Малиот „Ајнштајн“ запиша докторат на 12 години (Фото)

Лоран Симонс од Белгија, по завршувањето на магистерските студии по квантна физика, запишувал докторат на универзитетот во Минхен… Иако има само 12 години.

Таткото на детето, Александар Симонс изјави дека момчето се запишува на докторска студија за природни науки на германскиот Истражувачки институт „Макс Планк“. Се наведува дека програмата ќе вклучува хемија, медицина и физика, па момчето голем дел од времето ќе го минува во лабораторија.

Лоран, кого го нарекуваат и „Малиот Ајнштајн“, е роден во градот Остенде, основно училиште завршил на шест години, а матурирал на 11 години. Летово на 12 години ги заврши магистерските студии на Универзитетот во Антверпен.

Момчето веќе соработува во научни експерименти и истражувања на Институтот.

Лоран е веќе популарен на социјалните мрежи само на Инстаграм го следам над 78 илјади луѓе, а тој пред само два дена напиша: