Connect with us

Uncategorized

Ќе го откопуваат Колумбо за да докажат дека е Шпанец

Published

on

Шпанските научници ја отворија гробницата на свештеник од 15 век и му ги ексхумирале коските во обид да ја тестираат теоријата дека Кристофер Колумбо потекнува од северозападниот шпански регион Галиција, а не од Република Џенова.

Иако општо се верува дека Колумбо е роден во Италија во 1451 година, некои тврдат дека тој всушност е роден во Шпанија, или во Галиција, Каталонија, Валенсија, Мајорка или Гвадалахара, додека други тврдат дека всушност бил Португалец.

Неодамна, тим од конзерватори, археолози и форензички антрополози кои работат во црквата Сан Мартин де Собран во галицискиот град Вилагарсија де Аруса ја отворија гробницата на Јохан Марињо де Соутомајор, благородник и архиѓакон кој можеби бил роднина на Колумбо, пишува Гардијан.

ДНК ќе биде извлечена од седум фрагменти од коски извадени од гробницата, а потоа ќе се спореди со примероците земени од посмртните останки на Колумбо и оние на неговиот брат и неговиот син. Истражувачите собрале и примероци од коски од друга црква во областа каде што се верува дека се закопани други можни роднини на Колумбо.

Uncategorized

Ноќна акција во Тетово: Петмина приведени

Published

on

На 19.11.2024 околу 18.00 часот на улица „Ван Вардарска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27) и А.Ш.(19), сите од Тетово, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.                                          

Continue Reading

Uncategorized

Земјотрес ја стресе Србија

Published

on

Апаратите на Сеизмолошкиот завод на Србија утринава во 7 часот и 18 минути регистрираа земјотрес во областа Лесковац со јачина од 2,3 степени според Рихтеровата скала.

Синоќа во 19:53 часот земјотрес со иста јачина е регистриран во Велика Греда, општина Пландиште.

Continue Reading

Uncategorized

Eвропската Комисија предвидува уште поголемо заостанување на ЕУ зад САД

Published

on

Економијата на еврозоната би требало уште повеќе да заостанува зад САД, објави во петокот Европската комисија, откако ја намали прогнозата за раст за 2025 година на 1,3 отсто.

Ова намалување во однос на претходната прогноза во мај, која предвидуваше раст од 1,4 отсто, укажува на растечки песимизам за економските перспективи на ЕУ, која се повеќе заостанува зад САД, пишува Фајненшл тајмс.

Оценките на Брисел остануваат пооптимистички од оние на приватниот сектор. Според прогнозите составени од Consensus Economics, економијата на еврозоната следната година ќе порасне за 1,1 отсто, што е значително помалку од очекуваните два отсто за САД.

Главниот економист за еврозоната во ИНГ банка, Карстен Брзески, смета дека прогнозите на ЕК се преоптимистички и додава дека ревидираните проценки не ги земале целосно предвид структурните слабости на економијата во регионот.

Прогнозата на ЕК за еврозоната е значително послаба во споредба со посветлата перспектива за американската економија, која, според проценките на Брисел, ќе порасне за 2,1 отсто во 2025 година и 2,2 отсто во 2026 година. Германија, најголемата економија во ЕУ, стагнира во последните две години додека нејзините производствени компании се борат да се натпреваруваат со странските ривали.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк