Connect with us

Македонија

ДИРЕКТОРОТ НА ФК ШКУПИ: Со пари од мојот данок не сакам да го спонзорирам најтрофејниот македонски ФК Вардар

Published

on

Денеска Град Скопје донесе одлука да му се доделат 15.000.000 денари или околу 243.000 евра на најтрофејниот македонски клуб Вардар.

Секако дека ваквата одлука предизвика задоволство кај фановите на Вардар, но истовремено реагираат и оние кои не се задоволни. Уште при донесувањето на одлуката во Советот на Град Скопје реагирале албанските пратенци кои истакнале дека ако се дава пари на Вардар треба да се даде и на Шкупи.

Попладнево на социјалните мрежи се огласи и директорот на ФК Шкупи, Омер Буњаку кој истакна дека не сака данокот кој тој го плаќа да се користи за помош на Вардар додека во Скопје има и четири други клубови.

„Кај нас е задолжително сите клубови да преминат во Акционерско друштво, значи ќе имаат свои спонзори, вклучително и некои други начини кои доаѓаат како помош од самата држава.

Но, не сакајќи да се занимава со темата акционерски друштва, Советот на Град Скопје како да заборава дека нема право да ги дели клубовите.

Ова го велам, затоа што во Првата лига нa Македонија, само од градот Скопје, во моментов се натпреваруваат четири клуба, Шкупи, Македонија Ѓ.П. , Работнички и Скопје, додека токму Советот на град Скопје, со поднесување на амандманот од советници на ВМРО и дел од советниците на СДСМ одлучија да му помогнат на клубот Вардар со 15.000.000 денари, кој се натпреварува во Втората лига. Овој клуб сега веќе не му припаѓа на градот, туку е во приватна сопственост.

Македонија

Претреси на подрачје на СВР Струмица, пронајдена дрога, приведени дилери

Published

on

На 12.03.2025 во 06.50 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода А.П.(26) од Скопје, со престој во Струмица. При претрес на две локации, кои ги користи во Струмица и во село Ново Село, струмичко, извршени со судски наредби, биле пронајдени повеќе пакувања со марихуана, предмети со остатоци од марихуана, семки од растението канабис, таблета, шприцеви исполнети со црна течност, две дигитални ваги, две дробилки и пари во различни апоени.

Истиот ден во 07.40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го лишиле од слобода К.К.(35) од Радовиш. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.

Вчера, во ОВР Гевгелија, во присуство на родител, бранител и социјален работник, бил извршен службен разговор со 17 – годишник од гевгелиско село. При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени повеќе пакувања со марихуана, предмети со остатоци од марихуана, семки од растението канабис, две дигитални ваги, два грендери и други предмети. Дополнително, во ОВР Гевгелија бил повикан и братот на малолетникот и со него, исто така, бил извршен службен разговор за потекло на пронајдените предмети.

На 12.03.2025 во 11.30 часот во Валандово, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Валандово го лишиле од слобода В.З.(49) од Валандово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба биле пронајдени марихуана и семки од растението канабис.

Запознаени биле јавни обвинители од Основните јавни обвинителства во Струмица, Гевгелија и Радовиш и по документирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Continue Reading

Македонија

Полицијата со претреси низ Македонија, пронајдено и запленето оружје

Published

on

На 12.03.2025 во 08.00 часот, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода Џ.Д.(71) од с.Делогожда, струшко. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени ловечка пушка „Брно ЗХ 321“ калибар 16 милиметри, куршуми со калибар 8х57, ловечки патрони калибар 16 милиметри, други предмети и соодветна дозвола. При претрес во неговото возило „хјундаи“ со швајцарски национални ознаки, кое било паркирано во дворот, биле пронајдени и одземени ловечка пушка карабин 8х57 „Црвена Застава“, ловечки патрони калибар 16 милиметри и куршуми калибар 8х57, кои нелегално ги поседувал. По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 12.03.2025 во 07.10 часот во с.Фалише, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го привеле П.В.(38) од с.Фалише. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена воздушна пушка „Црвена застава” калибар 4.5 мм М56, која ја поседувал без дозвола. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок по член 80 од Закон за оружје.

Continue Reading

Македонија

Во текот на вчерашниот ден, полицијата напишала 706 казни, најмногу за непрописно паркирање

Published

on

Состојбата на подрачјата на осумте Сектори за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (12.03) согласно активностите на полициските службеници во рамки на сообраќајни контроли покажува дека биле издадени вкупно 706 платни налози, а по превземени мерки по основ на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (ЗБСП) и по основ на Законот за возила (ЗВ).

Во тој контекст, статистички гледано, од изречените прекршочни санкции повторно најголемиот број изречени прекршоци против возачи – 183 се однесуваат на непрописно паркирање, а 133 – се однесуваат на непочитување на брзината на движење. Потоа по основ на непоседување на возачка дозвола изречени се 74 прекршоци; 89 се прекршоците за некористење на сигурносен појас и 15 – за неносење заштитен шлем, а 31 прекршок за говорење на мобилен телефон при возење. Вчера само девет пешаци добиле прекршочни платни налози за разлика од завчера кога нивната бројка беше дури 209.

Исто така, во рамки на контролите, во седум случаи евидентирано е минување на возило на црвено светло, а исто толку возачи управувале возило со недозволено ниво на алкохол во крвта. Согласно ЗВ пак евидентирани се и 21 нерегистирано возило како и осум возила кои што биле технички неисправни согласно ЗВ.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк