Connect with us

Македонија

Андреј Жерновски зема 1000 ЕВРА ПЛАТА за градба на Клинички – КОЈ НЕ СЕ ГРАДИ

Published

on

Поранешниот градоначалник на Општина Центар Андреј Жерновски, кој повеќе од година ипол е дел од проектната единица за Клинички центар, добива месечен надомест од 1.000 евра, а проектот со години не мрднува од место – обвини вчера ВМРО-ДПМНЕ во продолжение на својата кампања „Паразити“.

– Жерновски до сега зел повеќе од 18.000 евра од Министерството за здравство, а намената за која што ги зема тие средства не е оправдана. Клинички центар нема, ниту се гради тој во Штип, а тој во Скопје не е ниту во фаза да почне да се гради – изјави Ивица Томовски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.

Опозицијата бара одговор од владата зошто се држи Жерновски на позицијата и зошто му се исплаќаат по 1.000 евра месечно, иако за тоа нема потреба.

– Иста е ситуацијата и со Кире Станкоски, генерален директор на Тутунски комбинат Прилеп, кој зема месечна плата од над 2.000 евра – рече Томовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Според Томовски, аферата „Паразити“ покажува како група функционери именувани од владата земаат огромни суми пари по основ на плата во време кога имаме економска криза, а притоа не гледаме со што тие ги оправдале овие примања.

Македонија

Халили: Се засилува стратегиското партнерство со САД, но не се напуштаат односите со ЕУ, за која Мицкоски постојано искажува поддршка!

Published

on

„Блискоста со Соединетите Американски Држави оди во прилог на засилувањето на врските со стратегиското партнерство со нив, но овој однос не подразбира заладување на односите со Европската Унија, организација кон која се стремиме.“ – изјави за Албанската редакција на Македонската телевизија поранешниот амбасадор Мухамед Халили. Според него, факт за ова се изјавите на премиерот Мицкоски за постојана поддршка на надворешната политика на Европската унија. Ова го пренесе информативната агенција на албански јазик „Журнал“.

Агенцијата дополнува: „Не е направено нешто специфично за напуштање на односите со ЕУ, за создавање блиски односи со САД на сметка на односите со ЕУ.“ – изјави Халили

Continue Reading

Македонија

Подобрена состојбата на двајца пациенти хоспитализирани во Солун

Published

on

Министерството за здравство соопшти дека двајца пациенти кои се лекуваат во Солун се во подобрена состојба. Тие се екстубирани и од интензивна нега се преместени на оддел за пластична хирургија.

Во Скопје, пак, вкупно 16 пациенти се на болничко лекување и се во стабилна состојба. По шест пациенти се хоспитализирани во Стара градска болница и ГОБ „8 Септември“, додека четворица се во приватни болници.

Од Клиниката за токсикологија информираат дека во последните 24 часа биле примени четворица пациенти од странство. По направените токсиколошки анализи, тие биле пуштени на домашно лекување, бидејќи се во добра општа состојба.

Министерството за здравство останува во постојана комуникација со медицинските тимови во земјата и во странство и продолжува да ја следи состојбата на повредените во несреќата во Кочани.

Извор: Република

Continue Reading

Македонија

Трамп во конфликт со Путин: ‘Многу ме изнервира, бесен сум!’

Published

on

Претседателот на САД, Доналд Трамп во интервју за Ен-би-си (НБЦ) изјави дека е „многу изнервиран“ и оти е „бесен“ на рускиот претседател Владимир Путин и се закани дека ќе воведе нови царини на руската нафта.

– Ако Русија и јас не сме во можност да постигнеме договор за завршување на крвопролевањето во Украина, а верувам дека тоа е руска грешка, ќе воведам секундарни царини на целата нафта кој излегува од Русија, посочи Трамп.

Тој истакна дека царините за Русија би можеле да бидат воведени во рок од еден месец доколку не се постигне договор за прекин на огнот.

– Ова би значело дека ако купувате нафта од Русија, нема да можете да вршите економска активност во САД. Ќе има царина од 25 до 50 проценти за целата нафта, наведе Трамп.

Тој додаде дека Путин знае дека е лут, но оти и покрај тоа тие имаат „многу добри односи“ и „лутината брзо исчезнува … ако ја направи вистинската работа“.

Трамп најави дека следните денови ќе разговара со Путин.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк