Connect with us

Uncategorized

Билјана Дебарлиева – Сака црвено вино, може и да запеe, но на маса во кафеана не се качува (ВИДЕО)

Published

on

Билјана Дебарлиева речиси 30 години е препознатливо лице од телевизијата. Иако како девојка била срамежлива и не мислела дека ќе биде некогаш пред камера, денес не може да замисли да не ја работи оваа професија.

„Ми беше незгодно и во продавница да влезам и да прашам нешто, а не, пак, да сум пред камери. Едно лето се бараа најавувачки на програмата во МРТ. Бевме на журка, па другарка ми ме убеди, а и Јован, тогаш сè уште ми беше момче, ми рекоа: ‘Ајде де, пробај, ништо не губиш’. Потоа ми рекоа дека ме сакала камерата и така почна целата приказна“, се сеќава Дебарлиева.

Препознатлива по својата смиреност и нежен сензибилитет, на прашањето има ли шанси да се качи на маса кога е во кафеана, низ насмевка вели: „Не, не. На маса нема да се качам, може тоа ептен нешто блиски луѓе да сме, ама и тогаш тешко. Иако јас сакам многу да пеам, сакам да пијам само црвено вино, сакам убава музика, дружби, кога сме собрани друштво. Ако ме прашуваш дали ќе се опијанам, си ја знам границата“, се шегува Дебарлиева.

Uncategorized

Дневна метео анализа: Денес (21 февруари петок) ќе имаме целодневно сонце!

Published

on

Територијата на Македонија се наоѓа во поле на висок воздушен притисок (Антициклон), но и на многу ладна воздушна маса која продира од Русија кон нашата територија, и истата ја чувствуваме многу повеќе во ноќните  и во утринските часови, кога температурите се исклучителни ниски.

До крајот на денешниот ден ќе имаме сончево време и без облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и од североисточен правец.

Што се однесува до Скопскиот регион, исто така времето ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец.

Температурите денес ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 8 степени. Во Скопје и околината температурата денес ќе се искачи до околу 8 степени.

Continue Reading

Uncategorized

Пожар во Македонски пошти во Тетово – брза реакција спречи поголема штета!

Published

on

pozar

На 14.02.2025 во 10.40 часот во СВР Тетово било пријавено дека на улица „Илинденска” во една од просториите на „Македонски пошти” настанал пожар. Нема повредени лица, а пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Тетово. Увид извршила екипа при СВР Тетово.

Continue Reading

Uncategorized

Наоружан грабеж во менувачница во Тетово – крадецот во бегство!

Published

on

policija

На 14.02.2025 во 18.25 часот во СВР Тетово било пријавено дека едно лице со закана со оружје од вработен во менувачница во Тетово одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк