Народот гласаше – Маск го врати Трамп на Твитер

Eлон Маск, новиот шеф на Твитер, објави дека ќе го врати профилот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, забранет од социјалната мрежа по нападот на Капитол Хил во Вашингтон во јануари 2021 година.

„Народот го кажа својот збор. Трамп ќе биде вратен“,

напиша Маск на својот профил на Твитер по резултатите од анкетата објавена меѓу неговите следачи, кои со големо мнозинство гласаа за враќање на републиканскиот политичар на Твитер.