Ова се ДИРЕКТОРИТЕ во МНАВ што земаат ПЛАТА по 345.000 ДЕНАРИ МЕСЕЧНО !

На двајца владини функционери, директори во Македонска навигација месечно за плата им плаќаме по 620.000 денари, објави опозициската ВМРО-ДПМНЕ во аферата Паразити.

„Фахрудин Хамиди, претседател на Управниот одбор и Извршен директор во СВН во М НАВ, именуван од страна на владата месечно зема 345.000 денари на име плата. За една година тоа се 4.140.000 денари, а за мандат од 4 години 16.560.000 денари.

Ако оваа сума се подели со 18.000 денари колку што е просечната плата, се добива 920, тоа е бројот на месеци, што е еднакво на 76 години, кои што се потребни за да се заработи таа сума на пари со минимална плата.

За еден мандат Хамиди, од челното место на М НАВ ќе замине со пари за кои што поголемиот број на граѓани ќе треба да работат 76 години.

Фото: Пресс24

Односно најголемиот број од народот во Македонија, во својот живот нема да може да ги заработи парите кои првиот човек на М НАВ именуван од владата ќе ги земе за 4 годишен мандат.

Ништо поразлично не е ниту членот на УО и Извршен директор во СВТ на М НАВ, Владо Крстевски, кој зема 266.000 денари месечно.

За четири години Крстевски од државата ќе земе 12.768.000 денари на име плата.

Овие двајца функционери именувани од владата за еден свој мандат во М НАВ заедно ќе наплатат половина милион евра само за плата – објави ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конфернеција.