Битолчанката Теодора Мицеска со своите 16 години и ангелскиот глас продолжува да реди успеси на светски фестивали како единствена претставничка од Македонија (Видео)

16-годишната Теодора Мицеска од Битола е девојче со ангелски глас. На јавноста и стана позната по прекрасната изведба на песната „Вечниот Бог” во пресрет на минатогодишниот Божик, но Теодора зад себе има и голем број успеси и награди од светски и интернационални фестивали како единствен претставник од Македонија.

Прочитајте што таа вели за Булевар.мк:

Нештата кои најмалку очекуваш дека ќе се случат се едни од поубавите и послатките. Некои луѓе несакајќи ќе се впуштат во еден непознат свет со илјадници препреки, изненадувања,успеси, потешкотии но сите тие работи се едно големо искуство за самата личност. Јас несвесно се впуштив во еден музички свет каде што има милион препреки,но знам дека секоја една од нив ќе ја надмина со многу труд, љубов и многу волја. Постепено чекориме кон еден голем успех,успех каде што е потребна голема поддршка од оние кои секогаш се покрај тебе и јас таа поддршка ја имам.

Теодора вели дека како млада личност со свои шеснаесет години од Битола,предходните неколку дена гордо ја претставила нашата држава на молдавската музичка сцена, пред молдавските екрани и пред многубројна публика.

Тоа е еден од поголемите меѓународни фестивали што се одржува во Молдавија во главниот град Кишинев кој траеше од 27-31 октомври.Оваа година броеше најмногу учесници повеќе од илјада, беа и од други држави: Романија, Украина, Русија, Молдавија,Бугарија, Албанија, Косово и секако ние од Македонија. Како единствен учесник од нашата држава на тие големи сцени пред толку многу публика, чувството е нереално и просто неописливо. Самиот натпревар има повеќе категории за натпреварување ( естрада, фолклор,балади,поп,џез, кореографии,гимнастика, уметност итн.).

Таа учествуваше во категоријата фолклор со изведба на наша стара и една од најубавите македонски народни песни ” Јано мори”.

Повторно по втор пат на истата сцена,истата личност,но различна песна заблескаа на молдавската сцена. Се борев за она кое го заслужувам и за она кое навистина треба да го добијам. Горда сум што Макеоднија ја имам претставено во пристојно светло на други музички сцени!


Во 2019 година Теодора на истото место се претстави со песната:
” Ој ти пиле” Македонија повторно беше во рамките на победата и во најдобро светло како единствен претставник од нашата држава.

Овде има линк од натпреварот во Молдавија од 2019 ( Ој ти пиле),а од оваа година ќе чекаме да пратат некоја снимка од организацијата:

Теодора Мицеска

Теодора има учествувано и на други фестивали надвор од Македонија- Бугарија,Грција, Романија,Молдавија,Израел ,Италија, Украина,Русија и секогаш се враќа со први места и Grand Prix.

Оваа снимка е од лани од Бугарија – Зајди,зајди( GRAND PRIX)

Снимка од Охрид 2019- Ој, Јано Јано (GRAND PRIX):