Connect with us

Uncategorized

Врчак се враќа на сцената со нова песна: „Да ме лижнеш“ (ВИДЕО)

Раде Врчаковски Врчак по долго време се враќа на македонската музичка сцена, но оние што очекуваа да слушнат музика во неговиот вообичаен стил како од минатото можеби останаа збунети заради долгиот вовед. Видеото не е само долга лекција, туку песната започнува на 1:55 и е во контекст на сите сериозни теми за кои што претходно зборувал. Ви се допаѓа ли?

Во новото видео од речиси два часа Врчак ќе ви одржи лекција за тоа како изгледа нашиот живот денес, а ќе ги слушнете и темите за кои се опседнуваат луѓето – начин на исхрана, борба против ропство на животинчиња и секако, за сето тоа имаше провокативна најава на песната во стил на ТикТок видео на кое се смее и ја заведува публиката.

Очигледно ќе има уште нови песни во кои ќе имаме можност да откриеме дополнително што сака да ни каже Врчак.

„И повторно сам“, „Пред да заспијам“, „Манастирски сон“ се само некои од песните по кои го помниме, а сега за да ја слушнете новата песна ќе треба прво внимателно да го ислушате најдолгиот вовед на сите времиња.

Во новиот видео спот кој трае околу 2 часа, можеме да го проследиме научниот труд на Врчак за тоа како да си го подобрите здравјето со консумација на растителна храна… Сето тоа базирано на неговите долгогодишни истражувања, собирања информации и забележани искуства. Како што вели и сам, студирал медицина и има диплома од „Беркли“.

Сите откритија се сумирани во воведот на неговата нова песна насловена „Да ме лижнеш“, каде говори против „ропството на животинчиња“. Тој на Фејсбук сподели линк од новиот спот, а над него напиша:

„Во видеото има и официјална НАЈАВА НА АЛБУМОТ КОЈ ГО СНИМАВМЕ ВО АМЕРИКА (во PARAMOUNT, Калифорнија) со на Бруно Марс инженерот и одлични артисти од Лос Анџелес.

Амерички албум е, врв е албумот, велат самите Американци, меѓу кои се и искусни мегахит мејкери (соработници на светски познати ѕвезди со песни со милијарди гледаност на YouТube). Велат одлично ќе помине албумот во Америка. Албумот е веќе и со ISRC кодови на продуцентска куќа на Will I AM (ќе излезе во Америка пред лето 2024, а да се надеваме сите дека ќе е и порано).

Во видеото има подетални информации за сѐ ова (и како се случи сѐ), како и за научните откритија кои ни се случија во државата (а се поврзани со научните откритија, нешто поголемо од што може човек да сонува, ќе види и ќе чуе секој човек сè во видеото, за повеќе Нобелови награди да ни стигнат во државата се научните откритија велат професори), а во видеото има и информации до Светската Здравствена Организација за кој мора секој човек да чуе барем еднаш во животот, и да имаме поубав, подолг и поздрав живот, како и иднина без ропство на планетата Земја. Држете ни среќа“.

Ако сакате да го скокнете воведот и директно да ја слушнете песната кликнете на 1 час и 55 минути.

Претходно Раде објави кратко видео во кое ја најави новата песна во Македонија, а многумина коментираат за неговиот нов изглед. Раде изгледа како да се подмладил, а во видео спотот ни откри која е неговата „фонтана на младоста“.

Uncategorized

Чарлс откри каква е улогата на Британија ако Русија ја нападне Европа

Британскиот крал Чарлс истакна дека Велика Британија и Германија се подготвени да ја поддржат Европа во услови на закана од понатамошна руска агресија. Тој го пофали заедничкиот одбранбен договор со Германија, нарекувајќи го „уникатно партнерство во срцето на НАТО“, јави Скај њуз.

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој е во тридневна државна посета на Обединетото Кралство, изјави дека двете земји работат рамо до рамо за да ја промовираат безбедноста и стабилноста на Европа, со посебна поддршка за Украина. Ова е прва официјална посета на германски лидер на Велика Британија по 27 години.

За време на престојот, Штајнмаер се сретна со британскиот премиер Кир Стармер на тркалезна маса со бизнис лидери, како дел од проект за електрични возила вреден 20 милиони евра, кој ќе отвори 150 работни места во Нортхемптоншир и Оксфордшир. Во јули, двете земји го потпишаа Договорот од Кенсингтон, со кој се зацврстува соработката во прашања како Украина, миграција, економски раст и трговија.

Посетата вклучи церемонијален воен пречек, возење со кралска кочија и положување цвеќе на гробот на кралицата Елизабета Втора во капелата „Свети Ѓорѓи“, а на банкетот во Виндзор кралот Чарлс се пошегува за нивната заедничка љубов кон фудбалот, додавајќи дека „на крајот, Германците победуваат“.

Continue Reading

Uncategorized

Сите камери за брзина веќе се мапирани од оваа апликација

Додека проектот „Безбеден град“ е во тест-фаза, возачите ширум земјата веќе ја користат апликацијата Waze за да се прилагодат на новите правила и масовното мерење на брзината. Корисниците го прават ова преку дигитално мапирање на речиси сите камери што мерат брзина.

„Waze“ е навигациска апликација која во реално време прикажува сите релевантни информации за патот. Од вчера, речиси целосната мрежа на камери на „Безбеден град“ е веќе внесена од страна на самите корисници.

Апликацијата нуди:

Прецизна мапа на камери за брзина – фиксни, мобилни и новопоставени. Гласовно предупредување при приближување кон камера. Информации за полиција, радари, работи на пат и метеж, внесени од самите возачи. Автоматско пресметување на најбезбедна рута со прикажување на сите критични точки. Можност за пријавување на нови камери од страна на корисниците, со што мрежата постојано се ажурира.

Возачите ја користат апликацијата за да го следат ограничувањето на брзината, да избегнат ненамерни прекршоци и да добијат предупредување неколку стотини метри пред камера. За многумина, Waze стана единствена гаранција дека нема да бидат „изненадени“ од камерите на „Безбеден град“.

Во првите 48 часа од стартот на тест-фазата, бројот на извештаи за камери на Waze драстично порасна, што покажува дека апликацијата е ефикасно решение за безбедно возење.

Објави: Скопје1.мк

Continue Reading

Uncategorized

ВЛЕН: Анкетната комисија мора да ја открие вистината за сите трагични случаи

Коалицијата ВЛЕН целосно го поддржува формирањето на анкетната комисија, нагласувајќи дека со години граѓаните останале без одговори и често биле манипулирани. Според коалицијата, време е оваа пракса конечно да заврши.

Од ВЛЕН посочуваат дека нивниот став отсекогаш бил јасен – потребна е сеопфатна комисија, без селективен пристап и без политички мотиви. Ваква инклузивна комисија, велат од коалицијата, конечно се формира.

Новоформираната комисија ќе ги разгледа сите тешки и чувствителни случаи што со години ја потресуваа државата: трагедиите со „Дурмо Турс“ и „Беса Транс“, пожарот во модуларната болница во Тетово, како и несреќата во Кочани. Само целосен пристап, оценуваат од ВЛЕН, може да ги открие институционалните пропусти што чинеле човечки животи.

Коалицијата очекува комисијата да укаже не само на индивидуалните грешки, туку и на длабоко вкоренетите модели на лошо управување кои овозможиле низа трагедии низ годините. Според ВЛЕН, откривањето на вистината е првиот чекор кон справување со системските слабости и враќање на довербата на граѓаните.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг