СРЕЌНА СЛАВА – ДЕНЕСКА Е СВЕТИ ФИЛИП, еден од дванаесетте апостоли

Еден од дванаесетте апостоли. Роден е во Витсаида крај езерото Галилејско, како Петар и Андреј. Од малечок научен на Светото Писмо, Филип веднаш се одѕва на повикот на Господ Исус и тргна по Него (Јован 1, 43). После слегувањето на Светиот Дух, Филип ревносно го проповедаше Евангелието во многу краишта на Азија и Грција.

Во Грција, Евреите сакаа да го убијат, но со Своите моќни чуда Господ го спаси. Така, еврејскиот првосвештеник којшто се устреми да го бие одеднаш ослепе и сиот поцрне. И имаше силен земјотрес и земјата се отвори и ги проголта злобните гонители на Филип. И многу други чуда се случија, особено исцеленија на болни, заради што мнозина незнабошци поверуваа во Христа. Во Фригискиот град Јерапол, свети Филип се најде на заедничка работа со свети Јован Богослов, со својата сестра Маријамна и апостолот Вартоломеј.

Таму имаше некоја опасна змија, којашто незнабошците грижливо ја хранеа и ѝ се поклонуваа како на Бог. Божјите апостоли со молитва ја умртвија оваа змија. Со тоа врз себе го навлекоа гневот на помрачените луѓе. Озлобените незнабошци го фатија Филип и го распнаа на дрво главечки, потоа го распнаа и Вартоломеј.

Тогаш, земјата се отвори и го проголта судијата и мнозина други со него. Во голем страв, луѓето притрчаа да ги симнат апостолите. Но, успеаја да го симнат жив само Вартоломеј, Филип веќе беше издивнал. На крстените, Вартоломеј им го постави за епископ Стахиј, когошто претходно тој и Филип го исцелија од слепило и го крстија. Стахиј беше слеп четириесет години. Подоцна, моштите на свети Филип беа пренесени во Рим. Овој прекрасен апостол пострада во 86 година, во времето на царот Дометијан.

Детална неделна анализа: Очекувајте го првиот снег во градовите

Под влијание на влажен и постуден воздух од север, како што најавивме ќе го донесе првиот снег и на пониските места и тоа денес и во понеделник, особено во западните предели каде се очекува на повисоките места и на планините формирање на снежна покривка од над 15 цм, додека во населените места (градовите) понекаде ќе се формира снежна покривка од 5 до 10 цм.

Температурите значително ќе се намалат и максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот само од 1 до 9 степени во најтоплите централни и југоисточни предели од државава. Минималните температури пак ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 4 степени.

Во Скопскиот регион се очекува снег само на поголема надморска височина, односно особено на околните планините.

Во некои пониски места (градови) и тоа особено во централните и југоисточните предели ќе врне дожд. Потоа во текот на следната седмица очекуваме значително постудено време и барем одсега гледано ќе има нови врнежи, но сепак детали околу ова овие денови.

(Видео) Maкедон – чудо од дете: Во конкуреција со 4.000 ученици од цел свет донесе златен медал

Вистинско чудо од дете, Македон Димитровски ученик во О.О.У „Лирија“ Тетово има само 7 години но решава математички задачи од втора година од средно образование. Овој мал генијалец ни донесе златен медал по математика, во конкуренција со 4.000 учесници од цел свет.

Македон е дружељубив и секогаш расположен за своите другарчиња и соученици. Меморијата на Македон е на завидно ниво, зборува течно англиски, а учи грчки, германски и кинески јазик.

Неговата наставничка Јасмина Костовска секогаш ја прилагодува наставата за него, со повеќе обврски, покомплицирани задачи. Таа вели дека знаела каков ученик ќе има, а тоа во нејзината 27 годишна кариера бил огромен предизник.

Гостувањето на Македон заедно со неговите родители во утринската програма на Сител Телевизија погледнете ја подолу:

Отец Оливер Петровски – Маж на годината за 2022 во избор социјалните медиуми

Отец Оливер Петровски е Маж на годината во ибор на социјалните медиуми за 2022 година, при официјалниот избор на „Мажи на годината“ во Македонија.

Според гласањето на официјалната Фејсбук страница на настанот, Отец Оливер Петровски освои најмногу гласови и со тоа заслужено ја добива оваа награда.

Наградата Маж на годината во избор на социјалните медиуми и дава можност на целокупната јавност да се вклучи директно во овој настан, преку номинирање, според нив, најуспешниот маж и притоа да гласаат за оние кои се номинирани.about:blank

Отец Оливер Петровски е познат хуманитарец кој раководи со хуманитарната организација „Свети Спас“ кој изминатите години преку својата организација успеа да направи среќни голем број на луѓе на кои им е навистина потребна помош, а не можат да си ја дозволат.

Овогодинешното 5-то јубилејно издание на изборот на Мажи на годината во организација на Фрајдеј Комуникации и Џентлмен Магазин ќе се одржи на 30.11.2022 година во Doubletree by Hilton Skopje и вклучува 13 добитници во 13 категории помеѓу кои и главната награда за Маж на годината за 2022 година.

Професор му даде снижување на ученикот за Black friday (Фото)

Нашите ученици некогаш можат да бидат крајно креативни или да си го „добијат“ од професорите. Една таква ситуација се врти на интернет па решивме да ви ја пренесеме:

Македонски ученик се обиде на духовит начин да го освои својот професор, па на писмената работа наместо она што се бара, му „објасни“ на професорот дека не му бил денот, бидејќи вчера било Black Friday.

– Професоре, извинете ама не ми беше ден, ама нели Black Friday е, напишал ученикот и додал смајли емотикон на крајот од својот „голем труд“.

Но, професорот не падна на оваа финта, па откако првично му ставил Доволен (2-), доле допишал:

-Во прилог на Black Friday еве ти снижување, напишал професорот, при што ја пречкртал првичната оценка и му напишал Недоволен (1+).

Адвокат за синот на Талат и Министерството за правда: Македонија е најголема вукое*ина во светот

Адвокатот и член на претседателство на партијата ,,Твоја” Александар Тортевски ја коментира скандалозната изјавата на Антикорупциската комисија дека не може да го гонинсинит на спикерот Талат Џафери затоа што прво полагал правосуден испит а потоа дипломирал.

Причината за спасот на синот на Џафери е што министерството за правда што го води Никола Тупанчевски документите за положен правосуден испит ги чува премногу кратко.

Чудејќи се на оваа ситуација Тортевски им дава бесплатен совет на своите колеги млади празници.

,,Ова стварно е најголемата вукојебина на свет. Министерство за правда документацијата за положен правосуден испит ја чува само ЕДНА година.
ДЕЧКИ!!!!
НЕ УЧЕТЕ И НЕ’ ПОЛАГАЈТЕ ПРАВОСУДЕН ИСПИТ. САМИ ОТПЕЧАТЕТЕ СИ УВЕРЕНИЕ.
Само водете сметка да ставите датум постар од една година”, порачува Тортевски.

Инаку на Антикорупциската комисија не и треба документацијата од правда затоа што може да ги спореди диоломите на синот на Џафери.

Најзгодната хрватска навивачка ги покажа облините во Катар (ВИДЕО)

Мундијалот во Катар е специфичен поради повеќе работи, а една од нив е тоа што навивачките не смеат разголени да се појавуваат на стадионите, но сепак најзгодната Хрватка реши да ги покаже облините надвор од спортските боишта.

Хрватката во Доха реши да позира во секси бикини за еден моден магазин и така ги возбуди нејзините обожаватели.

Ова е СМРТ за автомобилот – Не вклучувајте греење пред да почнете да возите!

Во текот на зимските месеци, повеќето луѓе сакаат прво да го вклучат греењето во автомобилот, да почекаат малку да се загрее и потоа да почнат да возат. Професионалните возачи велат дека ова никогаш не треба да го правите, без разлика колку е студена надворешната температура, бидејќи тоа го оштетува возилото. Секако, попријатно е секој да седи во топол автомобил и да вози без да се тресе од студот, но всушност се прави повеќе штета отколку корист.

Експертот за возење Џејсон Фенске објасни како вклучувањето на топлината без движење на автомобилот всушност го продолжува времето на загревање.

Повеќето мотори денес имаат вбризгано гориво во нив, така што нема потреба да работи во „празен од“.

Возилото ќе се загрее при бавно возење и ќе достигне удобна температура. Дополнително, претходното загревање може да предизвика разредување на моторното масло, каде што суровиот бензин навлегува во маслото, ги разградува неговите својства и резултира со зголемено абење.

Отстранете го мразот или снегот од прозорците за да можете безбедно да возите и веднаш почнете да возите – за само неколку минути внатрешноста на автомобилот ќе се загрее, пренесува Мирор.

ТАГУВАЛЕ ПО ПОКОЈНИОТ А ПОТОА СЕ СЛУШНАЛ ГЛАС: “Пушти ме, темно е“ (ВИДЕО)

Многубројни пријатели, роднини и блиски членови на семејството дојдоа да се простат од него, а потоа следело смеење. Сите се навикнати на смешни шеги на свадби и разни други прослави, но ретко кој може да каже како “пукнале од смеење“ на погреб поради нешто што го направил покојникот. Токму тоа им го подготвил еден смешен човек од Ирска на ужалените пријатели и семејството, кој решил сите да ги изненади. Погребот на ирскиот ветеран Шеј Бредли беше сè само не обичен. Тој почина на 8 октомври 2019 година, а неговиот погреб беше одржан во Килманаг.

Многубројни пријатели, роднини и блиски членови на семејството дошле да се простат од него, но кога ковчегот веќе бил спуштен во гробот, од него наеднаш се слушнал гласот на покојникот. – Каде сум по ѓаволите? Пушти ме да излезам, пушти ме да излезам. Темно е овде. Дали го слушам тој свештеник. Еј, јас сум во сандак, мртов сум – им викал од сан, а се слуша како тропа по дрвото.

-Повторно поздрав, се јавив само да се поздравам – ја цитираше на крајот пејачката Адел. И додека дотогаш сите плачеа по Шеј, тој со оваа шега ги насмеа и ги потсети што всушност е. Шеј, всушност, решил да ја сними оваа шега пред смртта, а неговата ќерка го ставила видеото во ковчегот и го пуштила среде погребот.

-Би сакала да знам колку луѓе насмеа, имаше неверојатен карактер – рекла неговата ќерка. Имајќи предвид дека оттогаш снимката од погребот на Шеј се гледа низ целиот свет, може да се каже дека неговата шега била исклучително успешна и дека години по неговата смрт успева да ги насмее луѓето.

Јужна Кореја го доби првиот САМОВОЗЕЧКИ АВТОБУС, кај нас уште приватен автобус се чека (ВИДЕО)

Главниот град на Јужна Кореја го доби првиот вистински самовозечки автобус. Новото возило не изгледа како обичен автобус – целосно е симетрично, со заоблени рабови и големи прозорци, пораки кои повеќе изгледа како играчка отколку како најсовремена форма на превоз.

Од страртапот 42 Dot, во сопственост на јужнокорејската компанија Hyundai, кој ја направил технологијата за автономно возење, велат дека таквиот дизајн е намерен и дека тоа е иднината на возењето, па затоа бара и извонреден дизајн.

Автобусот изгледа како Лего затоа што е направен од композитни делови за да се намалат трошоците и да се олесни реплицирањето. Како што велат од стартапот, целта на компанијата е да ја направат технологијата евтина, безбедна и лесно пренослива на многу видови возила во иднина.

Засега под надзор на возач автобусот ќе вози по кружна рута од 3,4 км во центарот на Сеул, во траење од околу 20 минути. Луѓето можат да се качат на една од две станици откако бесплатно ќе резервираат безплатно место преку апликација.

Автобусот за навигација користи камера и ласер наместо скапи сензори. На денот на воведувањето на новата автобуска линија многу минувачи ги заинтригирал дизајнот на автобусот. Застанале за да го фотографираат и да ѕирнат внатре.