Connect with us

Македонија

Манастирот Трескавец, бисер на духовноста и архитектурата (Фотогалерија)

Published

on

Бисер на архитектурата и духовноста, а како што на бисерите им прилега, сè е во нив и околу нив, вистинскиот сјај, достоинството и мирот. Накратко, ова е впечатокот за манастирот Трескавец кога ќе го посетите.

Композицијата на гранитните карпи што го опкружуваат просторот и духовноста што извира од  манастирот го прави ова место исклучително за оние кои сакаат да слушнат приказни за неговиот средновековен живот, но и да уживаат во прекрасната глетка што оттука се пружа на околината.

2_resize
_DSC9510_resize

Кога ќе се најдете горе, меѓу карпите под врвот Златоврв ќе почнете да се восхитувате на длабоката посветеност кон Бога, видена во неверојатни парчиња духовност и уметност, ставени во фреските, иконостасите, градбата на конаците на манастирот и црквата, убавината на околните, камени структури на ридовите и планините со прекрасна локација и прекрасен поглед.

21_resize

Целиот простор околу манастирот има исклучителни природни вредности. Овие вредности според бројноста, манифестацијата и изразеноста на Златоврв претставуваат раритетна појава, која ги надминува и балканските граници. Затоа Златоврв – Маркови Кули е ставен на привремената листа на УНЕСКО во Париз за заштита на природното наследство.

_DSC9411_resize

Манастирот Трескавец се наоѓа само на десетина километри од градот Прилеп, на надморска височина од 1280 м. Тој е еден од најубавите манастири во Македонија  значаен монашки и духовен центар на Охридската архиепископија. Претставува сложен комплекс од градби изградени  во различни временски периоди.

6_resize

Во рамките на манастирот се наоѓа и црквата „Успение на Пресвета Богородица“. Црквата во својата основа има облик на еднокорабна градба, чија внатрешност е расчленета со пиластри на неколку травеи, а централниот дел е надвишен со купола. Живописот во црквата е од различни временски периоди. Најстарите фрески се од првата половина на 14 век, а има фрески и од 15 па сè до 19 век. Манастирската црква покрај големото богатство на фрески од различни временски периоди, содржи и вредни уметнички предмети. Внатрешниот амбиент на црквата е надополнет  со икони – дело на непознати иконописци кои работеле во 17 и 18 век. Црквата однадвор, во моментов конзерваторски  е заштитена и треба да се продолжи со проектот за внатрешна конзервација. Црквата, заедно со трпезаријата е на списокот на културни добра во опасност.

7_resize

Манастирот има свои конаци и трпезарија. Конаците биле подигнати околу црквата во 19 век. Конаците се на два ката со проширени чардаци. Конаците биле опожарени колку што се знае, за прв пат во 1867 година, потоа вториот пат во 1990 година и последниот, пожарот кој се случи на 4-ти февруари 2013 година. Во овој пожар целосно изгореа источниот, северниот и западниот конак од манастирскиот комплекс. За манастирот Трескавец може да се каже дека до неодамна претставуваше најнепристапното и најскриеното светилиште во Македонија, затоа што до него можеше да се стигне само пеш по тесна, кривулеста патека која поминува покрај неверојатни карпи и различни карстни форми. После пожарот до манастирот се направи асфалтен пат, преку кој брзо и лесно се стигнува до него.

8_resize

Во бројот 275 на „Порта 3“, од декември 2018 објавивме репортажа за обновата на манастирот. Кога го посетив манастирот, во ноември 2018 сè уште имаше многу активности околу реконструкцијата. Имаше повеќе работници кои работеа на обнова на конаците и црквата, а таму беше и сопственикот на белградската фирма „Кото инженеринг“, која ги изведува градежните работи. Оваа фирма има големо искуство во реставраторско-конзерваторските работи, особено во обнова на манастири, а соработува и со УНЕСКО и ЕУ. Работеле во повеќе земји од Европа и затоа беа одбрани да ги изведуваат работите во обновата на Трескавец.

_DSC9492_resize

Повторно го посетивме манастирот на 26 февруари оваа година, за да видиме до каде е стигнато со реконструкцијата на конаците и на манастирската црква „Успение на пресвета Богородица“.  Освен отец Калист, кој е единствен станар во овој момент во манастирот и двајца планинари кои дошле пеш од Прилеп, во комплексот немаше никој. Отецот рече дека за неколку дена се очекува да дојдат повторно работниците од „Кото инженеринг“ и да продолжат со активностите.

5_resize

После пожарот изработен е Основен проект за реконструкција на опожарените конаци на манастирот Трескавец, за кој Министерството за култура во тоа време издвоило 500.000 денари.

„Проектот е работен за да се врати автентичноста на самиот манастир, не она што луѓето го паметат пред пожарот, туку според автентична слика на конаците од најстарите фотографии. Најстарата фотографија е од 1846 година на која се сликани прилепските еснафи“, посочи монахот Калист.

Согласно проектот, изработен од стручните служби при НУ Завод и музеј Прилеп, предвидено е враќање на автентичниот изглед на конаците и изградба на параклис на југоисточната страна од манастирот. Во реконструкцијата на конаците се употребуваат современи градежни материјали отпорни на пожар, поставена е армиранобетонска конструкција како и секторско одвојување на конаците, со што при евентуален пожар би се спречило  неговото пренесување во другите делови од манастирскиот комплекс.

Според Илија Ристески, раководител на проектот за реконструкција на опожарените конаци, работите, во согласност со планот и проектната документација, требало да завршат кон крајот на 2018 година. Меѓутоа, со оглед на специфичноста на работите и на самиот терен работите продолжија во 2019, а се работи и во оваа 2020 година. Во моментов завршени се конаците, вградена е дрвенаријата и покриен е кровот на конаците со камени плочи. Прозорците се заменети со нови, со дрвена рамка од 9 см и двојно нискоемисионо термоизолационо стакло исполнето со гас. Сменети се и вратите во собите на конаците. Ставени се нови од полно дрво. Подовите во собите се поплочени со керамички плочки, а во секоја соба направена е бања и камин. Вода сè уште нема, а не е направена ниту пречистителната станица за фекалните води, така што во догледно време санитариите не ќе може да се користат.

_DSC9488_resize

Во дворот на манастирот направена е нова камена чешма и од неа тече вода. Собите се со природна вентилација. Водејќи сметка за автентичноста на објектот, како и за неговиот архитектонски израз и изглед, како што пропишуваат конзерваторските услови, термоизолацијата е изведена од внатрешна страна на фасадните ѕидови, така што не е нарушена неговата концептуална автентичност и целина. При изведба на просториите во конаците водена е сметка за дополнителни мерки за заштита од пожар како и можност за појава на ладни мостови и проблеми врзани за дифузија на водена пареа.

Старите неимари граделе во склад со биоклиматските принципи, со специфични конструктивни решенија и материјализација, со правилно бирање на трајни локални градежни материјали, водејќи сметка за опкружувањето. Трајноста на употребените материјали се мери со стотици години, што сведочи за нивната одржливост.

Со реконструкцијата некои од оштетените ѕидови на конаците се преѕидани со камен и со автентичен материјал. Конаците се реконструирани со примена на индивидуални градежни мерки во склад со конзерваторските услови, трудејќи се да го задржат автентичниот изглед на објектите во целост (камените фасадни ѕидови, кровната конструкција и кровниот покривач).

A2_resize
A1_resize

Зачувувањето на објектот како автентичен споменик на културата, неговата првобитна функција или на места воведување на нова, со унапредувањето на комфорот во конаците кои се предмет на реконструкција и смалување на потрошувачката на енергија, се тежело кон воспоставување на модел на одржливост.

Автентичноста на комплексот е во поголем дел остварена со реконструкцијата во поглед на бирање на автентичен материјал, со потполно задржување на висината, формата на конаците и обликот на крововите. Со користењето на современи методи на градење, материјали и технологија, покрај користење на автентичните материјали, направен е обид да се унапреди целиот комплекс.

_DSC9431_resize

Улогата на реконструкцијата на опожарените конаци од манастирот Трескавец можеби е во тоа да ги залечи раните, да ги премости празнините предизвикани со изгубеното, но таа подеднакво мора да биде квалитетна, добро изведена и во духот на амбиентот, впрочем како и секој друг објект. Разликата е што реконструираните градби носат повеќе емоции со себе, од нив повеќе се очекува затоа што мора да застанат веднаш покрај претходната градба без да ја заменат на начин сите да заборават на неа.

27_resize

Нашето наследство е дел од нас самите, треба со него внимателно да се однесуваме и да го пазиме. Нашата највредна врска со минатото всушност се нашите споменици и нашите вредни градби. Преку нив се враќаме во времето кога не сме постоеле, а нив ги оставаме на нашите наследници да се поврзат со нас и со нашите предци. Доколку дозволиме да се случи нешто со нашето неподвижно наследство, како ова со Трескавец, тогаш наша одговорност е да се исправат грешките на најдобар можен начин и да се потрудиме понатаму да продолжиме со внимание и почит кон него.

_DSC9491_resize
_DSC9508_resize
_DSC9438_resize
_DSC9472_resize
A6_resize
A9_resize

Македонија

Ќе ве расплаче! Објавена “Кажу да време лечи све” – гласот на нашиот ангел изваден со посебна технологија (ВИДЕО)

Published

on

„Кажу да време, време лечи све, ал шта ми врeди вечност без тебе”… се стиховите од рефренот на последната отпеана песна, која се чинеше никогаш нема да го здогледа светлото на денот.

Имено, со помош на новата АИ технологија е изваден вокалот и пијаното за од демо да се направи студиска снимка, која денес доживеа свое издание.

Песната е оставена како аманет на еден од ретките вистински пријатели кој што Тоше ги имаше во неговиот живот- нашиот познат радио водител, диџеј и продуцент Кирил Зарлинов попознат како Ерик Фокс, кој одлучи оваа демо снимка комплетно аранжмански да ја заврши и да ја даде како подарок од Тоше за сите негови обожаватели по повод неговиот роденден, се со цел неговиот лик и дело никогаш да не бидат заборавени.

Автор на музиката и текстот е Зоран Ѓорѓевиќ, а аражманот и продукцијата се на Кирил Зарлинов (диџеј Ерик Фокс).

Миксот и мастерингот се на нашиот познат микс инженер, кој долги години живее и работи во САД Костадин Камчев – „Студио Моцарт“ од Њу Џерси, кој има три номинации на музичките ГРЕМИ награди за најдобар микс инженер.

https://youtu.be/mpizP1g2dBo

Continue Reading

Македонија

Денеска ќе наполнеше 43 години: На денешен ден е роден Тоше Проески

Published

on

Во Прилеп на денешен ден е роден Тоше Проески.

Музичката кариера ја започна со настапот на „Мелфест“ во 1997 година. Патот кон ѕвездите му го отворија песните „Усни на усни“, „Сонце во твоите руси коси“, „Пушти ме“ (1997) и „Остани до крај“ (1998). Тој беше претставник на Република Македонија за песна на Евровизија во 2004 година во Истанбул, Турција, и го освои 14-то место со песната „Ангел си ти (Life)“.

Во 2004 година, Проески беше именуван за регионален Амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ. По тој повод ја издаде песната „За овој свет“. Со песната „Чија си“ во 2003 година Тоше победи на белградскиот музички фестивал „Беовизија“ со што дефинитивно прерасна во најголема регионална музичка ѕвезда на некогашните ЈУ простори.

Тој ги објави албумите „Синот Божји“ (2000), „Некаде во ноќта“ (2001), „Ако ме погледнеш в очи“ (2003), „Ако ме погледаш у очи“ – верзија на српски јазик (2003) „Ден за нас“ (2004), „Дан за нас“ – верзија на српски јазик (2004) „По тебе“ (2005), „Пратим те“ – верзија на српски јазик (2005) „Божилак“ (2006), „Игри без граници“ (2007) и „Игре без границе“ – хрватска верзија (2007).

Сингловите од албумот „По тебе“ по неколку месеци се наоѓаа на највисоките места на музичките топ-листи во Хрватска, Македонија, Србија, Црна Гора, Словенија и Босна и Херцеговина.

Неговото издание „Божилак“ е компилација од преработки на 14 избрани традиционални македонски песни. Објавени се и ДВД-изданија на негови концерти во 2004 и 2006 година.

Речиси секоја негова песна беше хит како што се: „Усни на усни“, „Соба за тага“, „Ако ме погледнеш в очи“, „Тајно моја“, „Немаш ни благодарам“, „Срце није камен“, „Кој ли ти гризе образи“.

Тоше ги привршуваше студиите на Музичката академија во Скопје и работеше на музичката кариера за своја промоција во светски рамки.

Последниот концерт во Македонија го одржа на 5 октомври на Градскиот стадион ( Арената Филип Втори) во Скопје. Концертот беше хуманитарен и наменет за обнова на основните училишта во земјава.

Постхумно државата Република Македонија го прогласи за заслужен граѓанин.

Тоше Проески загина на 16 октомври 2007 година во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка во Хрватска. Владата на Република Македонија во негова чест во неговото родно Крушево изгради мавзолеј – Спомен куќата на Тоше, каде низ музејска поставка од восочни фигури со неговиот лик во природна големина, лични предмети, музички инструменти, фотографии, видеа, сувенири… е прикажан целиот негов живот и музичкиот опус во кусата, но пребогата кариера

Continue Reading

Македонија

НОЌТА ПРЕД ВОДИЦИ Е НАЈМОЌНАТА НОЌ ВО ГОДИНАТА

Published

on

Големиот христијански празник – Водици, се слави на 19 јануари, со традиционално фрлање за Светиот крст.

На овој ден се слави споменот на Христовото крштевање на реката Јордан и Божјиот изглед во форма на гулаб и глас: „Ова е мојот Син и Него послушнете го“.

На Богојавление, 19 јануари, завршуваат некрстените денови. На овој ден се осветува вода во сите цркви и храмови. Тоа е свечен обред на кој, скоро редовно, присуствуваат многу луѓе, кои носат осветена вода во своите домови, бидејќи оваа Света вода – Богојавленска, се чува во секој дом во текот на целата година како големо светилиште, и се користи само при голема потреба (болест, вознемирување од зли духови).

Богојавление е еден од најголемите христијански празници и соодветно на тоа, се развиле многу народни обичаи поврзани со самиот ден, како и ноќта пред Богојавление.

1. Отворање на небото

Ова е најпознатиот обичај поврзан со Богојавленската ноќ. Имено, се верува дека еден ден пред Богојавление, точно на полноќ, се отвораат небесата. По тој повод, треба да се погледне во небото и да се замислат желби за кои се верува дека сигурно ќе се остварат.

2. Огледала под перницата

Вообичаено е невенчаните девојки да ставаат огледала под перниците ноќта пред Богојавление, бидејќи се верува дека така ќе го сонуваат младичот со кој ќе стапат во брак.

3. Вода од извор

Во некои делови, вообичаено е младите девојки да одат на недопрен извор на вода утрото на Богојавление, да фрлат неколку зрна пченица или некои други житни култури во неа и да кажат: „Како што поминува водата, така ќе се бере и жетвата на нашите полиња“. Потоа ја полнат водата и ја носат до своето домаќинство. На некои места, сè уште е зачуван обичајот на семејството да пие малку од таа вода преку секира, бидејќи се верува дека на тој начин ќе се избегнат расправии меѓу нив.

4. Предвидување на времето

Обичај е некаде постарите жени да ги земаат предвид временските услови на Богојавление и со тоа да предвидат каква ќе биде годината. Ако, на пример, има мраз и снег на тој ден, се верува дека годината ќе биде плодна, а ведро време најавува сува година.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк