Connect with us

Македонија

Легендата за тоа како Свети Никола станал Дедо Мраз?

Published

on

Деновите до нова година полека ги одбројуваме и едвај чекаме да ги отвориме подароците под елката, но дали ја знаете легендата за настанувањето на ликот на Дедо Мраз?

Ликот на Свети Никола, познат по долгиот црвен капут и белата брада, во многу земји ширум светот послужил како пример за Дедо Мраз, кој во христијанската култура се смета за човек кој разнесува подароци на санка влечена од ирваси.

Легендата за Дедо Мраз потекнува од Свети Никола, кој бил бискуп познат по својата великодушност и љубов кон децата.

Една од славните приказни за неговата великодушност кажува дека тој еднаш на еден сиромашен човек му фрлил цела вреќа со богатство, која требала да му послужи како мираз за неговата ќерка, која инаку требала да биде продадена како робинка.

Сиромавиот човек златото го криел во своите чизми, кои се сушеле покрај печката. Затоа денес децата ги оставаат своите чизми покрај врата, за Свети Никола да им даде некаков подарок.

Поврзаноста на Свети Никола и Дедо Мраз е видлива од англиското име кое гласи Santa Claus, а тој не е никој друг туку Saint Nicholas, односно Свети Никола.

Но, во повеќето христијански средина Свети Никола се задржал како делител на подароци низ светот, а тој период од годината е прилика за дружење, подарување и радост.

Македонија

ЗА ЖЕЛЕЗНИЧКАТА ЛИНИЈА, СЕГА ПРОБЛЕМОТ Е КАЈ ГРЧКАТА СТРАНА

Published

on

За автопатот Прилеп-Битола веќе информиравме. Кога бевме на локацијата каде што се вршеше увид на градежните работи го прашавме премиерот и за патнотo и железничко поврзување на Битола со Грција, преку железницата која се направи и експресниот пат кон границата.

„И тоа останува наш приоритет коридорот 10 и очекувам ако се биде како што треба Александар добри вести до крајот на годината и по тоа прашање“ рече Мицкоски.

За убавите вести во инфраструктурата го повика министерот Николоски. Тој кажа дека од наша страна завреши се работите, сега проблемот е кај грчката страна.

„Таму е завршена работата во однос на изградба, има железничка линија која што оди Велес-Прилеп-Битола-Лерин, наједноставно објаснето или Кременица, проблем е дека грчаката страна не ја става во функција. Јас пред неколку недели бев во Солун каде што помеѓу другото се сретнав и со грчкиот министер за транспорт, ја отворив оваа тема. Ова е битен железнички коридор пред се во карго делот затоа што солунското пристаниште и пристаништето во Игуменица компелтно може да ја користат оваа линија за карго превоз. Тоа ќе значи многу за стопанството во регионот. Грчкиот министер кажа дека имаат  одредени проблеми со финансирањето, но даде ветување дека до нашата следна средба таа ќе е на 23 ноември ќе даде конкретен одговор кога ќе можат да ја пуштат, јас се надевам дека до крајот на оваа или почеток на следната година ќе имаме веќе оперативна пруга која што чека од 2019 година“ вели министерот за транспорт Александар Николоски.

Николоски информираше дека има веќе готов проект за обиколницата на Битола.

„Во однос на патот има веќе готов проект од јавното претпријатие за државни патишта за обиколница на Битола , која после тоа продолжува покрај индистриската зона „Жабени“ до граничниот премин „Меџитлија“ и ќе работиме и на тоа во следниот период“ ни одговори министерот за транспорт.

Исто така и влезот на Битола е активност која се случува, на што не потсети премиерот.

„Во моментов имаме огромен проект кој што го работи Општина Битола заедно со поддршка на Владата и средства и од буџетот и од Општина Битола за комплетно булеварско решение на влезот во Битола“ рече Николоски.

Пред неколку дена и пратеникот Милевски кажа дека во и околу Битола се случува градежна офанзива и дека вака треба да се работи за доброто на граѓаните.

Continue Reading

Македонија

Битола: Испраќање на Мечо во Зимски Сон

Published

on

Драги наши мали пријатели,

Со љубов и радост, ја најавуваме нашата последна средба со омилениот Мечо пред да замине на зимски сон! Го испраќаме со многу насмевки и топли спомени од сите заеднички авантури и незаборавни моменти.

Ве покануваме да ни се придружите оваа сабота на бесплатно возење, каде заедно ќе му посакаме пријатен сон и убави соништа. Оваа дружба ќе ни биде последна за сезонава, па да ја направиме посебна!

Со нетрпение ве очекуваме!

Напишаа на Facebook ЈП Паркинзи општина Битола.

Continue Reading

Македонија

МНТ, Драмски и Велешки театар гостуваат во Битола за одбележување на јубилејот 80 години Битолски театар

Published

on

Битолскиот театар се наближува кон големиот јубилеј, 80 години постоење. Во рамките на програмата за одбележување, се и неколку гостувања од театри и тоа: МНТ, Драмски театар Скопје и театарот „Јордан Хаџи Константинов Џинот“- Велес.

Првото гостување е на 07.11 (четврток) со почеток во 20.00 ч. на МНТ-Скопје со претставата “Бели ноќи“,во режија на Звездана Ангеловска. Актерската екипа ја сочинуваат: Ана Јовановска и Дамјан Цветановски. Идејата за создавањето на претставата „Бели ноќи“, како што истакнува режисерката е поттикната од потребата да се создаде камерна театарска сценска верзија според истоимениот сентиментален роман на Ф. М. Достоевски, каде што главните ликови Сонувачот и Настењка, тука се архетипови на две уметнички души сонувачи.

Второто гостување е на 8.ноември на Драмскиот театар од Скопје со претставата „Мојот маж“работена по делото на Румена Бужаровска, во режија на Нела Витошевиќ. Гостувањето на Драмски Театар Скопје е дел од годишната програма на НУ Центар за култура Битола за 2024 година, поддржана од Министерство за култура, кое Центарот го приклучува во честитање на 80 годишнината на Битолскиот Народен Театар и 80 годишнината на Општина Битола. Како две институции од култура се светол пример на беспрекорна соработка и взаемна подрршка за реализација на настаните и програмите, и нивната цел е таа пракса да продолжи и во иднина.  За претставата „Мојот маж“  се вели дека е обид да се соочиме со сегашноста преку ревидирање на минатото. Во претставата играат: Сара Климоска, Емилија Мицевска, Наталија Теодосиева, Сања Арсовска, Трајанка Илиева – Вељиќ, Игор Ангелов, Филип Трајковиќ и Исмет Шабановиќ. Оваа претстава ќе се одигра на сцената во Битолскиот театар со почеток од 20 часот.

Третото гостување е на 11.11, понеделник, на театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ од Велес, со претставата „Вечера за глупаци“ во режија на Ненад Витанов. Претставата е работена по текст на Франсис Вебер и во истата играат: Фаик Мефаилоски, Благојчо Стојанов, Жарко Спасовски, Талија Настова, Јордан Витанов, Кире Ацевски и Сандра Танчева. Станува збор за комедија во која се комбинираат комедија на карактери и комедија на ситуации. Приказна која го коментира високото француско општество кое презаситено од сè што може да си пружи, креира ситуации во кои ќе може да им се исмева на послабите и понеуспешните од нив. Имено, темата која се обработува е смислата на она што го чини човекот среќен и перспективата од која тоа се доживува. Претставата ќе се одигра со почеток од 20 часот.

Одбележувањето на јубилејот ќе се заокружи со изведбата на претставата „Ѓоре Магаревски-80 години потоа“, на Битолскиот театар, на 14.11. Претставата е во режија на Благој Мицевски, Софија Ристевска Петрушева и Јован Ристовски.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк