Connect with us

Скопје

Возиме и плаќаме гориво ОД НАШ ЏЕБ – Протест на приватните автобуски линии во Скопје, утре НЕМА ДА СООБРАЌААТ

Скопјани од утре со нови проблеми. „Слобода превоз“ почнува со штрајк и десет линии со кои тие оперираат нема да возат по градските улици – линии кои скопјани често ги користат за да стигнат до своите работни места или домови.

Причина е лошата финансиска состојба на сопствениците на автобусите, бидејќи со месеци се без плата, а ЈСП не го подмирува долгот од околу еден милион евра кон „Слобода превоз“ .

Откако не падна договор, превозниците преку тужба за директорот на ЈСП ќе го решаваат проблемот.

Градот Скопје го раскина договорот со приватните превозници поради нехигиенски  и неипсравни автобуси.

Засега ќе се пуштат возила само за приградските населби, бидејќи таму ЈСП нема автобуси, па ако и тие ги укинат овие граѓаните ќе бидат целосно отсечени од градот, што не сакаат да дојде до сообраќаен хаос.

Сопственикот на приватниот автобуски превозник од Скопје, „Слобода превоз“, Ленин Јовановски, соопшти дека нивните автобуси утре нема да сообраќаат на линиите 9, 12, 22, 23 и 45, поради тоа што ЈСП „Скопје“, односно Град Скопје не го исплатил долгот кон компанијата. Нема да има приватни градски автобуси ако Град Скопје не најде решение за долгот од близу милион евра.

Првиот човек на „Слобода превоз“ Ленин Јовановски рече дека со месеци не им се исплаќаат пари и не се почитува динамиката која ја договориле на последниот состанок, а тоа е едно евро по километар, како и месечните аванси за неколку месеци наназад. Во знак на револт наместо на улица, автобусите ќе заминат пред Град Скопје.

На последната средба во Градот се договоривме да има исплати на секои 15 дена, но тоа не се почитува. Пари од продажба на билети и месечни карти секој ден се собираат, но нас не ни се префрлаат пари. Имаме сомневање дека од тие пари кои всушност се наши пари, ние сме ги сработиле, се плаќаат други обврски на претпријатието. Ние треба да возиме и да даваме пари за гориво од наш џеб, а парите што сме ги сработиле да се даваат на друг, вели Ленин Јовановски од превозникот „Слобода превоз“.

Засега ќе се пуштат возила само за приградските населби, бидејќи таму ЈСП нема автобуси, па ако и тие ги укинат овие граѓаните ќе бидат целосно отсечени од градот, што не сакаат да дојде до сообраќаен хаос.

Јовановски додаде дека доколку не се одржи средба со претставници на Град Скопје и градското претпријатие, ќе има протести, а ако и натаму нема резултат, приватните превозници најавуваат штрајк.

Во опција е и поднесување претставка до Антикорупциската комисија, а можеби и тужба на адреса на директорот на ЈСП за злоупотреба на службена должност, затоа што парите наменети за нас се пренасочуваат на друга страна, изјави Јовановски.

Јовановски вели дека со градоначалничката Арсовска, која ја поддржа на локалните избори, не се во блиски односи, па за сите проблеми кои ги има, го упатила да комуницира со градскиот секретар.

Со градоначалничката Арсовска не сме толку блиски за да се слушаме на дневна база. Последниот пат кога ја побарав за проблемите со кои се соочуваме ми рече за сите прашања да комуницирам со секретарот на Градот. Тој е известен за нашата одлука и доколку до крајот на денот не се најде решение, утре дел од автобусите нема да ги има на улиците. Можеби на некој тоа и му е намерата, да престанеме да возиме и како што направија со ‘Макекспрес‘ и со нас да го раскинат договорот. Но, потоа скопјани ќе останат без јавен превоз оти ЈСП немаат плус 200 автобуси за да ги заменат сите линии на кои возиме ние приватниците, вели Јовановски.

Пред еден месец автобусите на ЈСП „Скопје“ не возеа еден ден кога вработените стапија во колективен штрајк зашто немаа земено плата. Потоа, поради долг кој не можеше да го наплати од ЈСП односно од Град Скопје, престанаа да сообраќаат автобусите на приватниот превозник „Макекспрес“.

Скопје

Скопската железничка станица се враќа во живот по две децении

Еден од приоритетите на новата влада е вложувањето во инфраструктурата, вклучително и железничкиот сообраќај, како товарен така и патнички. Покрај набавката на нови локомотиви и вагони, значајна инвестиција е обновата на железничката станица во Скопје, која ќе ја врати својата функција од пред 15-20 години, кога објектот се руинираше и стана нефункционален.

Почна чистењето и средувањето на станицата, информираше директорот на Железница Инфраструктура, Синиша Ивановски. „Со цел враќање на автентичниот изглед на станицата, започнавме со отстранување на сите билборди, светлосни реклами и други информативни панели кои години наназад го нарушуваа изгледот на објектот“, напиша Ивановски на својата Фејсбук страница и им се заблагодари на компаниите кои се согласиле да ги тргнат билбордите.

Проектот ќе се реализира во фази и ќе заврши со генерално чистење на надворешниот изглед на станицата и поставување соодветна илуминација.

Continue Reading

Скопје

Започна редизајнот на железничката станица во Скопје

Скопје – Почна чистењето и средувањето на железничката станица во Скопје, информираше директорот на Железница Инфраструктура, Синиша Ивановски.

„Со цел враќање на автентичниот изглед на станицата, започнавме со отстранување на сите билборди, светлосни реклами и други информативни панели кои години наназад го нарушуваа изгледот на објектот“, напиша Ивановски на својата Фејсбук страница. Тој им се заблагодари на компаниите кои се согласиле да ги тргнат билбордите.

Проектот ќе се одвива во фази и ќе заврши со генерално чистење на надворешниот изглед на станицата и поставување соодветна илуминација, посочи директорот.

Continue Reading

Скопје

Голем дефект на „Крсте Мисирков“ – утре без вода клучни институции и делови од центарот на Скопје

voda

Утре од 7 часот наутро значаен дел од централното градско подрачје ќе остане без вода поради дефект на водоводната линија на булевар „Крсте Мисирков“, соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Прекинот ќе ги опфати објектите на МАНУ, Основен суд 2, Младинскиот културен центар, Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, трговскиот центар „Мавровка“, делови од Старата скопска чаршија, Саат-кулата, улицата „Отокар Кершовани“, Адвокатската улица и дел од булевар „Крсте Мисирков“.

Од претпријатието информираат дека екипите ќе работат интензивно на терен и дека водоснабдувањето ќе биде вратено веднаш по отстранување на дефектот.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг