Connect with us

Uncategorized

Денеска е Светиот маченик Нестор

Published

on

Во времето на страдањето на свети Димитриј Мироточивиот, во Солун живееше еден млад човек по име Нестор, којшто на верата се научи од самиот свети Димитриј. Во тоа време, христоборниот цар Максимијан приредуваше разни игри и веселби за народот.

А љубимец на царот му беше еден вандалин по име Лиј, со голијатски раст и сила. Како царски гладијатор, Лиј секојдневно ги предизвикуваше на мегдан луѓето и ги убиваше. Крволочноста на овој Лиј го развеселуваше крволочниот идолски цар. За борбите на Лиј царот направи посебна сцена, како една тераса на столбови. Долу под терасата имаше забиено копја со остриците устремени нагоре.

Кога Лиј ќе победеше некого во борење, ќе го фрлеше одозгора од терасата врз цела една шума од исправени копја. Наоколу стоеше незнабожечкиот народ со својот цар и се развеселуваше кога некое бедно човечко суштество ќе се виткаше во маки на копјата сè додека не издивне.

Меѓу невините жртви на Лиј беа и многумина христијани. Зашто во деновите кога никој доброволно не се пријавуваше за борба со Лиј, тогаш по царска наредба насилно ги довлечкуваа христијаните на борилиштето. Гледајќи ги тие ужасни разоноди на незнабожечкиот народ, на свети Нестор му се кинеше срцето од болка.

И тој реши самиот да излезе во борба со џиновскиот Лиј. Но, претходно отиде во затворот кај свети Димитриј за да побара од него благослов за тоа. Свети Димитриј го благослови, го прекрсти со знакот на крстот на челото и на градите и му прорече: „Лиј ќе го победиш, но за Христа ќе пострадаш.“

Младиот Нестор значи му излезе на мегдан на Лиј. Беше присутен и царот со толпа народ; и сите го жалеа младиот човек зашто ќе загине и го одвраќаа од борбата. Но, Нестор се прекрсти и рече: „Боже Димитриев, помогни ми!“ И со Божја помош Нестор го совлада Лиј, го собори и го турна врз копјата, каде што тешкиот џин брзо умре.

Тогаш сиот народ викаше: „Голем е Бог на Димитриј!“ А царот се посрами пред народот, се нажали по својот љубимец Лиј и многу се разгневи на Нестор и на Димитриј. Па овој свиреп цар нареди и Нестор го убија со меч, а Димитриј го избодоа со копја. Тогаш го заврши својот овоземен живот славниот христијански јунак Нестор, во 306 година, кога се пресели во Царството на својот Господ.

Uncategorized

ВЛЕН е сплотен околу идеја за плурализам и антикорупција

Published

on

Првиот вицепремиер на владата, Изет Меџити, во своето денешно гостување на „Тема на денот“ разговараше за состојбата во коалицијата „Вреди“. Запрашан дали коалицијата „Вреди“ е пред распаѓање, тој децидно одговори дека има некои процеси, но коалицијата е стабилна.

„ВЛЕН не се распаѓа. Ние се сплотивме околу една идеја, да донесеме плурализам и демократија во албанскиот кампус, борба против корупција и уште стоиме на тоа, освен господинот Таравари којшто од индивидуални и партиски причини, излезе на површина дека подолг период од неколку месеци соработува со Демократската унија за интеграција.“ истакна лидерот на ЛД.
Тој дополни дека ВЛЕН има јасен став во однос на тоа дека не може да се коалицира и со ВЛЕН и со ДУИ истовремено.

Continue Reading

Uncategorized

САД ПОВЛЕКУВААТ ВОЈСКА ОД СИРИЈА: Америка речиси го преполовува бројот на војници распоредени во Сирија

Published

on

САД во наредните месеци речиси ќе го преполоват бројот на војници што ги распоредија во Сирија, потврди Пентагон.

САД со години имаат војници во Сирија како дел од напорите против екстремистичката организација Исламска држава.

Портпаролот на Пентагон, Шон Парнел, рече дека намалувањето на бројот на војници ги одразува „значајните чекори што се направени кон деградирање на оперативната способност на ИСИС“ и на регионално и на глобално ниво.

– Овој намерен процес заснован на услови ќе го намали присуството на САД во Сирија на помалку од илјада американски сили во наредните месеци, рече тој.

САД ќе соработуваат со сојузниците за да го задржат притисокот врз групата и да одговорат на какви било други терористички закани што ќе се појават, додаде Парнел.

Исламска држава во последните години претрпе големи територијални загуби и воени порази во Сирија и соседен Ирак. Сепак, нејзините оперативци повремено вршат напади во двете земји.

Continue Reading

Uncategorized

Цистерна удрила во карпите на автопатот Скопје-Велес

Published

on

Центарот за управување со кризи информира дека на патот Скопје – Велес има одрон, што било пријавено вчера во 17:06 часот преку линијата за итни случаи 112.

Конкретно е добиена пријава од лице кое патувало од Скопје кон Велес, дека пред патарината кај Велес камион – цистерна удрил на карпите и има одрони на пат, што претставуваат опасност. За ова веднаш е известено ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта за нивна понатамошна постапка, по што е и постапено, соопшти ЦУК.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк