Connect with us

Македонија

Вработен во МВР издал возачка на лице кое немало положено испит

Published

on

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.С.(36) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата”, казниво по член 353-в од Кривичниот законик.

Пријавениот, вработен како референт за управно надзорни работи во МВР – Оддел за граѓански работи, на 23.05.2022, и покрај тоа што знаел дека лицето Ф.С. од Скопје немал положено возачки испит за управување на моторни возила, го примил, извршил негово фотографирање за прва возачка дозвола, ги внел неговите податоци во системот, а веднаш потоа ги избришал.

Македонија

Мицкоски, Тошковски и Агелер во Центарот за обука на МВР во Идризово

Published

on

Во Центарот за обука на МВР во Идризово денеска ќе биде одржана свеченост по повод предавање на акредитацијата од Меѓународната асоцијација на директори на полициски академии за стандарди и обуки (ИАДЛЕСТ).

На настанот ќе се обратат премиерот Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, амбасадорката на САД Анџела Агелер и помошник на министерот на Центарот за обука, Влатко Митковски.

Continue Reading

Македонија

Започна повторното судење за случајот во кој загина пешакот Слободан Ангеловски

Published

on

Во Основниот кривичен суд Скопје  вчера започна повторното судење за случајот во кој загина пешакот Слободан Ангеловски кој беше прегазен на пешачки премин на мостот „Гоце Делчев“ во центарот на Скопје. Причина за новиот почеток на овој случај е тоа што Апелацискиот суд Скопје побара супервешетачење откако претходно одлучи дека другите две вештачења, онаа на оштетеното семејство и на обвинетата биле различни.

На вчерашното рочиште било договорено дека повторно ќе се испитуваат вештите лица и дека очекува судот во најкус можен рок да го заврши судењето.

„За нас првостепената пресуда што претходно беше изречена беше сосема коректна затоа што беше заснована на чиста како солза фактичка состојба во која судот утврди дека сега починатиот Слободан се движел на пешачки премин, а обвинетата возела над дозволената брзина и не застанала на пешачкиот премин. За мене никаков друг исход не е возможен“, изјави адвокатот.

Синот на загинатиот слободан, Столе Ангеловски по рочиштето изјави дека е запрепастен од тоа дека обвинетата повторно се изјаснила дека не е виновна за предизвиканата сообраќајна несреќа во која загина неговиот татко и покрај тоа што направила четири прекршоци и тоа, брзо возење, непропуштање на пешачки, возење со забрана и изјава на сведок кој кажува дека таа додека возела гледала во мобилниот телефон наместо да гледа напред.

„Се надевам дека судот овој пат ќе биде многу побрз за разлика од претходно кога процесот траеше три години и се надевам на правична одлука. Давам поддршка на семејството на Фросина Кулакова и на сите кои ги знашла ваква трагедија. Секое доаѓање на суд за мене е непријатно. Ми се враќа сликата од тој кобен и несреќен ден. Мене секое доаѓање на суд ми е измачување. Затоа се надевам дека судот овој пат многу побрзо, поефективно и правично ќе ја осуди обвинетата“, изјави Ангеловски по одржаното судско рочиште, пренесе МКД.МК.

Слободан Ангеловски беше прегазен во јануари 2022 година отако во него удри автомобил возејќи со голема брзина.

Continue Reading

Македонија

Изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Куманово

Published

on

Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Куманово 15 l/m2, а најмалку 1 литар на метар квадратен во Претор, Струмица, Гевгелија, Берово, Тополчани.

Според УХМР, 14 l/m2 наврнале во Лазарополе, 13 Маврови Анови, 11 Крушево, 10 Крива Паланка, Тетово, Пожаране, 8 Скопје-Петрове, Попова Шапка, 5 Велес, 4 Скопје-Зајчев Рид, Охрид, и 2 во Битола, Штип и Виница.

Времето денеска променливо облачно со локални врнежи од дожд и појава на грмежи. Претпладне процесите ќе бидат поинтензивни во источните делови каде ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд (20 l/m2), силен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град. Попладне облачноста ќе се намали.

Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 24 степени.

Во Скопје, променливо облачно со умерен до засилен јужен ветер. Претпладне во делови од котлината ќе има повремен пороен дожд и услови за појава на грмежи, а попладне облачноста ќе се намали.

Максималната температура ќе достигне до 24 степени.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк