читај: фрламе сѐ повеќе парички во горенаведената фонтана)
![](https://mkd.mk/wp-content/uploads/2025/02/graf3.jpg)
Субвенциите пораснале за околу 8,9 % во последните 4 години.
Притоа, земјоделското производство во најголем број случаи се намалило.
Македонија беше земјоделска земја… а потоа не беше!
Македонија (сегашна Северна, порано Социјалистичка, а уште порано Народна) беше земјоделска земја. Па потоа не беше. И сè помалку е, секој ден сè помалку. На пример, да видиме што се случува од 2020-та година наваму со производството на месо?
Производство на месо (извор ДЗС)
![](https://mkd.mk/wp-content/uploads/2025/02/graf5.jpg)
Производството на месо е преполовено кај сите видови освен кај свинското, каде има пораст од 29%.
Производство на млеко 2000-2023 (извор ДЗСС)
![](https://mkd.mk/wp-content/uploads/2025/02/graf6.png)
Или поинаку кажано, производството на млеко во периодот 2000-2023 имало агрегатен годишен раст од само 0,3%, но во последните 4 години е во слободен пад. Особено значајно е намалувањето во 2023 година, кога производството изнесувало 238,328 илјади литри, што претставува пад од 26.5% во однос на 2022 година.
Во полјоделството ситуацијата е уште полоша, да не речеме, катастрофална.
Производство на пченица
![](https://mkd.mk/wp-content/uploads/2025/02/graf7.jpg)
За 10 години и повеќе од 2 милијарди евра субвенции, сме го добиле овој резултат:
А) Намалување на засеаните и ожнеаните површини за 10%,
Б) Намалување на производството за 25%,
В) Намалување на продуктивноста за 18%.
Луѓето од мојата генерација (1967) го паметат филмот кој кај нас се преведуваше како „Има ли пилот во авионот? Две милијарди евра потрошени за намалување на производството за 25% и на продуктивноста за 18%?
Производство на ориз
![](https://mkd.mk/wp-content/uploads/2025/02/graf8.jpg)
Единствена светла точка е тоа што за 11 години има пораст на продуктивноста за 7%. Но, вкупното производство е опаднато за скоро 40%.
Производство на домати
![](https://mkd.mk/wp-content/uploads/2025/02/graf9.jpg)
Кај производството на домати имаме обратен феномен. Исти површини се засадени, но продуктивноста е намалена за 25%.
Всушност, единствена табела каде имаме пораст е таа со административните трошења.
Буџет на Министерството за земјоделство
![](https://mkd.mk/wp-content/uploads/2025/02/graf10.jpg)
Продуктивноста на доматите се намалила за 25%, површината под пченица и ориз е преполовена, но затоа имаме Министерство за земјоделство со буџет зголемен за 48%.
Конкретни предлози за намалување на цените на храната и зголемување на земјоделското производство
Во претходната колумна обрнав внимание на екстерните критериуми кои создадоа висока побарувачка: а) висок минималец, високи плати на бирократија и непотребни вработувања, б) немање никакви критериуми или мерење на успешност на вработените во државниот сектор.
Во оваа колумна се осврнав повеќе на субвенции во земјоделството, кои само креираат т.н. клиентелизам, а на никаков начин не го зголемуваат земјоделското производство.
Сега би сакал да наведам некои можни стратегии за подобро да се искористи финансирањето во земјоделството.
1.Продуктивност наместо квантитет
– Наместо едноставно субвенционирање врз основа на површина (хектари) или број на грла добиток, да се стимулира продуктивноста и квалитетот на производството,
– Да се воведе систем на КПИ базирани субвенции, каде што земјоделците ќе добиваат поддршка врз основа на приносот и квалитетот на производите.
2.Мали земјоделски стопанства не можат да бидат ефикасни – окрупнувањето е нужност.
Од класификацијата на земјоделските стопанства (ЗС) по големина може да се види дека 95,27% од ЗС користат земјоделско земјиште под 5ха, а дури 98,5% под 10ха. Само 1,47% од ЗС имаат обработливи површини над 10ха.
![](https://mkd.mk/wp-content/uploads/2025/02/graf11-1.jpg)
3.Поддршка за иновации и модернизација
- Поголем фокус на механизација и нови технологии за да се зголеми ефикасноста,
- Финансиска помош за префрлување на паметни земјоделски технологии (на пример, дигитални системи за наводнување и дронови за мониторинг),
- Поттикнување на еколошко и органско производство со специјални грантови.
- Строга контрола и транспарентност,
Да се создаде јавен регистар со сите субвенционирани земјоделци и износи, со што ќе се спречи фаворизирање на одредени производители,
Воведување на независен надзорен орган кој ќе следи како се распределуваат субвенциите.
5. Поддршка за младите земјоделци
-Специјални програми за млади луѓе кои сакаат да почнат агробизнис,
– Олеснет пристап до земјоделско земјиште за млади претприемачи во секторот,
– Директни грантови за иновативни идеи во земјоделството.
6. Диверзификација на производството
– Наместо само субвенционирање на житарици и традиционални култури, да се поттикне одгледување на култури со повисока додадена вредност (лековити билки, овошје за извоз, мед и органски производи),
– Програми за поддршка на локални преработувачки капацитети, за да се создава финален производ, а не само суровина.
7. Поврзување со извозните пазари
-Директна државна помош за извозно ориентирани земјоделци (на пример, субвенции за сертификација за ЕУ пазарот),
-Oдобрување на логистиката и транспортната инфраструктура за полесен пристап до странски пазари.
8.Развој на моделот на Италија за аграрен туризам (Agriturismo)
– Модел според кој малите рурални ресторани се ослободени од ДДВ и данок на добивка доколку послужуваат најмалку 50% сопствени производи: млеко, сирење, месо итн.
Заклучоци
Констатиравме дека бојкотот на трговските ланци нема никаква логика – можноста за интервенција е ниска бидејќи производите се доминантно увезени или зависни од увозни компоненти за производство.
Домашното земјоделско производство е во постојано опаѓање.
Земјоделското производство е намалено за скоро 50% а трговскиот дефицит на земјоделските производи расте со стапка од 30% и достигна скоро 1,2 милијарди евра.
Субвенциите се во постојан пораст и се зголемени за околу 10%.
На тоа ги додаваме и покачените трошоци на Министерството за земјоделство: буџет поголем за 48%, плати поголеми за 73% и оперативни трошоци по вработен зголемени за 76%.
Како капак на сето погоре, имаме бројни високо образовни и научни установи: имаме Факултет за ветерина, Факултет за земјоделски науки и храна, Земјоделски и Институт за сточарство при УКИМ, Земјоделски факултет УГД Штип, Биотехнички и Ветеринарен факултет при УКЛО – Битола, Институт за тутун – Прилеп, Факултет за земјоделство и биотехнологија ДУТ Тетово.
Се разбира, тие не се директно одговорни за намаленото производство но би требало да влијаат на зголемување на продуктивноста. А, не кај доматите да имаме намален принос. Ние, Македонија, која историски беше традиционален производител и извозник на раноградинарски култури?!
Накратко фрламе пари во Фонтана ди Треви“ и го гледаме филмот „Има ли пилот во авионот“. А потоа повикуваме на бојкот на трговските ланци?
Историска шанса или кој ќе биде споменуван 1.000 години од сега? (и дали воопшто?)
Денес, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ има историска шанса. Може да се занимава со политиканство и клиентелизам и да ги дели средствата за субвенции, плати за администрација и високообразовни установи без никаков ефект, како што се делени до сега.
Или, може да направи историски исчекор и да ја повлече Македонија напред. Државата треба да го поттикнува само она што е продуктивно и профитабилно, и добро за економијата и за целото општество.
Дали Владата ќе ја искористи оваа шанса, зависи само од нив. „Секој е ковач на својата судбина“ рекол Appius Claudius Caecus од 4-от век п.н.е. во Стариот Рим.
Appia Antica и денес е едно од најпосетуваните историски места во Рим. Appia Nuova е наречена во негова чест.
Дали некој од денешните македонски политичари ќе ја има таа од раководител на Министерство или Влада, да прерасне во државник, за по илјада години некоја улица да се нарекува по него или по неа?
Д-р Марјан Бојаџиев, универзитетски професор,
Соработници: м-р Александар Ивановски УАКС Алумни, м-р Стефан Таневски, асистент на УАКС, м-р Никола Деребанов, консултант и експерт за зелена економија
Македонија
Тетовец приведен поради агресивно однесување кон полицијата
Published
1 hour agoon
February 6, 2025By
Арлингтон![policija](https://bulevar.mk/wp-content/uploads/2025/01/img_3113-1-17.jpg)
На 05.02.2025 во 22.40 часот на улица „Браќа Миладинови“ во Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово, го привеле А.Р.(55) од Тетово затоа што агресивно се однесувал кон нив додека преземале службени дејствија. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него биде поднесен соодветен поднесок.
Македонија
Тетовчанка тешко повредена додека ги бранеше внуците од кучиња скитници
Published
1 hour agoon
February 6, 2025By
Арлингтон![bolnica tetovo](https://bulevar.mk/wp-content/uploads/2025/01/img_4125-1-1.jpg)
На 05.02.2025 во 14.50 часот во СВР Тетово, Ш.Х.(47) од Тетово пријавила дека околу 13.00 часот на улица „146“, заедно со нејзините внуци биле нападнати од неколку кучиња скитници и при обид да ги одбрани внуците паднала и се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово.
![](https://bulevar.mk/wp-content/uploads/2025/02/img_5333-1-80x80.jpg)
Дали ако е лошо времето ќе го бојкотираме УХМР? (2)
![policija](https://bulevar.mk/wp-content/uploads/2025/01/img_3113-1-17-80x80.jpg)
Тетовец приведен поради агресивно однесување кон полицијата
![bolnica tetovo](https://bulevar.mk/wp-content/uploads/2025/01/img_4125-1-1-80x80.jpg)
Тетовчанка тешко повредена додека ги бранеше внуците од кучиња скитници
![](https://bulevar.mk/wp-content/uploads/2025/02/img_5332-1-80x80.png)
СЕСТРАТА НА ФРОСИНА СО АПЕЛ: Не го објавувајте видеото
![](https://bulevar.mk/wp-content/uploads/2025/02/img_5329-1-80x80.jpg)
Изет Меџити на Молитвениот појадок во Вашингтон: Зајакнување на партнерството со САД
![](https://bulevar.mk/wp-content/uploads/2020/11/805842-filipche-utre-se-predlagaat-novi-merki-protiv-kovid-19-80x80.jpg)
Револтиран угостител до Филипче: 15 години сум дел од ова не може да седам на страна без кажан збор!
![](https://bulevar.mk/wp-content/uploads/2021/08/uploads_thumbs_resize_800x420_380131-80x80.jpg)
БОМБА НА МАКЕДОНСКА ДОКТОРКА: Од 10 заболени вчера ревакцинирани со 2 дози се 8
![](https://bulevar.mk/wp-content/uploads/2021/09/kimi-spitali-80x80.jpg)
Мехмети: Не прашувајте како изгоре болницата-Таа ја ИЗГОРЕВМЕ СИТЕ!
![](https://bulevar.mk/wp-content/uploads/2021/11/divonaselje-1-80x80.jpg)
Затвор ли е Идризово, кафана ли е ? (Видео)
![](https://bulevar.mk/wp-content/uploads/2020/10/screenshot_84-80x80.png)
„Спремен сум да влезам во инфективна и со заболените БЕЗ МАСКА да седам 24/7 седум дена„“ – Предизвик до Филипче
![](https://bulevar.mk/wp-content/uploads/2023/12/20231225_232319-80x80.jpg)
(Видеo) Драма во Албанија: Гори 12-катница, 40 лица се заробени во становитe
![](https://bulevar.mk/wp-content/uploads/2023/12/grobnica-sv-nikola-80x80.jpg)
Мистepиja на гpoбот на Свети Никола: И покрај paзopниот земjoтpec останал целoceн – се останато било yништено (ВИДЕО)
![](https://bulevar.mk/wp-content/uploads/2023/12/screenshot_20231205-222910-80x80.jpg)
ПАЛЧО СО ИСТАТА БАНДА ВО МАЈ БЕШЕ ФАТЕН СО ПИШТОЛ БЕЗ ДОЗВОЛА како бара злато (ФОТО)
![](https://bulevar.mk/wp-content/uploads/2023/12/spasovski-80x80.jpg)
ВО ЖИВО ОД МВР – ФАТЕН Е И УАПСЕН ПАЛЧО (ВИДЕО)
![](https://bulevar.mk/wp-content/uploads/2023/10/maz-mechka-2-80x80.jpg)
(Видео) Излегов да берам дренки кога пред мене излезе мечката и ме нападна
Трендинг
-
Македонија6 days ago
ИСТАТА СУДИЈКА ШТО ГО ОСЛОБОДИ ВАСКО САКАШЕ ДА ЈА ЗАТВОРИ ВМРО-ДПМНЕ Таа беше носител на неправдата во случајот „Талир 2“
-
Бизнис3 days ago
Вработување со средно во Тетово, плата 31.000 денари
-
Македонија3 days ago
Разрешена судијката што го судеше Васил убиецот на Фросина, работната група во Правда ќе бара нов судија
-
Македонија6 days ago
Ова е судијката која го ослободила од притвор Васил кој ја усмрти Фросина
-
Македонија1 day ago
МОРБИДНО: Има ли институција во Македонија која ќе се позанимава со ликов познат како Боби?
-
Скопје3 days ago
ПРВИ ФОТОГРАФИИ: Нова несреќа вечерва на Партизанска (ФОТО)
-
Македонија2 days ago
Апсење на „Благоја Тоска“ во Тетово
-
Македонија6 days ago
Со 2,52 промили и без возачка, 23-годишник беснеел по улиците