Connect with us

Спорт

Браво за Хрватска – влезе во четвртфиналето на Мундијалот

Published

on

По речиси три часа игра на теренот, Хрватска се пласираше во четврфиналето од Светското првенство во Катар.

По регуларните 90 минути натпреварот беше со изедначен резултат 1:1, а ниту продолженијата не го одредија патникот во следната фаза од Мундијалот.

Хрватска обезбеди место во четврфиналето по изведувањето на пеналите, а по три промашени на Јапонија беше јасно кој е победникот на натпреварот.

Хрватска е во четвртфиналето, а таму ќе игра со подобриот од мечот Бразил – Јужна Кореја.

Хрватскиот голман во пенал рулетот ги одбрани обидите на Минамино, Митома и Јошуда, а за Хрватска реализираа Влашиќ, Брозвоиќ и Пашалиќ па „коцкесите“ заслужено славеа пласман меѓу најдобрите осум репрезентации на светот.

Спорт

ВОНРЕДНА ВЕСТ: Сејдини поднесе оставка, Собрание на ФФМ за крунисување на Омерагиќ на 22 декември!

Published

on

Само неколку часа по победата над Фарските острови, УО на ФФМ одржа седница на ова тело на федерацијата. На истата оставката од функцијата претседател на ФФМ поднесе Муамед Сејдини. Ова е кулминација на повеќемесечните несогласувања и тензии во “куќата на фудбалот” и очекуван епилог откако 10 члена на УО на ФФМ со потписи побараа итна седница за решавање на проблемите. Тоа е апсолутно мнозинство по кое Сејдини се одлучи да се повлече од функцијата на неколку месеци пред истекот на неговиот мандат.

УО закажа и Собрание на ФФМ со термин 22 декември на која ќе биде изгласан и новиот претседател на ФФМ.

Според најавите и според сите размислувањето на поголемиот дел од фудбалските работници, клубиви и легенди – Масар Омерагиќ е човекот кој ја има поддршката за оваа функција.

Седницата на УО заврши предмалку а истата почна од 18:30 часот во просториите на ФФМ. Барем засега ова е најважната одлука од состанокот а за детали и официјална потврда се очекува да се огласи прес службата на федерацијата.

Continue Reading

Спорт

Македонија денес против Фарски Острови – Милевски: Имаме мотиви за нова победа

Published

on

Денеска Македонија ги завршува натпреварите од Лигата на Нации со мечот на домашен терен против Фарски Острови.

Во пресрет на дуелот се обрати и селекторот Благоја Милевски.

„Фарски Острови покажаа дека во денешниот фудбал нема аутсајдери и се квалитетен тим. Во овие Лига на нации го играат добро, се работи за дисциплинирана екипа, одговорна и доста силна, тркачки одлично подготвена. Нè очекува уште потежок меч од тој со Летонија во четвртокот. Фокусот ни е на нас самите, како ќе изгледаме на теренот и да го завршиме ова издание на најдобар можен начин. Прашањето за првото место е решено, ама ние си имаме свои мотиви, индивидуални и како тим. Си поставивме уште една цел, со што е можно повеќе бодови да бидеме поконкурентни во завршната ранг-листа.

По последниот меч присутен е замор, со оглед на тоа дека истрчаа доста и одигравме напорна средба. Дополнителен проблем е теренот кој не е во сјајна состојба. Дојдовме до последното скалило и мислам дека момците ќе го дадат последниот атом на силите за да покажат карактер, па со победа да ја затвориме годината. Околу составот, се надевам дека сите ќе останат здрави, па освен Елмас нема да ни недостига никој. Ќе има одредени промени во играта и тимот. Сепак, мора да бидеме потрпеливи од четвртокот, бидејќи се работи за слично поставен противник кој е поагресивен и поорганизиран, кој е поподготвен од Летонија. Сметам дека нè очекува уште потежок натпревар. Како ќе одговориме на притисокот, ќе видиме утре. Максимално сме мотивирани, без разлика на сите математики сите сме мотивирани кога сме дојдени тука за Македонија“, изјави Милевски.

Continue Reading

Спорт

Енис Барди: Поддршката од навивачите ќе биде клучна за утрешната победа

Published

on

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Енис Барди, упати охрабрувачки зборови пред утрешниот клучен натпревар, истакнувајќи ја важноста на поддршката од трибините и одлучноста на тимот да оствари победа.

„Да бидеме паметни и трпеливи. Треба да уживаме пред нашите навивачи и се разбира, одиме на победа,“ изјави Барди, нагласувајќи дека фокусот и стратегијата ќе бидат пресудни за успехот.

Со апел до навивачите, Барди додаде: „Публиката е нашиот 12-ти играч, очекувам многу поголема поддршка на утрешниот меч.“

Фудбалската атмосфера во Македонија е на врвот, со навивачите кои го покажуваат својот ентузијазам и верба во националниот тим. Репрезентацијата е подготвена да го даде својот максимум, мотивирана од енергијата на публиката и силната желба за победа.

Натпреварот, кој ќе се одигра на домашен терен, е од големо значење за пласманот на Македонија во претстојното натпреварување. Сите очи се вперени во тимот, кој преку заедништво и страст се надева на нов успех.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк