„Кратко туширање штеди вода, струја и пари…“, а групното туширање е уште поекономично :)

Владата започнува со реализација на информативно-едукативни активности, со кои ќе се подига јавната свест за тоа колку е важно штедењето на електричната енергија во услови на светска енергетска криза. При промовирањето на информативно-едукативни активности под слоганот „Штедиме заедно денес за да имаме утре“, од владината прес служба наведоа неколку примери за заштеда на електрична енергија и упатија апел за рационално користење на ресурсите, со што ќе се овозможи намалување на сметките како и зголемување на конкуренцијата на претпријатијата.

„Енергетски ефикасните сијалици заштедуваат и до 90% електрична енергија. Одржување на температурата на 22 степени наместо на 25 степени заштедува до 10% електрична енергија. Краткото туширање заштедува вода, струја и пари на вашата сметка. Според некои експертски анализи, доколку се почитуваат овие и други препораки може да се заштеди електрична енергија и до 50%“, посочи владиниот портпарол.

Од таму посочија дека во услови на тешка состојба на глобалниот пазар за енергенси, Владата донесе план за штедење со конкретни насоки за сите органи во состав на државната управа и потенцираа дека заштедата на државните институции кои започнаа да го применуваат овој план изнесува околу 20 проценти.

Во меѓувреме граѓаните се шегуваат со овие мерки на Владата: