Connect with us

Македонија

„Мерцедесот“ со флешери бил на приватна фирма, а Спасовски уште утврдува дали го возел синот на Буши

Published

on

Се утврди дека пријавата доаѓа од граѓанин упатена на број, се утврди патничко возило „мерцедес“ кое не е во државна сопственост или на некое министерство, туку на приватна фирма, а возилото било упатено според нашите сознанија кон приватна болница, рече денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговарајќи на новинарско прашање поврзано со инцидент и нелегална употреба на флешери од синот на заменик-министерот Назим Буши.

Спасовски по посетата на СВР Скопје нагласи дека е убеден оти не е синот на неговиот заменик. Додаде дека имало многу шпекулации за овој случај.

Беа изнесени многу податоци дека е тоа „ауди“ возило, дека е возило на СОЗР, дека е возило на МВР, затоа се вклучи и делот на внатрешна контрола итн. Се утврди прво дека пријавата доаѓа од граѓанин која што е упатена до нашиот Центар за известување на МВР за возило кое што се движи со поголема брзина. Се утврди патничко моторно возило „мерцедес“ кое што не е сопственост на СОЗР, не е сопственост на МВР и не е сопственост на кој било државен орган, туку е приватна сопственост на приватно правно лице кое се движело во тој период и според наши сознанија се упатило некаде во болницата „Систина“, рече Спасовски.

Посочи оти МВР ги обезбедило сите снимки и нагласи дека одговорност ќе има за се тоа што ќе се утврди во зависност од снимките.

Ќе се детектира прекршок, така што во тој дел нема отстапки за кој и да се однесува. Меѓутоа, и шпекулација беше во тој момент дека е тоа не знам син на функционер, дека не знам тоа возило учествувало и во други кривични дела итн. Затоа реков, сите сознанија што ги имате и во овој дел дали вие или граѓаните не е важно, ако ги имаме такви сознанија, бидејќи се тврдеше со прилично голема сигурност, треба да се дадат на ЈО и тука нема функционер бил, не бил функционер. Секој еден ќе си одговара за тоа што си го има направено. Не зборувам само за овој настан како прекршок, туку и за кривично дело, рече Спасовски.

Тој што пријавил, како што рече, не кажал кој вози, ниту има какво било сознание.

Денеска го утврдуваат колегите тоа да видиме кој возел, бидејќи мораме да утврдиме, тој што пријавува не кажува кој вози, ниту има какво било сознание, го утврдуваме преку некои други механизми, штом ќе излезат колегите со детална информација ќе испратиме соопштение и ќе ги знаеме тие детали, рече Спасовски.

Македонија

Предлог меморијален парк во Кочани: Вечно сеќавање на загинатите млади

Published

on

Во чест на 59-те млади животи кои трагично згаснаа во пожарот во Кочани, се предлага изградба на меморијален парк од 1.600 квадратни метри — тивок и достоинствен простор што ќе го чува нивното сеќавање и ќе понуди духовен мир за сите посетители.

Проектот опфаќа садење на високи тополи кои ќе создаваат чувство на заштита и интимност, како и меморијален ѕид со имињата на загинатите — траен потсетник на нивната жртва. Во средината на паркот ќе биде поставена фонтана, симбол на животот и обновата, а во близина ќе има мала црква, која ќе внесе духовна димензија и ќе биде место за молитва и смиреност.

Паркот ќе биде облагороден со зеленило, лаванда и други природни елементи, создавајќи мирна и медитативна атмосфера. Целта е овој простор да биде место каде што сеќавањето и тагата ќе се претвораат во надеж и сила, потсетувајќи на достоинството и сплотеноста на заедницата.

„Како граѓанин на Кочани чувствувам обврска да дадам свој придонес за ова место никогаш да не биде заборавено. Верувам дека ваков парк ќе ја одржи живата меморија за нашите сограѓани и ќе биде симбол на достоинството на целата заедница,“ изјави Дарко Арсов, авторот на иницијативата.

Continue Reading

Македонија

Извршител ја ставил на продажба деловната зграда на Соравија

Published

on

Извршителот Андреја Буневски по барање на доверител за спроведување на извршување од над 930 илјади евра, ја стави на продажба деловната зграда „Соравија“ во строгиот центар на Скопје.

Овој објект беше во фокусот на јавноста поради контроверзниот процес на промена на сопственичката структура на компанијата „Соравија инвест“, што го поседува овој објект. Станува збор за доверителот „Прва инвестициона банка“ од Бугарија засновано на извршна солемизација на договор за залог од 2.9.2022 година против должникот „Соравија инвест“.

Јавното наддавање на недвижниот имот на „Соравија“ е закажано за 24 април и за него се бара почетна цена 1.377.978.526 денари или околу 22,4 милиони евра, под која недвижноста не може да се продаде на првото јавно наддавање. Може да се наддаваат само лица кои претходно положиле гаранција во висина од една десетина од утврдената вредност на недвижноста, односно во износ од 137.797.853 денари или околу 2,2 милиони евра. Најповолниот понудувач е должен да ја уплати сумата во рок од 15 дена, или во спротивно ќе се закаже нова продажба

Continue Reading

Македонија

Мицкоски и Филипче утре ќе се сретнат во Владата

Published

on

Премиерот Христијан Мицкоски и претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ќе остварат средба утре во владината зграда.

Претходно, денес, Мицкоски изјави дека е подготвен да го прими на средба лидерот на СДСМ, Венко Филипче, во кое било време.

„Стојам на располагање во секое време, ќе го прераспределам мојот распоред – ако треба на полноќ, или после полноќ за да го сослушам неговиот план и да видиме дали по тој план нешто може да се реши. Но ако планот опфаќа пристап каков што беше во минатото за време на ковидот, тогаш јас такви планови не можам да прифатам“, изјави Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања.

Денес, пред новинарите се обрати и Филипче, кој предложи нов концепт за политички и општествен дијалог. Тој очекува дека во фокусот на средбата ќе бидат образованието, здравството, правосудството, заштитата на животната средина и партизацијата во институциите.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк