Connect with us

Спорт

Македонијо имаш ЕВРОПСКИ ШАМПИОН во КИК БОКС – Бобан Илиоски се избори за златен медал (Фото)

Published

on

Бобан Илиоски е европски шампион во кик бокс.

Илиоски во борбата за златниот медал го совлада Христо Калајџиев од Бугарија со 3-0 на Европското кик бокс првенство за сениори во Анталија, Турција.

Ова е втор медал за Македонија на ЕП, откако Викторија Варадинова се закити зо бронзен медал.

„Боби се бореше промислено и поразлично од секогаш. Одеше на сигурни поени и се пазеше од непотребен ризик да не дојде до повреди и не одеше на нокаут, како што знае секогаш. Сите негови противници, познавајќи го дека е офанзивец и плашејѓи се од нокаут со своите тренери имаа изградено тактика за борба против Боби. Но, ги збунивме, бидејќи ја сменивме целосно тактиката и начинот на борба, односно со поени да стигнеме до победа и до злато. Дадените инструкции се покажаа продуктивни. Добро е што Боби нема никаква повреда, бидејки за краток период имаме профи борба на Сенши, престижниот турнир против Едуард Алексијан од Бугарија“, изјави слекеторот Дејан Митровски-Урко за Ипон.мк.

Резултати Европско првенство:Лоу кик-86 кгБобан Илиоски – Мартин Лоренц (Чешка) 3-0Бобан Илиоски – Борна Манојловиќ (Хрватска) 3-0ФиналеБобан Илиоски – Христо Калајџиев (Бугарија) 3-0

Македонија

Летечкиот Македонец ја слави европската титула, па браво мајсторе (Видео)

Published

on

Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски – Иџе, кој викендов по третпат го освои Европскиот шампионат за ридско-планински трки, беше пречекан дома со факели, овации и македонски знамиња.

Трократен Европски Шампион! За мојата Македонија,за мојот народ! 2014/2015/2023! Бидете горди, испишавме нова историја!!!, порача Иџе по освојувањето на трофејот.

Видео: https://fb.watch/n9QvHnH9V8/?mibextid=Nif5oz

Continue Reading

Спорт

Не можеше да ги задржи емоциите: Прославата на Ѓоковиќ по победата во епското финале (Видео)

Published

on

Новак Ѓоковиќ во спектакуларно финале во три сета славеше против Карлос Алкараз на турнирот во Синсинати. Оваа победа за Ѓоковиќ донесе и многу емоции, а тоа можеше да се заклучи и од начинот на кој прослави.

Српскиот тенисер до победата дојде по голема борба и спасена меч топка и токму затоа ова финалето ќе остане запаметено како едно од најдобрите во историјата. По победата Ѓоковиќ легна теренот, а потоа и ја искина маицата која ја носеше.

Треба да се каже и дека со три часа и 50 минути ова финале е најдолгиот меч во историјата на турнирот во САД.

Continue Reading

Спорт

Дали е ова најчудниот пенал во историјата на фудбалот? (Видео)

Published

on

Eден од најчудните пенали во историјата на фудбалот се случи синоќа во натпревар од Конференциската лига меѓу Гленторан од Северна Ирска и Гзира од Малта.

Гостинскиот голман го одбрани ударот, почна да се радува и избега од петерецот но топката сепак се дотркала до голот и заврши зад линијата.

Проверете дали е ова најчудниот пенал во историјата на фудбалот?

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк