Перо не ги обработува нивите, Перо без да знае, МЗШВ ќе му ги запише нивите како необработливо земјиште и ќе ги даде под закуп…

Фејсбук статус на Дејан Андов, во врска со новиот закон за земјоделско земјиште кое Владата го подготвува:

Ако се наспавте, сега да пробам да ви отворам очи, што тоа значи Предлог законот за земјоделско земјиште кое тајно го подготвува владата на СДС/ДУИ, а со цел да им излезе во пресрет на корпорациите кои пиќасале добри блокови земја за поставување на фотоволтаици.Со актуелниот Закон за земјоделско земјиште, МЗШВ го запишува одредено земјоделско земјиште како необработено на два начина: со БАРАЊЕ од сопственикот или со СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ.

Запишувањето по службена должност се врши прво со праќање на Изјава по пошта за сопственикот кој треба да ја пополни и врати до МЗШВ. Во изјавата треба да напише дека земјиштето не го обработува и тоа ќе биде запишано како необработено земјоделско земјиште, освен во случајот кога намерно е оставено необработено, но не подолго од 18 месеци, заради подобрување на плодноста и квалитетот на почвата.

Со новиот ПРЕДЛОГ ЗАКОНОТ, запишувањето на одредено земјоделско земјиште како необработено ќе се врши по СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ, врз основа на докази од Агенцијата за катастар, ГИС системот, авионски снимки итн.Нема да се праќа по пошта за изјава на сопственикот, неговото мислење ќе биде НЕбитно. Откако ќе му биде запишано како необработено, тој потоа ќе треба да поднесе Барање до МЗШВ да му се избриши од необработено земјиште, да докажи дека не го обработувал најмногу 24 месеци заради подобрување на плодноста и квалитетот на почвата.

Потоа, со Новиот ПРЕДЛОГ ЗАКОНОТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСКО ЗЕМЈИШТЕ, МЗШВ земјиштето кое ќе го евидентира по службена должност како НЕОБРАБОТЕНО, ќе има право да го ИЗДАВА ПОД ЗАКУП на странски и домашни корпорации заради поставување на фотоволтаици.Парите од Закупот ќе се слеват на посебна државна сметка, и 80% од закупнината ќе добива сопственикот на земјиштето, а 20% ќе зема владата.Доколку за најкасно 10 години сопственикот на земјиштето не си ги подигне парите од закупот, тие остануваат во државна сопственост.

Пример 1:Перо живее во Скопје. Тој наследил од татко му ниви во Могила. Перо не ги обработува нивите. Перо без да знае, МЗШВ по службена должност ќе му ги запише нивите како необработливо земјиште и ќе ги даде под закуп. Откако ќе научи Перо, ќе има право на 80% од закупнината.

Пример 2:Томе емигрира во Канада. Во Долни Дисан има добро земјиште. Томе живее, работи и умира во Канада. Тој нема наследници и земјиштето останува. МЗШВ по службена должност го запишува како необработено и го дава под закуп. Бидејќи умрел во Канада, Томе нема да може да дојде и ги подигне парите од закупнина, и за 10 години тие остануваат на државата. Ете тоа е накратко суштината на предлог законот за земјоделско земјиште, можете да дебатирате дали е добар, лош, незнам каков, пак да гласате за ДУИ/СДС, али позадината на законот е многу јасна и провидна, само треба очи отварање.